Мушмула
Мушмула | |
---|---|
Мушмулини плодови и лисја | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Потсемејство: | Јаткари |
Род: | Мушмула Боск од Шпах |
Видови | |
Стернова мушмула (Mespilus canescens) |
Мушмула (науч. Mespilus) е род од два вида скриеносеменици во потсемејството јаткасто овошје на фамилијата Рози. Еден вид е Обичната мушмула Mespilus germanica, е долго познат и по потекло е од Азија и веројатно Балканскиот Полуостров, додека пак другиот е Стернова мушмула Mespilus canescens, откриен неодамна (1990) во Северна Америка.
Мушмулите се листопадни растенија во облик на големи грмушки или мали дрва кои растат до 8 м во височина. Листовите се елиптични и темнозелени, со должина од 6 до 15 см и широчина од 3-4 см. Пед да паднат на есен, лисјата стануваат спектакуларно црвени. Цвета доцна на пролет со бели цветови со пет ливчиња. Овошјето му е плод со пречник од 2-3 см, со силни, раширени венчени ливчиња кои оддават впечаток дека овошјето е шупливо.
Овошјето на мушмулата е многу тврдо и кисело. Станува јадливо одкога ќе омекне на мразот, или природно со складирање доволно долго време. Одкога ќе почне да омекнува, кожата набргу му се набира и потемнува и внатрешнбоста му станува прилично мека. Можат да се јаде пресно, или од него да се прави мармалад, желе и вино. Друго јадење е т.н. „мушмулино сирење“, кое се засирува со самата мушмула, а содржи и јајца и путер.
Мушмулата бил домашен вид во Персија и има долга историја на одгледување и кај Старите Грци и Римјани почнувајќи од II век н.е.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Davidson, A. (1999). Medlar, стр. 494 од The Oxford Companion to Food. ISBN 0-19-211579-0