Никој и ништо во Париз и Лондон
Автор | Џорџ Орвел |
---|---|
Земја | Велика Британија |
Јазик | англиски |
Жанр | мемоар[1] |
Издавач | Виктор Голанц (Лондон) |
Издадена | 9 јануари 1933 |
Медиум | печатено |
Страници | 230 |
ISBN | 015626224X |
OCLC | 6082214 |
Следна | Бурмански денови |
„Никој и ништо во Париз и Лондон“ (англиски: Down and Out in Paris and London) е роман на англискиот писател Џорџ Орвел. Романот е всушност мемоар[2] кој е издаден во 1933 година и е составен од два дела обработувајќи ја темата сиромаштија во овие два европски града. Целната публика на романот била средната и богатата класа во државите - оние кои најчесто биле добро образовани во тој период. Првиот дел обработува тема на екстремна сиромаштија во францускиот главен град и искуствата на протагонистот при работа во хотел. Вториот дел е еден вид дневник/ запис за талкањата во сиромашен Лондон, прерскажан од поглед на еден бездомник (истиот протагонист кој е и во Париз).
Фактографија
[уреди | уреди извор]Една од дебатите околу романот е дали станува збор за парче реална автобиографија или фантастика. Орвел напишал во Воведот во француското издание од 1935 година: „Мислам дека можам да кажам дека не претерав ништо, освен во она што сите писатели претеруваат при избирањето. Не чувствував дека морав да ги опишам настаните во точниот редослед по кој тие се случиле, но сè што опишав се случило во едно или друго време“. Во Поглавјето XXIV, „јасно е дека Орвел ги искривувал фактите тврдејќи дека при враќањето од Париз се нашол во безизлезна состојба во Лондон и немал „најмала идеја за тоа како да се најде евтин кревет“. Ова секако ја зголемува напнатоста [...] но вистината е дека во Париз тој веќе го напиша лсвојот прв есеј „Клинец“, опишувајќи ја ноќта помината во хостелот за скитници во Нотинг Хил. Пред неговото заминување од Англија тој доброволно живеел меѓу скитници некое време“.[3]
Реакции
[уреди | уреди извор]Еден месец по објавувањето на книгата, Хамберт Посенти, „сопственик на ресторан и хотелиер со четириесет години искуство“, испратил допис до „Тајмс“ жалејќи се дека книгата е неправедно омаловажувачка за угостителската индустрија.[4] Литературниот додаток на Тајмс претходно дал преглед на книгата, опишувајќи ја како „живописна слика за очигледно луд свет“.[5] Орвел одговорил на критиките на ресторанот со писмо до истиот весник: „Јас знам дека во нашиот хотел имало места кои на ниеден клиент не смеело да им биде дозволено да ги види со каква било надеж дека ќе го задржи својот обичај.“[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Penguin Classics 2001, back page description
- ↑ Back cover description, Down and Out in Paris and London, Penguin Classics, 2001 ISBN 978-0141184388
- ↑ Introduction, Penguin Classics 2001 edition, pp. xiii–xiv
- ↑ Possenti, Humbert. "Hotel Kitchens." The Times, 31 January 1933: 6.
- ↑ Google Books Scott Lucas, Orwell (2003) Haus Publishing, ISBN 1904341330, 978-1904341338
- ↑ Orwell, George. "Hotel Kitchens." The Times, 11 February 1933: 6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Никој и ништо во Париз и Лондон“
- „Никој и ништо во Париз и Лондон“ Архивирано на 21 април 2021 г. на Британската библиотека
- „Никој и ништо во Париз и Лондон“ на Project Gutenberg Australia
- „Никој и ништо во Париз и Лондон“ на george-orwell.org