Кеплер-70
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед[1][note 1] |
Ректасцензија | 19ч 45м [2] | 25,4746с
Деклинација | +41° 5′ [2] | 33,8820″
Прив. величина (V) | 14,87[3] |
Особености | |
Спектрален тип | sdB[1] |
Привидна ѕвездена величина (U) | 13.80[3] |
Привидна величина (B) | 14.71[3] |
Привидна величина (R) | 15.43[3] |
Привидна величина (I) | 15.72[3] |
Привидна величина (J) | 15.36[3] |
Привидна величина (H) | 15.59[3] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 7,185 ± 0,061[2] млс/г Дек.: −3,134 ± 0,060[2] млс/г |
Паралакса (π) | 0.7850 ± 0.0314[2] млс |
Оддалеченост | 4.200 ± 200 сг (1.270 ± 50 пс) |
Податоци | |
Маса | 0.496 ± 0.002[1] M☉ |
Полупречник | 0.203 ± 0.007[1] R☉ |
Сјајност (болометриска) | 22,9 ± 3,1 L☉ |
Температура | 27,730 ± 260[1] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Кеплер-70 или KOI-55 — Ѕвезда во соѕвездието Лебед со привидна величина од 14,87.[3] Со ова ѕвездата е премногу за да се види со човеково око.[4]
Станува збор за сино подџуџе, односно Кеплер-70 поминала низ фазата на црвен џин пред 18,4 милиони години. Во денешната состојба, во јадрото со соединува хелиум. Откако ќе го согори хелиумот ќе се збие и ќе создаде бело џуџе. Има релативно мал полупречник од околу 0,2 пати од оној на Сонцето, белите џуџиња се уште помали.[5] Ѕвездата во своја орбита има планетарен систем со две потврдени планети, Кеплер-70b и Кеплер-70c.[6] највантрешната планета ја има највисоката температура од досега познатите планети.
Планетарен систем
[уреди | уреди извор]На 26 декември 2011 година, се објавени докази за постоењето а две крајно краткопериодични планети. Тие биле забележани преку одбивањето на светлината од матичната ѕвезда од нивните површини, за разлика од методот на планетарен премин кога ѕвездата губи дел од сјајот.
Мерењата укажувале на постоење и на трета планета меѓу двете потврдени плането, но ова досега останува непотврдено.
Орбитите на Кеплер-70b и Кеплер-70c се во орбитална резонанција 7:10 и го имаат најголемото приближување меѓу кои и да се две познати планети.
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | 0,440 M⊕ | 0,0060 | 0,2401 | — | 20–80, најверојатно 65 [note 2]° | 0,759 R⊕ |
KOI-55.03 (непотврдено) | 0,222 M⊕ | 0,0065 | — | — | — | 0,605 R⊕ |
c | 0,655 M⊕ | 0,0076 | 0,34289 | — | 20–80, најверојатно 65° | 0,867 R⊕ |
Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Notes for Planet KOI-55 b“. Extrasolar Planet Database. Архивирано од изворникот на 19 January 2012. Посетено на 1 January 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 „KPD 1943+4058“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 1 January 2012. (англиски)
- ↑ Sherrod, P. Clay; Koed, Thomas L. (2003), A Complete Manual of Amateur Astronomy: Tools and Techniques for Astronomical Observations, Astronomy Series, Courier Dover Publications, стр. 9, ISBN 0-486-42820-6
- ↑ Cain, Fraser (4 February 2009). „White Dwarf Stars“. Universe Today. Посетено на 8 January 2012.
- ↑ 6,0 6,1 Charpinet, S.; и др. (December 21, 2011), „A compact system of small planets around a former red-giant star“, Nature, 480 (7378): 496–499, Bibcode:2011Natur.480..496C, doi:10.1038/nature10631, PMID 22193103
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Kepler mission discoveries Архивирано на 1 април 2017 г.