[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Пичи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пичи

Пичи е густа, рачно валана тестенина, како масни шпагети. Потекнува од провинцијата Сиена во Тоскана, а, во областа Монталчино се нарекуваат и пинчи.

Тестото обично се прави само од брашно и вода. Додавањето јајце е опционално, одредено од семејните традиции. Алтернативно, наместо вода може да се користи ситно сечкан или рендан спанаќ.

Тестото се расукува во густ рамен лист, па се сече на ленти. Во некои семејства, лентата од тестото се тркала меѓу едната дланка и масата, додека другата рака се завиткува со остатокот од лентата. Може да се формира и со тркалање на лентата меѓу дланките. Секој метод формира густа тестенина, малку потенка од обичен молив. За разлика од шпагетите или макароните, оваа паста не е униформна по големина и има варијации на дебелината по должината.

Се јаде со разновидна храна.