[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Паул Бидерман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паул Бидерман
220px}}
Лични информации
Целосно имеПол Бидерман
Националност Германија
Роден на7 август 1986(1986-08-07)(38 г.)
Роден воХале, Германија
Висина&100000000000001930000001,93 м
Тежина93 kg (205 lb)
Спорт
ДисциплиниКраул
КлубПК Хале

Паул Бидерман (роден 7 август 1986) е германски пливач од Хале и актуелен светски рекордер на 200 и 400 метри краул на долг курс. Тој исто така ги држи рекордите на краток и долг курс во овие дисциплини

Бидерман го освоил златото во дисциплината 200 м краул на долг курс на Европското првенство 2008, завршувајќи ја трката со време од 1:46.59 секунди.

Со испливаните времиња на 400 м краул (3:47.69) и 200 м краул (1:46.37) Бидерман успеал да се квалификува за Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. На Олимписките игри, тој завршил 5-ти во финалето од дисциплината 200 м краул (1:46.00) и 17-ти во вкупниот пласман на 400 м краул (3:48.03).

Светски првенства 2009 и 2010

[уреди | уреди извор]

На 26 јули 2009, Бидерман го освоил златото во финалето на 400 м краул на Светското првенство 2009 престигнувајќи го шампионот на 1500м Усама Мелули во последните 50 метри, со време од 3:40.07, поставувајќи нов светски рекорд победувајќи го времето на Ијан Торп од 2002 за само една стотинка.[1]

На 26 јули, тој го освоил своето второ злато на 200 м краул, победувајќи го Мајкл Фелпс со нов светски рекорд од 1:42.00 секунди и подобрувајќи го своето најдобро време за повеќе од 4 секунди.[2]

На Светското првенство 2010 на краток курс, Бидерман го освоил златото на 400м краул, победувајќи го Усама Мелули во трка која повторно наликувала на трката од претходната година. Во дисциплината 200м краул, иако го држел светскиот рекорд, на крајот сепак завршил само 5-ти. Тој бил за една секунда послаб од Рајан Лохте.

Светско првенство 2011

[уреди | уреди извор]

Бидерман ги собрал бронзените медали во дисциплините 200м краул, 400м краул и во штафетата 4x100м мешано, како и завршил 4-ти во штафетата 4х200м краул заедно со германскиот пливачки тим. Тој загубил од Мајкл Фелпс во дисциплината 200м краул за само 0.09 секунди, но затоа во финалето на штафетата 4х200м краул неговото време било за 0.33 секунди подобро од времето на Фелпс, усогласувајќи го нивното соперништво на 3-3 во големите финалиња.

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]
  • 200 м краул: 1:42.00 (28 јули 2009)
  • 400 м краул: 3:40.07 (26 јули 2009)
  1. Медоус, Марк (2009-07-26). „Biedermann smashes 400 freestyle world record“. Ројтерс. Посетено на 2009-07-28.
  2. „Brilliant Biedermann beats Phelps“. ББС Спорт. 2009-07-28. Посетено на 2009-07-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Рекорди
Претходник
Австралија Ијан Торп
200м краул
светски рекорд (краток курс)

15 ноември 2008 – сега
Наследник
Актуелен
Претходник
Австралија Ијан Торп
400м краул
светски рекорд (долг курс)

26 јули 2009 – сега
Наследник
Актуелен
Претходник
САД Мајкл Фелпс
200м краул
светски рекорд (долг курс)

28 јули 2009 – сега
Наследник
Актуелен
Претходник
Австралија Грант Хакет
400м краул
светски рекорд (краток курс)

24 ноември 2009 – сега
Наследник
Актуелен
Награди
Претходник
Франција Алан Бернард
Европски пливач на годината
2009
Наследник
Камил Лакурт
Претходник
Германија Матијас Штајнер
Германски спортист на годината
2009
Наследник
Себастијан Фетел