[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Лама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија е посветена на вид животно. За духовниот водач, видете Лама (будизам).
Лама
Лама како лежи
припитомен
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Камили
Род: Лама
Вид: L. glama
Научен назив
Lama glama
(Линеј 1758)
Распространетост на питомата лама и алпака.[1]

Лама (науч. Lama glama) — домашно животно од Јужна Америка од семејството на камилите. Народите на Андите ја одгледуваат уште од најстари времиња за месото и поради нејзината полезност како товарно животно.

Возрасните единки се високи од 1,7-1,8 м (до темето) и тежат околу 130-200 кг. Кога ќе се роди, младенчето (наречено „крија“) тежи 9-14 кг. Ламата има животен век од 20–30 години, зависно од квалитетот на животот. Ова е мошне друштвено животно и живее во стада. Волната ѝ е мека и нема ланолин. Животното е прилично интелигентно, и учи прости задачи по неколку повторувања. Ако е натоварена со самар, ламата може да носи околу 25% до 30% од сопствената тежина долж 8-12 км.[2]

Поимот „лама“ потекнува од кечуанскиот јазик, а потоа влегол во шпанскиот како llama.[3]

Ламите потекнуваат од централните рамници на Северна Америка пред околу 40 милиони години. Во Јужна Америка се преселиле пред 3 милиони години. Кон крајот на последното ледено време (пред 10.000–12.000 години), сите видови од семејството на камилите во Северна Америка изумреле.[2] Денес во Јужна Америка има 7 милиони лами и алпаки. Кон крајот на XX век, овие животни се донесени и во САД и Канада, каде денес има 158.000 лами и 100.000 алпаки.[4]

Размножување

[уреди | уреди извор]

Овие животни имаат необичен циклус на размножување за нивната физичка големина. Женките овулираат со поттик. За време на парењето, женката испушта јајце-клетка и честопати се оплодува од прв обид. Женките исто така немаат еструс (промени во периодот на парење).[5]

Како и кај луѓето, мажјаците и женките полово созреваат на различна возраст. Женките достигнуваат пубертет на 12 месеци, а мажјаците дури на возраст од 3 години.[6]

Ламите се парат во легната положба, што е необично за големо животно. Процесот трае подолго (20–45 минути), што е исто така необично за големите животни.

Бременост трае 11½ месеци (350 дена). Мајката не го лиже новороденчето, туку го трие со муцката и му хука. Ова се случува поради тоа што јазикот на ламата се издава само 0,5 см од устата.[7]

Овие животни имаат прилично голем избор на храна. Младите јадат похранлива храна поради помалиот капацитет на обработка на хранливите состојки [8]

Поведение

[уреди | уреди извор]
Насамарена лама во Карпестите Планини во САД.

Ако се одгледа исправно, ламата е дружељубива и пријатна. По природа е многу љубопитна и без проблем приоѓа на непознати луѓе. Меѓутоа, доколку во раната младост се навикне на пречеста дружба и хранење од шише, тогаш ламата се научува да ги гледа луѓето исто како другите лами и затоа многу тешко се контролира. Така доаѓа до епизоди на плукање, клоцање и борење со вратот. Ова е нормално во природната друштвена средина на ламите, бидејќи претставува начин на регулација на поредокот и статусот на единката.

Кога се уплашени или налутени, ламите мљацкаат со устата и ги спуштаат ушите наназад.

Ламите се користат и како чувари на овци бидејќи се мошне агилни и лесно воспоставуваат врска со стадото како нивен претпоставен.[9]

Во Македонија, група од машки и женски единки може да се видат во зоолошката градина во Скопје,[10] како и по разните фарми во земјата што ги одгледуваат.

Историја на припитомување

[уреди | уреди извор]

Прединковски култури

[уреди | уреди извор]
Фигура на човек со лама (100–300 г.) од културата Моче.

Изучителот Алекс Чепстоу-Ласти тврдел дека преминот од начин на живот на ловци-собирачи во широко распространето земјоделство бил возможен само поради употребата на измет од лама како ѓубриво.[11]

Народот Моче често погребувал лами заедно со големците, за да го снабдат покојникот за задгробниот живот.[12] На керамичките статуетки од претколумбовскиот период на Перу, ламите се при прикажани мошне реалистично.

Инковска Империја

[уреди | уреди извор]

Инките ги користеле како единствено товарно животно, а потчинетите народи во царството имале долга традиција на нивно одгледување. Кај благородниците, ламата имала симболично значење и затоа биле погребувани со статуетки на лами.[13] Во Јужна Америка, ламата и денес е товарно животно, но се одгледува и поради волната и месото.[14]

Божеството на Инките, Уркучилај било прикажано во облик на разнобојна лама.[15]

Карл Трол тврдел дека големиот број лами пронајдени во јужните перуански висорамнини биле важен фактор за подемот на Империјата на Инките.[16] Вреди да се разгледа максималниот обем на Империјата на Инките приближно се совпадна со најголемата распространетост на алпаки и лами во предхиспанското Америка.[17] Врската помеѓу андовите биови на пуна и парамо, ламовото одгледување и инковата држава е прашање на истражување.[18]

Шпанска Империја

[уреди | уреди извор]

