[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Финале на Светското првенство во фудбал 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
Финале на СП 2022
ПрвенствоСветско првенство 2022
По продолженија
Аргентина победила со 4–2 на пенали
Датум18 декември 2022 (2022-12-18)
СтадионЛусаил Ајконик, Лусаил
Играч на
натпреварот
Аргентина Лионел Меси
СудијаПолска Шимон Марцињак
Гледачи88.966
2018
2026

Финалето на Светското првенство во фудбал 2022 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство 2022 година. Ова било 22-ро финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кои се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на стадинот Лусаил Ајконик во Лусаил на 18 декември 2022 година.

Во финалето играле репрезентациите на Аргентина и Франција, а главен судија бил Шимон Марцињак од Полска.

Аргентина повела со 2-0 со головите на Лионел Меси од пенал и на Анхел Ди Марија и тоа бил резултатот на полувремето. Иако изгледале немоќно во поголемиот дел од натпреварот, бранителите на титулата се вратиле со два гола за помалку од две минути реализирани од Килијан Мбапе и натпреварот во регуларните 90 минути завршил нерешено 2-2 по што се играле продолженија. Во нив, Аргентина со уште еден гол на Меси повела со 3-2, но со хет-трикот на Мбапе, Франција изедначила на 3-3. По изведувањето на пенали, подобри биле аргентинците и победиле со 4-2.

Аргентина ја освоила својата трета титула на Светските првенства, станувајќи шампион за првпат по Светското првенство во 1986 година.

Стадионот Лусаил Ајконик.

Финалето се одиграло на стадионот Лусаил Ајконик во Лусаил, сместен околу 15 километри северно од центарот на градот Доха.[1] Стадионот бил предвиден да биде домаќин на финалето уште за време на кандидатурата на Катар за организација на Светското првенство,[2] а тоа било потврдено на 15 јули 2020 година.[3] Стадионот претходно бил одреден да биде домаќин на девет други натпревари, од кои шест во групната фаза и три други нокаут натпревари.[4]

Стадионот Лусаил, во сопственост на Фудбалскиот сојуз на Катар, бил изграден како дел од победничката кандидатура на Катар за Светското првенство. Стадионот бил дизајниран од британската фирма Foster + Partners и Populous,[5] поддржано од MANICA Architecture.[6] Стадионот се лади со помош на сончева енергија и се тврди дека има јаглерод нула.[7] Изградбата започнала во април 2017 година,[8] и било планирано да заврши во 2020 година. Завршувањето на стадионот сепак било одложено, за изградбата на крајот да заврши во ноември 2021 година.[9] Стадионот првпат бил домаќин на некој фудбалски натпревар, во Суперкупот на Лусаил, одигран на 9 септември 2022 година.[10]

Патот до финалето

[уреди | уреди извор]
Аргентина Рунда Хрватска
Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат
 Саудиска Арабија 1–2 Натпревар 1  Австралија 4–1
 Мексико 2–0 Натпревар 2  Данска 2–1
 Полска 2–0 Натпревар 3  Тунис 0–1
Победник на Група Ц
Табела на групата Ц Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Аргентина 3 2 0 1 5 2 +3 6
2.  Полска 3 1 1 1 2 2 0 4
3.  Мексико 3 1 1 1 2 3 −1 4
4.  Саудиска Арабија 3 1 0 2 3 5 −2 3
Завршен поредок Победник на Група Д
Табела на групата Д Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.  Франција 3 2 0 1 6 3 +3 6
2.  Австралија 3 2 0 1 3 4 −1 6
3.  Тунис 3 1 1 1 1 1 0 4
4.  Данска 3 0 1 2 1 3 −2 1
Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат
 Австралија 2–1 Осминафинале  Полска 3–1
 Холандија 2–2 (прод.) (4–3 п) Четвртфинале  Англија 2–1
 Хрватска 3–0 Полуфинале  Мароко 2–0

Натпреварот

[уреди | уреди извор]
18 декември 2022 Аргентина  3–3 (прод.)
(4–2 пен.)
 Франција Лусаил
18:00
Историја на досегашните натпревари
Аргентина - Франција
Извештај
Стадион: Лусаил Ајконик
Гледачи: 88.966
Судија: Полска Шимон Марцињак
    Пенали
 
