[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Макото Оока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златен венец Макото Оока
Поглед на музејот Оока Макото Котоба
Изворно име大岡 信
Роден/афевруари 16, 1931(1931-02-16)
Мишима, Јапонија
Починат/а5 април 2017(2017-04-05) (возр. 86)
Занимањепоет и литературен критичар
НационалностЈапонец
Книжевно движењеРенши
Значајни делаЈапонецот и Планината Фуџи, Ута но саиџики, Игра на огледала: Осум големи поети на современата Јапонија
Значајни наградиКултурна награда на Општина Токио, Награда за поезија и критика на Јапонската академија, Златен венец на Струшките вечери на поезијата

Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) (16 февруари 1931 во Мишима5 април 2017)[1] — најзначаен современ јапонски поет[2] и литературен критичар.

Бил меѓу првите во колаборативната поетична форма ренши во 1990-тите,[3][4] во која соработувал со добро познати поети како Чарлс Томлинсон, Џејмс Ласдун, Џозеф Стентон, Шунтаро Таникава и Микиро Сасаки.[5]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Оока студирал до 1953 година јапонска книжевност на Токискиот универзитет. Потоа, работел десет години за весникот „Јомиури Шимбун“. Во 1965 година започнал да предава на Универзитетот Меиџи и од 1970 година станал професор. Од 1988 до 1994 година бил професор на Високата школа за уметност во Токио. Од 1979 до 1981 година бил предводник на Јапонското здружение за современа поезија и од 1989 до 1994 на ПЕН-центарот Јапонија.

Неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот. Има напишано стотина театарски дела, радио и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи.[2]

Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1996 година.[2]

  • 1993: Културна награда на Општина Токио
  • 1993: Officier de l'Ordre des Arts et des Lettres (Франција)
  • 1995: Награда за поезија и критика на Јапонската академија на уметностите
  • 1996: Награда Асахи
  • 1996: Златен венец на Струшките вечери на поезијата
  • 1997: Награда за културно достигнување
  • 2002: Награда на Фондација Јапонија
  1. Welcome to Japanese Poetry Архивирано на 15 мај 2018 г., Poetry International, 2006
  2. 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Онишченко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1076. Text "series " ignored (help)
  3. Profile of Makoto Ooka Архивирано на 6 јануари 2013 г.
  4. Innovative Japan poet bags Japan Foundation prize
  5. Tomlinson, Charles, Makoto Ooka, James Lasdun, Hiroshi Kawasaki and Mikiro Sasaki. An extract from Departing Swallows, in Journal of Renga & Renku, issue 2, 2012. p162