[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Семејство (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фамилија (биологија))
Разните нивоа на системот на научна класификација.ЖивотДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид
Разните нивоа на системот на научна класификација.

Зголеми
Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Семејство (или фамилија) — таксономски ранг во биолошката класификација на организмите и таксон. Други застапени рангови се животот (живиот свет), доменот, царството, коленото, класата, редот, родот и видот. Семејството е сместено помеѓу редот и родот и има свој подранг, наречен потсемејство и свој надранг, наречен натсемејство.

На пример, оревот и хикоријата припаѓаат на семејството оревоцветни (Juglandaceae).

Определувањето на членовите на фамилиите е работа на таксономите. Честопати се поставува прашањето дали воопшто да се признае некоја семејство. Во голем број случаи таксономите не го делат истото мислење. Бидејќи не постојат строго утврдени правила што мора да се следат при опишувањето или признавањето на фамилиите, некои таксони се признаени насекаде, додека пак други наоѓаат поддршка мошне ретко.

Фамилиите се корисни во еволутивните, палеонтолошките и родовите изучувања бидејќи се постабилни од нижите таксони како родот и видот.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Sarda Sahney, Michael J. Benton & Paul A. Ferry (2010). „Links between global taxonomic diversity, ecological diversity and the expansion of vertebrates on land“ (PDF). Biology Letters. 6 (4): 544–547. doi:10.1098/rsbl.2009.1024. PMC 2936204. PMID 20106856.
  2. Sarda Sahney & Michael J. Benton (2008). „Recovery from the most profound mass extinction of all time“ (PDF). Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences. 275 (1636): 759–765. doi:10.1098/rspb.2007.1370. PMC 2596898. PMID 18198148.