[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Франка Раjмонди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франка Раjмонди
Животописни податоци
Роден(а)8 јули 1932(1932-07-08)
Монополи, Бари, Италија
Починал(а)22 април 1990(1990-04-22)[1]
Монополи, Бари, Италија
ЗанимањаПејачка

Франка Раjмонди (италијански: Franca Raimondi; 8 јули 1932 - 22 април 1990) ― италијанска пејачка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родена во Монополи, покраина Бари, Апулија, Рајмонди студирала оперско пеење и странски јазици.[2] Во 1956 година, Рајмонди била меѓу победниците на натпреварот за нови гласови на RAI и добила шанса да настапи на изданието на Музичкиот фестивал Санремо во 1956 година, кое на крајот го освоила со песната „Aprite le finestre“.[2] Истата година таа ја претставувала Италија на првата Евровизија со истата песна,[2] заедно со Тонина Ториели со „Amami se vuoi“.

Помеѓу 1956 и 1958 година Рајмонди била водечки вокал во оркестарот „Џан Стелари“.[2] Во 1960 година се пријавила да се натпреварува на Фестивалот „Наполи“ со „Canzone all'antica“ („Песна во стар стил“).[2] Во подоцнежните години таа ги забавила своите активности, насочувајќи си ја својата кариера на настапи во живо.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Franca Raimondi's Facebook account (29 октомври 2021). "La lapide in ricordo di Franca Raimondi in Monopoli". Соопштение за печат.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Eddy Anselmi (2009). „Franca Raimondi“. Festival di Sanremo: almanacco illustrato della canzone italiana (италијански). Panini Comics. ISBN 8863462291.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Претходник
нема
Италија на Евровизија
1956 (со Тонина Ториели)
Наследник
Нунцјо Гало
со Corde della mia chitarra