Копер
Копер Koper | |||
---|---|---|---|
гратче | |||
Горе: Копер гледан од Жустерна, Средина: Пристаништето (лево), Соборната црква „Вознесение“ (десно), Доле: Преторскиот дворец (лево), Дворецот Ложа (десно) | |||
Местоположба на Копер | |||
Координати: 45°33′N 13°44′E / 45.550° СГШ; 13.733° ИГД | |||
Држава | Словенија | ||
Традиционален регион | Приморска | ||
Статистички регион | Крајбрежно-крашки | ||
Општина | Копер | ||
Површина | |||
• Вкупна | 13 км2 (5 ми2) | ||
Надм. вис. | 3 м | ||
Население (2020)[1] | |||
• Вкупно | 25.753 | ||
• Ранг | 5. | ||
• Густина | 2,000/км2 (5,100/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+01) | ||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+02) | ||
Поштенски бр. | 6000 | ||
Повик. бр. | +386 (0)5 | ||
Рег. таб. | KP | ||
Клима | Влажна суптропска | ||
[1] |
Копер (словенечки: Koper, италијански: Capodistria, хрватски: Kopar) — петтиот најголем град во Словенија. Сместен во Истра во најјугозападниот дел во државата, околу 3 км јужно од границата со Италија и 20 км од Трст, Копер е најголемиот пристанишен град во државата. Граничи со сателитските гратчиња Изола и Анкаран. Градот се наоѓа во Трстјанскиот Залив на Јадранското Море[2] и има население од околу 23,726. Службено гратчето е двојазично: словенечки и италијански. Копер е седиште на големата Градска општина Копер.
Имиња
[уреди | уреди извор]Италијанското име на гратчето било архаично напишано како Капо д'Истрија (Capo d'Istria),[3] и е заведено на карти и извори на други европски јазици како такви. Современите имиња на градот се: хрватски: Kopar, српски: Копар, германски: Gafers. Словенечкото население го нарекува гратчето Копер. Словенското говорно население, присутно во областа барем од крајот на VII век,[4] во голема мера се потпирало на усната традиција до пронајдокот на печатењето. Словенечкото име Копер првпат било писмено споменато во 1557 година, но напишано како Kopper.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Коперскиот Преторски двореца од 15 век се наоѓа на градскиот плоштад. Изграден е од две постари куќи од 13 век кои биле поврзани со чардак, многупати обновувана, а потоа завршена како венецијански готски дворец. Денес, тој е дом на туристичката канцеларија на Општина Копер.[6]
Градската соборна црква „Успение на Богородица“ е изградена во втората половина на 12 век и има едно од најстарите ѕвона во Словенија (од 1333 година), излеани од Николо и Мартино, синовите на мајсторот Џакомо од Венеција.[7][8] Горната тераса е периодично отворена и нуди прекрасен поглед на Трстјанскиот Залив. Во средината на неа виси сликата од уметничкиот правец Свет разговор (Sacra Conversatione) од 1516 година, една од најдобрите ренесансни слики во Словенија, направена од Виторе Карпачо.[9]
Клима
[уреди | уреди извор]Копер има влажна суптропска клима. Во Копер има значителна количина на врнежи, дури и во најсувиот месец, при што секој месец е во просек над 60 мм. Оваа клима е според Кепен-Гајгеровата класификација на климата. Просечната температура во Копер е 14,4 °C. Просечните годишни врнежи се 1,056 мм.
Климатски податоци за Копер | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 7.8 (46) |
9.2 (48.6) |
12.6 (54.7) |
16.7 (62.1) |
21.5 (70.7) |
25.0 (77) |
27.5 (81.5) |
27.1 (80.8) |
23.4 (74.1) |
18.6 (65.5) |
13.1 (55.6) |
9.4 (48.9) |
17.7 (63.9) |
Сред. дневна °C (°F) | 5.6 (42.1) |
6.5 (43.7) |
9.3 (48.7) |
12.9 (55.2) |
17.4 (63.3) |
21.1 (70) |
23.5 (74.3) |
23.3 (73.9) |
19.9 (67.8) |
15.5 (59.9) |
10.4 (50.7) |
7.1 (44.8) |
14.4 (57.9) |
Прос. ниска °C (°F) | 3.5 (38.3) |
3.9 (39) |
6.0 (42.8) |
9.2 (48.6) |
13.4 (56.1) |
17.2 (63) |
19.6 (67.3) |
19.5 (67.1) |
16.4 (61.5) |
12.4 (54.3) |
7.7 (45.9) |
4.8 (40.6) |
11.1 (52) |
Прос. врнежи мм (ин) | 75 (2.95) |
70 (2.76) |
72 (2.83) |
89 (3.5) |
82 (3.23) |
92 (3.62) |
69 (2.72) |
93 (3.66) |
111 (4.37) |
98 (3.86) |
117 (4.61) |
88 (3.46) |
1.056 (41,57) |
Извор: http://en.climate-data.org/location/59382/ |
Население
[уреди | уреди извор]Италијанскиот некогаш бил главен јазик во гратчето, кој го зборувале 92% од населението во 1900 година, но овој број нагло се намалил откако Словенечка Истра била вклучена во Југославија во 1954 година и многу етнички Италијанци го напуштиле градот. Денес, италијанскиот главно се користи како втор јазик од мнозинството што зборува словенечки. Словенечкиот преовладува кој практично сите граѓани го зборуваат, а потоа следат малубројните говорители на италијанскио и хрватскиот.
Спорт
[уреди | уреди извор]Главниот фудбалски клуб е ФК Копер, кој моментално игра во Словенечката прва лига која ја освоил еднаш во текот на своето постоење.
