Планетарна геологија (астрогеологија или егзогеологија) — гранка на планетологијата што се занимава со геологијата на небесни тела како планетите и нивните месечини, астероидите, кометите и метеоритите. Иако претставката „гео-“ во сложенките ја означува Земјата[1], оваа наука ја користи од историски и практични причини. Покрај тоа, научните практики на другите небесни тела се мошне слични со оние на земската геологија.
Планетарната геологија има за задача да го утврди внатрешниот состав на земјовидните планети, го проучува планетарниот вулканизам и појавите и процесите на површината како ударните кратери, флувијалните и еолските образби. Се проучува и составот на џиновските планети и нивните месечини, како и составот на малите небесни тела во сончевиот Систем како астероидте, Кајперовиот Појас и кометите.