Колед
Изглед
Колед, Коледа словенско божество на зимата.
Особености
[уреди | уреди извор]За постоење на ова божество се останати многу траги во наративното народно тврештво, но и неговата исклучителна присутност како митолошки елемент при зимските обреди. Тој претставува млад коњаник кој донесува родна година и е персонификација за новото сонце. Постои верување дека со оглед на тоа дека коледарските песни слават раѓање на младиот (новиот) бог, кој во јужнословенската митологија го претставувал Сварожиќ, синот на Сварог, Колед е второ име за младиот бог на плодност, Сонцето. Во јужнословенската митологија коледарските песни се јавуваат со напев „коледе, коледе“ со кој всушност се предизвикува појавување на божеството и неговото циклично владеење со претстојната година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Нина Анастасова - Шкрињариќ, Словенски пантеон, Нина Анастасова - Шкрињариќ, Менора, Скопје, 2004, стр. 184.
|