[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Претседателски избори во САД (1804)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседателски избори во САД, 1804
САД
1800 ←
2 ноември - 5 декември 1804 → 1808

176 изборни гласови на Избирачкиот колегиум
89 изборни гласови гласови за победа
 
Кандидат Томас Џеферсон Чарлс К. Пинкни
Партија Демократско-републиканска партија Федералистичка партија
Матична држава Вирџинија Јужна Каролина
Потпред. кандидат Џорџ Клинтон Руфус Кинг
Изборнички гласови 162 14
Застапувани држави 15 2
Добиени гласови 104.110 38.919
Удел 72,8% 27,2%

Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Џеферсон, а портокаловата ги означува сојузните држави во кои победил Пинкни. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава.

претседател пред изборите

Томас Џеферсон
Демократско-републиканска партија

Избран за претседател

Томас Џеферсон
Демократско-републиканска партија

Претседателски избори во САД, 1804 — петти претседателски избори во САД. Започнале на петок, 2 ноември и траеле до среда, 5 декември 1804. На овие избори се кандидирал тогашниот демократско-републикански претседател Томас Џеферсон против кандидатот од редовите на федералистичката партија Томас Котсворт Пинкни од Јужна Каролина, херој во Американската војна за независност и поранешен амбасадор во Франција. Џеферсон издвоил голема победа над Пинкни, а Џорџ Клинтон бил избран за потпретседател. Клинтон бил на функцијата потпретседател за време на мандатот на Џеферсон како и за време на мандатот на неговиот наследник, Џејмс Медисон.

Ова биле првите избори коишто се организирале по ратификацијата на XII амандман од уставот на САД кој направил реформи во процедурата за избирање на претседател и потпретседател. Според новите закони од XII амандман, избирачите биле обврзани да го прецизираат нивниот избор за претседател и потпретседател на нивните гласачки ливчиња. Претходно избирачите гласале само за претседател, а кандидатот кој освоил втор најголем број на гласови бил избран за потпретседател.

Победата со разлика од 45,6% на Џеферсон е најголемата постигната разлика во американските претседателски избори во кои имало кандидати на повеќе големи партии. На овие избори Џеферсон станал прв поранешен потпретседател во американската историја што бил избран, а потоа и реизбран претседател, подвиг кој од тогаш се повторил само еднаш од страна на Ричард Никсон во 1968 и 1972 година.

Иако претседателските избори во 1800 биле тесни, Џеферсон со текот на времето се здобил со популарност за време на неговиот мандат. Американската трговија пораснала поради привремениот прекин на борбите за време на француските револуционерни војни во Европа и купувањето на Луизијана биле сметани за големи достигнувања.

Номинации

[уреди | уреди извор]

Номинации на Демократко-републиканската партија

[уреди | уреди извор]

На јавното внатрепартиско гласање на членовите на Демократско-републиканската партија се избрале кандидатите за претседател и потпретседател. За поврорната номинација на Џеферсон немало воопшто никаква дискусија, со тоа ставајќи го акцентот на избирање на кандидатот за потпретседател кој би го заменил Арон Бјур поради неговите скандали. Поради влошувањето на односите помеѓу Бјур и Џеферсон, Бјур најверојатно би бил отстранет од кандидатската листа, но по неговиот двобој со Хамилтон дефинитивно исчезнала секоја надеж за негова повторна номинација. Наместо Бјур, кандидат за потпретседател бил избран Џорџ Клинтон.

Кандидати за претседател

[уреди | уреди извор]

Кандидати за потпретседател

[уреди | уреди извор]
Кандидат за претседател Вкупно Кандидат за потпретседател Вкупно
Томас Џеферсон 108 Џорџ Клинтон 67
Џон Брекинриџ 20
Леви Линколн 9
Џон Ленгдон 7
Гидеон Грејнџер 4
Вилијам Меклеј 1

Номинација на федералистичката партија

[уреди | уреди извор]

Федералистите го одбрале Пинкни и поранешниот сенатор Руфус Кинг од Њујорк како противници на Џеферсон и Клинтон.

Кандидат за претседател

[уреди | уреди извор]

Кандидат за потпретседател

[уреди | уреди извор]

Резултати

[уреди | уреди извор]
Изборните резултати прикажани по округ кој го покажуваат процентот на победничкиот кандидат по округ.
Нијансите на сина боја - Џеферсон (Д-Р)
Нијансите на жолта боја - Пинкни (Ф)
Кандидат Партија Гласови Изборни гласови
Бр. на гласови Процент
Томас Џеферсон Демократско-републиканска партија 104.110 72,8 % 162
Чарлс К. Пинкни Федералистичка партија 38.919 27,2 % 14
Gesamt 143.029 100 % 176

Извори (народно гласање):
U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 10, 2006).
A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[1]
Извор (изборни гласови): "Electoral College Box Scores 1789–1996"

  1. A New Nation Votes. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2017-01-01.