Куфер
Куфер — вид торба која најчесто се користи за превоз на облека и други работи за време на патувања. Една од главните особености на куферот е отворањето, кое е слично на отворањето на собна врата. Ова го олеснува ставањето и вадењето работи.
Особености
[уреди | уреди извор]На почетокот куферите биле изработувани од волна и платно. Меѓутоа, во поново време, тие се прават од поцврсти материјали како што се пластика, вештачки влакна, дрво, па дури и алуминиум. Класичниот куфер се користи првенствено за пакување и заштита на стоки и се користи за кратко носење в рака, односно не е погоден за подолго носење. Затоа, новите куфери, покрај вообичаената рачка, често имаат телескопски рачки, како и тркала. Ова овозможува да се влече куферот при носење на рамни површини и значително да се олесни пренесувањето. Како такви, тие се многу подвижни и многу корисни на аеродромите и при пешачење по улици со рамни и мазни тротоари.[1]
Постојат и малку помали рачни куфери кои најчесто се користат за носење разни документи и прирачни работи. Ваков куфер се користи за деловни цели.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Kako odabrati putnu torbu?“. Архивирано од изворникот на 8. 03. 2014. Посетено на 2 септември 2013. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help)