Кипар (римска провинција)
Кипар бил сенатска провинција во рамките на Римската Империја. Иако мала провинција, поседувал неколку добро познати религиозни светилишта и значајно се истакнувал во трговијата на Средоземното Море, особено во производството и трговијата на кипарскиот бакар.
Островот Кипар се наоѓал на стратешки важна позиција по источните средоземни трговски патишта и во текот на првиот милениум пред нашата ера бил контролиран од разни империјални сили како што се Асирците, Египќаните, Македонците, и на крајот Римјаните. Кипар е анектиран од Римјаните во 58 година п.н.е., но контролата врз островот се менува помеѓу Римјаните и Птоломејското кралство до 22 година п.н.е. кога Кипар официјално го добива статусот на сенатска провинција.[1] Од Битката кај Акциум во 31 година п.н.е. до седмиот век со Кипар управувале Римјаните. Кипар официјално влегува во рамките на Источното Римско Царство во 293 година од н.е.[2]
Под римска власт Кипар бил поделен на четири главни области: Саламин, Пафос, Аматунда и Лапaтос.[3] Пафос бил главен град на островот, сè додека Саламин не бил одново изграден како Константија во 346 година од н.е.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 177–178.
- ↑ Ancient History Encyclopedia - Antonios Loizides. Ancient.eu
- ↑ Karageorghis, Vassos (1982). Cyprus From the Stone Age to the Romans: The Roman Period. Thames & Hudson. стр. 178.
Оваа статија за стариот Рим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|