Пристаниште
[уреди | уреди извор]Прво основано за време на Римската Империја, пристаништето Копер одиграло важна улога во развојот на областа. Тоа е меѓу најголемите во регионот и е еден од најважните транзитни патишта за стоки што се движат од Азија кон Средна Европа. За разлика од другите европски пристаништа, со кои управуваат пристанишните власти, активностите на пристаништето Копер го опфаќаат управувањето со областа на слободната зона, управувањето со пристаништето и улогата на оператор на терминал.
Позначајни личности од Копер
[уреди | уреди извор]- Џан Риналдо Карли (1720-1795), книжевник
- Виторе Карпачо (ок. 1460 - ок. 1525), сликар
- Борис Каваца (1939 - ), глумец
- Алдо Керини (1919-2010), историчар и писател[10]
- Џорџо Коболи, добитник на Италијански златен медал во Втората светска војна[11]
- Луција Чок, јазичар, политичар
- Златко Дедиќ (1984- ), фудбалер
- Доменико да Каподистрија (роден доцен 14 век), архитект
- Лорела Флего (1974-), телевизиски забавувач
- Рудолф Голоух (1887-1982), политичар и автор
- Јака Иванчич (1979-), фотограф
- Енеј Јеленич (1992-), фудбалер
- Јоанис Каподистријас (1776–1831), грчки патриот и прв управник на грчката држава (1828–1831) - неговото семејство води потекло од Копер/Каподистрија
- Андреја Клепач (1986-), тенисер
- Тинкара Ковач (1978 - ), пејач
- Бруно Мајер (1922–2001), писател и книжевен критичар[12]
- Матјаж Маркич (1983-), пливач
- Драган Марушич, поранешен ректор на Универзитетот во Приморска
- Давор Мизерит (1981-), веслач
- Игор Прибац (1958-), филозоф
- Пјер Антонјо Кварантоти Гамбини (1910–1965), новинар и писател. Роден во Пазин (тогаш Пизино), живеел во Копер (тогаш Каподистрија)[13][14]
- Младен Рудоња (1971-), фудбалер
- Томаж Шаламун (1941–2014), поет
- Санторјо Санторјо (1561–1636), медицински научник
- Назарјо Nazario Сауро (1880–1916), италијански иредентист и морнар
- Звест Аполонио (1935-2009), сликар
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Koper“. Prebivalstvo - izbrani kazalniki, naselja, Slovenija, letno. Статистички завод на Република Словенија. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ Entry for Koper in the Lonely Planet Guide to Slovenia
- ↑ John Everett-Heath (13 септември 2018). The Concise Dictionary of World Place-Names. OUP Oxford. стр. 989. ISBN 978-0-19-256243-2.
- ↑ „Storia di Capodistria“. City of Koper. Архивирано од изворникот на 22 март 2021. Посетено на 30 јануари 2023.
- ↑ Golec, Boris (2015). „Najzgodnejše omembe Istre, Trsta in Primorja v slovenskih besedilih“ (PDF). Acta Histriae. 23 (4): 678. ISSN 1318-0185. Посетено на 30 јануари 2023.
- ↑ „Praetorian Palace, Koper, The Official Travel Guide“. Slovenian Tourist Board. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ Semi, Francesco (1933). „Il duomo di Capodistria“. Atti e memorie della Società istriana di archeologia e storia patria. Pula. 45: 169.
- ↑ Ranieri, Mario Cossar (1929). „Lungo le coste Adriatiche: Giustinopoli, gemma de l'Istria“. Le vie d'Italia e dell'America latina. Milan. 35 (1): 88. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ „Cathedral of the Assumption, Koper, The Official Travel Guide“. Slovenian Tourist Board. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ Page in Italian about Aldo Cherini. Istrianet.org. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ Brief article in Italian from ''Corriere della Sera'': ''Lutto, muore Giorgio Cobolli eroe della Guerra d'Africa'' (George Cobolli, hero of African War, is dead). Archiviostorico.corriere.it (24 декември 2009). Retrieved 24 September 2011.
- ↑ „Prominent Istrians“. Istria on the Internet. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ „Portale multimediale della Comunità italiana di Isola“ (PDF). Посетено на 31 јануари 2023.[мртва врска]
- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). www.retecivica.trieste.it. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 септември 2004. Посетено на 31 јануари 2023.
- ↑ „AllCorfu.Com: Corfu's Twin Cities“. allcorfu.com. Посетено на 25 February 2010.
- ↑ 16,0 16,1 „Comune di Ferrara - Portale Telematico Estense“. Ferrara.comune.fe.it. Архивирано од изворникот на 2011-06-12. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „Sito ufficiale del Comune di Muggia“. Comune.muggia.ts.it. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ „Sito Web del Comune di S.Dorligo della Valle - Dolina (TS)“. Comune.san-dorligo-della-valle.ts.it. Посетено на 2010-03-27.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ „Welcome to JiuJiang“. Jiujiang.gov.cn. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 2010-02-25.
- ↑ http://72.30.186.56/search/cache?ei=UTF-8&p=Saint+John%27s+sister+cities&type=yahoo_avg_hs2-tb-web_chrome_us&fr=yhs-avg-chrome&u=clevelandslovenian.com/&w=saint+john%27s+john+sister+cities&d=dDjhxhlMTA7T&icp=1&.intl=us[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Capodistria“. |
„Копер“ на Ризницата ? |
- Копер на Geopedia
- Службено мрежно место на Градска општина Копер Архивирано на 4 ноември 2012 г.
- Пристаниште Копер Архивирано на 23 април 2011 г.
- Koper–Capodistria. Slovenian Tourist Board.
- Воздушен поглед кон Копер
- Панорами од Копер и околината
Оваа статија место во Словенија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|