Во времето на освојувањата, Шпанците користеле лами за пренесување на руда од рудниците во планинските предели.[19] Само рудниците во Потоси користеле 300.000 лами за пренос на ископаната руда. Со донесувањето на коњот, магарето и мазгата, важноста на ламата како товарно животно драстично се намалила.[20]

Според Хуан Игнасио Молина, холандскиот капетан Јорис ван Спилберген забележал употреба на чилиуеки (можеби врста на лама) од страна на домородните Мапучи на островот Моча како животни за орање во 1614 година.[21]

Во денешно Чиле, населението на уеките опаднало кон истребување во 16 и 17 век, заменувајќи ги со европски добиток.[22] Причините за нејзиното истребување не се јасни[22] но познато е дека воведувањето овци предизвика одредена конкуренција меѓу двата домашни видови.[23] Анегдотски докази за средината на 17 век покажуваат дека и двата вида взаемно постоеле, но предложуваат дека има многу повеќе овци отколку уеки.[23] Падот на уеките достигнал точка кон крајот на 18 век кога само Мапучите од Марикина и Уекен до Ангол го одгледувале животното.[23]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Daniel W. Gade, Nature and culture in the Andes, Madison, University of Wisconsin Press, 1999, стр. 104
  2. 2,0 2,1 „Лама“. Државен универзитет на Оклахома. 25 јуни 2007. (англиски)
  3. Oxford English Dictionary, II изд, "llama"
  4. South Central Llama Association (22 јануари 2009). „Llama Facts“.
  5. Greta Stamberg and Derek Wilson (12 април 2007). „Induced Ovulation“. Llamapaedia. Архивирано од изворникот на 2007-04-12. Посетено на 2012-06-22.
  6. L. W. Johnson (17 април 2007). „Llama reproduction“. College of Veterinary Medicine and Biomedical Sciences, Државен универзитет на Колорадо, Форт Колинс. National Library of Medicine and the National Institutes of Health.
  7. „The llama reproductive cycle“. LlamaWeb. 17 април 2007. Архивирано од изворникот на 2007-03-03. Посетено на 2012-06-22.
  8. Randy Sell (17 април 2007). „Llama“. Department of Agricultural Economics, Државен универзитет на Северна Дакота. Архивирано од изворникот на 2008-01-25. Посетено на 2012-06-22.
  9. „Guard Llamas: An Alternative for Effective Predator Management“. Архивирано од изворникот на 2014-05-17. Посетено на 2012-06-22.
  10. Лама - Зоолошка градина Скопје[мртва врска]
  11. Anning, Caroline. (22 мај 2011) BBC News – Inca success in Peruvian Andes 'thanks to llama dung'. BBC.co.uk. Посетено на 20 април 2021.
  12. Berrin, Katherine & Larco Museum. The Spirit of Ancient Peru:Treasures from the Museo Arqueológico Rafael Larco Herrera. New York: Thames & Hudson, 1997 ISBN 0-500-01802-2.
  13. „Little Llamas“. Inca culture. 10 октомври 2006.
  14. Jean Larson, Judith Ho (25 јуни 2007). „Information Resources on the South American Camelids: Llamas, Alpacas, Guanacos, and Vicunas 1943–2006“. Архивирано од изворникот на 2014-05-02. Посетено на 2012-06-22. Недостасува |author1= (help)
  15. D'Altroy, Terence N. (2002). „The Inca Pantheon“. The Incas. The People of America. Оксфорд: Blackwell Publishing. стр. 149. ISBN 978-0-631-17677-0.
  16. Gade, Daniel (2016). „Urubamba Verticality: Reflections on Crops and Diseases“. Spell of the Urubamba: Anthropogeographical Essays on an Andean Valley in Space and Time. стр. 86. ISBN 978-3-319-20849-7.
  17. Hardoy, Jorge Henríque (1973). Pre-Columbian Cities. стр. 24. ISBN 978-0802703804.
  18. Gade, Daniel W. (1996). „Carl Troll on Nature and Culture in the Andes (Carl Troll über die Natur und Kultur in den Anden)“. Erdkunde. 50 (4): 301–316. doi:10.3112/erdkunde.1996.04.02.
  19. Jared Diamond (12 април 2007). „Guns, Germs & Steel. The Show: Episode Two“. PBS.
  20. Jared Diamond (12 ааприл 2007). „Guns, Germs & Steel. The story of ... Llamas“. PBS. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  21. Juan Bautista Ignacio Molina (1808). The geographical, natural and civil history of Chili, tr. by an American gentleman. II. стр. 15–16. Посетено на 22 August 2011.
  22. 22,0 22,1 Bonacic, Cristián (1991). „Características biológicas y productivas de los camélidos sudamericanos“. Avances en Ciencias Veterinarias (шпански). 6 (2). doi:10.5354/0716-260x.1991.4642.
  23. 23,0 23,1 23,2 Torrejón, Fernando; Cisternas, Marco; Araneda, Alberto (2004). „Efectos ambientales de la colonización española desde el río Maullín al archipiélago de Chiloé, sur de Chile“ [Environmental effects of the spanish colonization from de Maullín river to the Chiloé archipelago, southern Chile]. Revista Chilena de Historia Natural (шпански). 77 (4): 661–677. doi:10.4067/S0716-078X2004000400009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]