Аргентина
Франција
GK 23 Емилијано Мартинес добил жолт картон во 120+5-тата минута 120+5'
RB 26 Науел Молина заменет 91'
CB 13 Кристијан Ромеро
CB 19 Николас Отаменди
LB 3 Николас Талјафико заменет 120+1'
DM 24 Енцо Фернандес добил жолт картон во 45+7-тата минута 45+7'
CM 7 Родриго Де Паул заменет 102'
CM 20 Алексис Макалистер заменет 116'
RF 10 Лионел Меси
CF 9 Хулијан Алварес заменет 102'
LF 11 Анхел Ди Марија заменет 64'
Замени:
MF 8 Маркос Акуња добил жолт картон во 90+8-тата минута 90+8' влегол во игра 64'
DF 4 Гонсало Монтиел добил жолт картон во 116-тата минута 116' влегол во игра 91'
MF 5 Леандро Паредес добил жолт картон во 114-тата минута 114' влегол во игра 102'
FW 22 Лаутаро Мартинес влегол во игра 102'
DF 6 Херман Пецелја влегол во игра 116'
FW 21 Пауло Дибала влегол во игра 120+1'
Селектор:
Лионел Скалони
GK 1 Иго Лорис
RB 5 Жул Кунде заменет 120+1'
CB 4 Рафаел Варан заменет 113'
CB 18 Дајот Упамекано
LB 22 Тео Ернандес заменет 71'
CM 8 Орелиен Чуамени
CM 14 Адријан Рабио добил жолт картон во 55-тата минута 55' заменет 96'
RW 11 Усман Дембеле заменет 41'
AM 7 Антоан Гризман заменет 71'
LW 10 Килијан Мбапе
CF 9 Оливје Жиру добил жолт картон во 90+5-тата минута 90+5' заменет 41'
Замени:
FW 12 Рандал Коло Муани влегол во игра 41'
FW 26 Маркус Тирам добил жолт картон во 87-мата минута 87' влегол во игра 41'
FW 20 Кингсли Коман влегол во игра 71'
MF 25 Едуардо Камавинга влегол во игра 71'
MF 13 Јусуф Фофана влегол во игра 96'
DF 24 Ибрахима Конате влегол во игра 113'
DF 3 Аксел Дисаси влегол во игра 120+1'
Селектор:
Дидје Дешан

Играч на натпреварот:
Лионел Меси (Аргентина)[11]

Помошни судии:
Полска Павел Соколницки
Полска Томаш Листкиевич
Четврти судија:
САД Исмаил Елфат
Video assistant referee:
Полска Томаш Квиатковски
Помошни VAR судии:
Венецуела Хуан Сото
САД Кајл Аткинс
Мексико Фернандо Гереро

  1. „Lusail Stadium“. Supreme Committee for Delivery & Legacy. Архивирано од изворникот на 2022-05-04. Посетено на 30 March 2022.
  2. Foster and Partners (6 октомври 2010). "Lusail Iconic Stadium for Qatar 2022 is revealed at Leaders in Football conference in London". Соопштение за печат.
  3. „FIFA World Cup match schedule confirmed: hosts Qatar to kick off 2022 tournament at Al Bayt Stadium“. FIFA. 15 July 2020. Посетено на 30 March 2022.
  4. „FIFA World Cup Qatar 2022 – Match Schedule“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 11 August 2022. Посетено на 11 August 2022.
  5. „Lusail Iconic Stadium – FIFA World Cup Qatar“. e-architect. 7 March 2019. Посетено на 20 January 2022.
  6. „Lusail Iconic Stadium World Cup 2022: Qatar World Cup Stadium“. fifaworldcupnews.com. 23 September 2021. Посетено на 17 February 2022.
  7. „Qatar's Lusail Iconic Stadium for Solar World Cup Stadium“. architecture-view.com. 27 October 2010. Архивирано од изворникот на 16 June 2016. Посетено на 24 February 2022.
  8. „Work starts on Qatar World Cup final stadium at Lusail“. thepeninsulaqatar.com. 12 April 2017. Посетено на 24 February 2022.
  9. Parkes, James (23 November 2021). „Foster + Partners-designed Lusail Stadium among eight completed Qatar World Cup venues“. Dezeen. Посетено на 30 March 2022.
  10. „Photos: Lusail Super Cup tests stadium hosting World Cup final“. aljazeera.com. Посетено на 16 September 2022.
  11. „Argentina and Messi spot on for World Cup glory“. FIFA. 18 December 2022. Посетено на 18 December 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]