Факс (латински: fac simile, направи слично) е праќање и прием на печатени податоци на лист хартија меѓу две оддалечени места со помош на телекомуникациски врски. Факс се изведува со факс машина што ги скенира податоците печатени на хартија и ги претвора во кодови што можат да се праќаат преку телефонските врски. Факс машината од другата страна на линијата врши обратна операција: повторно ги враќа кодовите во првобитната форма со што се добива верна копија на оригиналот.