Пном Пен
Пном Пен ភ្នំពេញ | |
---|---|
City | |
Прекар(и): „Бисер на Азија“ | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Cambodia" does not existМестоположба на Пном Пен во Камбоџа. | |
Координати: 11°33′N 104°55′E / 11.550° СГШ; 104.917° ИГД | |
Држава | Камбоџа |
Покраина | Пном Пен |
Населен | 1372 |
Прогласен за гл. град | 1865 |
Поделба | Список
|
Управа | |
• Вид | Општина |
• Грдаоначалник и гувернер | Кеб Читема |
• Заменик гувернер | Тан Сина, Мап Сарин, Сенг Тонг |
Површина | |
• Вкупна | 758 км2 (293 ми2) |
Надм. вис. | 11,89 м |
Население (мај 2009)[1] | |
• Вкупно | 2,000,064 |
• Густина | 2,600/км2 (6,800/ми2) |
Демоним | Пномпенец |
Час. појас | Камбоџа (UTC+7) |
Повик. бр. | +855 (023) |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Пном Пен (кмерски: ភ្នំពេញ, официјална транскрипција: Phnum Pénh; изговор [pʰnum pɯɲ]) е главен град на Камбоџа и центар на општина Пном Пен. Тој е економски, индустриски, комерцијален, културен, туристички и историски центар.
Во 1920-те градот бил познат како „Бисер на Азија“ и е главно туристичко одредиште во Камбоџа и за странски посетители. Градот е мешавина на традиционалната кмерска архитектура и влијание на француската архитектура.
Градот е најбогат и најнаселен град во Камбоџа со население од околу еден милион жители.
Географија
Пном Пен се наоѓа во јужниот дел на Камбоџа и е опколен од покраината Кандал. Општината Пном Пен се наоѓа на бреговите на реките Понче Сап, Меконг и Басак. Овие реки се големи извори на свежа и питка вода, но има и останати природни ресурси во градот и околината. Градот и околината се наоѓаат во регион кој е составен од тропски влажани предели. Пном Пен се наоѓа на надморска височина од околу 11.89 метри што е голем проблем за безбедноста на градот во поглед на природни катастрофи како што се монсунските поплави. Само градското подрачје зафаќа површина од околу 375 квадратни метри каде живеат околу 2.000.064 жители.
Демографија
Во 2008 година, Пном Пен имал население од околу 2.009.264 жители со густина на население од околу 5.358 жители на метар квадратен. Процентот на растот на населението на Пном Пен е проценето на околу 3.92 %.
Пном Пен е претежно населен од етнички Кмери кои сочинуваат околу 90% од вкупното население на градот. Покрај нив, има значително кинеско и виетнамски малцинство, но може да се забележат и останати помалубројни малцински заедници. Како и во цела Камбоџа, така и во Пном Пен, населението воглавно е будистичко, односно 90% од вкупното население на Пном Пен се будисти. Во последните години се забележува и мало зголемување на христијанското и исламското население. На национално и официјално ниво доминира кмерскиот јазик, кој е најмногу зборуван јазик во државата и градот. Покрај него, во добар дел се зборуваат и францускиот и англискиот јазик.
Збратимени градови
Пном Пен е збратимен со следните градови:
Наводи
- ↑ Cambodian 2008 census preliminary results, Statistics Japan 2-6, Tables 2.2-2.6
Користена литература
- Igout, Michel; Dubuisson, Serge (1993). Phnom Penh Then and Now. Bangkok: White Lotus. ISBN 9789748495842. OCLC 29795478.
- LeBoutillier, Kris; Ariff, Shahida (2004). Journey Through Phnom Penh: A Pictorial Guide to the Jewel of Cambodia. Singapore: Times Editions. ISBN 9789812325969. OCLC 55501046.
- Leroy, Joakim; Hoskin, John (2005). AZU's Dreams of Cambodia. Phnom Penh. Hong Kong: AZU Editions Ltd. ISBN 9789889814021. OCLC 62328690.
Поврзано
Надворешни врски
„Пном Пен“ на Ризницата ? |
- Официјални
- Пном Пен на владиниот кмерски портал Архивирано на 14 август 2007 г.
- Профил на Пном Пен Архивирано на 26 март 2009 г.
- Мултимедија
- Други
Википатување има туристички водич за Phnom Penh. - Карта за Пном Пен Архивирано на 28 јули 2010 г.
- How To Cambodia
- Карти
- Карта на Пном Пен Архивирано на 9 септември 2008 г.
- Ралф Бонт: Во земјата на импотенцијата Архивирано на 18 октомври 2010 г.
Зависните територии и делумноте признаени земји се закосениСеверна Азија Јужна Азија Југоисточна Азија Западна Азија Средна Азија- Ашхабат, Туркменистан
- Бишкек, Киргистан
- Душанбе, Таџикистан
- Нур-Султан, Казахстан
- Ташкент, Узбекистан
Источна Азија- Ереван, Ерменија
- Левкозија, Кипар
- Мускат, Оман
- Рамала, Палестина (дефакто) *
- Ријад, Саудиска Арабија
- Сана, Јемен
- Северна Левкозија, Северен Кипар
- Степанакерт, Арцах
- Сухуми, Абхазија
- Тбилиси, Грузија
- Техеран, Иран
- Цхинвал, Јужна Осетија
* Статусот е предмет на спор.Нормативна контрола