[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Лебус

Координати: 52°25′0″N 14°31′59″E / 52.41667° СГШ; 14.53306° ИГД / 52.41667; 14.53306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лебус
Протестантска црква
Протестантска црква
Протестантска црква
Грб на Лебус
Лебус во рамките на Германија
Лебус
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Меркиш-Одерланд
Месна заед. Лебус
Градски единици 3
Градоначалник Бернд Тилак (Pro Lebus)
Основни податоци
Површина 54,23 км2
Надм. височина 20 м
Население 3.161 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 58 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MOL
Пошт. бр. 15326
Повик. бр. 033604
Портал www.amt-lebus.de
Местоположба на градот Лебус во рамките на округот Меркиш-Одерланд
Карта
Карта
Координати 52°25′0″N 14°31′59″E / 52.41667° СГШ; 14.53306° ИГД / 52.41667; 14.53306

Лебус (германски: Lebus) или Лубуш (полски: Lubusz) — град во југоисточниот дел на округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Бил центар на историската област позната како Ланд Лебус.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Лебус се наоѓа на реката Одра на германската граница со Полска, 10 километри северно од Франкфурт на Одра. Седиште е на истоимената општинска заедница.

Градски единици

[уреди | уреди извор]
  • Малнов
  • Шенфлис
  • Вулков

Историја

[уреди | уреди извор]

Траги од населба во близина на Лебус се наоѓаат од пред 3000 години. Ридовите обезбедувале природна одбрана, а утврдувањата изградени на нив само дополнително го заштитувале градот. Се верува дека Германите живееле во областа пред нашата ера. По околу 1000 години, областа ја населиле Словените. Земјата на обете страни на Одра станала позната како Terra Lebusana.

Областа била освоена и контролирана од Полска од 966 под власта на војводата Мишко I. Бил изграден граничен замок за контрола. Областа, од која потекнало името на денешното Лубушко Војводство во Полска, била под влијание на војводите од Шлеска. Постоењето на населба позната како Лубуш на преминот на Одра, близу замокот била првпат забележана во 1109 г.

Бискупијата Лубуш била основана во 1124-25 во текот на владеењето на Болеслав III. Била важен центар на католичките мисионери кои делувале во областа на Одра. Во 1163, императорот Фридрих I ја доделил областа Лебус како феуд на Шлеска. Германското доселување на областа дошло во 13 век и населбата станала позната како Лебус. Војводата Хајнрих I му го доделил статусот на град во 1226. Маркгрофовијата Бранденбург ја припоило областа во 1250.

Во текот на средниот век, Лебус служел како важна станица на трговските патишта од Балтичкото Море до Италија и од Познањ до Фландрија. По уништувањето на градската катедрала од трупите на императорот Карло IV во 1373, седиштето на бискупијата било преместено во Фирстенвалде. Населението станало протестантско во текот на реформацијата, а бискупијата била секуларизирана во 1555 по смртта на последниот бискуп Георг фон Блументал. По пожарите и политичките промени во 16 век ги ослабеле утврдувањата; замокот бил тешко оштетен од удар на гром во 1713. Лебус постепено го губел значењето.

Во 1701, Лебус станал дел од Кралството Прусија. Во 1815, по Наполеоновите војни, бил администриран во рамките на новата пруска покраина Бранденбург.

Во текот на Втората светска војна, Лебус, вклучувајќи го и стариот средновековен град, бил скоро целосно уништен, а деловите источно од Одра станале дел од Полска во 1945 според Потсдамскиот договор. Парохиската црква на Лебус била обновена во 1954.

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]