Горун
Горун | |
---|---|
Горун | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Magnoliophyta |
Нерангирано: | Magnoliopsida |
Ред: | Fagales |
Семејство: | Fagaceae |
Род: | Quercus |
Отсек: | Quercus |
Вид: | Q. petraea |
Научен назив | |
Quercus petraea Liebl. | |
Распространетост на горунот | |
Синоними | |
Список
|
Горун (латински: Quercus petraea) — вид планински даб [1]. Ова листопадно дрво е од родот дабови, семејство буки (Fagaceae).
Распространетост
[уреди | уреди извор]Горунот е многу распространет европски вид со ареал нешто помал од оној на стежерот. Распространет е во западна, средна, дел во северна и источна Европа. Северната граница на неговиот ареал во Норвешка допира до 60° северна географска ширина. Го нема на Сицилија, Сардинија и јужна Шпанија. Источната граница се протега од југот на Шведска, низ Полска до Црното Море. Делумно го има и во западна Азија. Избегнува области со континентална клима.[2]
Опис
[уреди | уреди извор]Горунот е високо дрво, достигнува висина од 30 до 40 м и пречник на стеблото 1-3 м. Стеблото е порамно и поправилно од она на стежерот. Крошната е импозантна, густа и прилично правилна, нешто потесна и поправилна од онаа на стежерот. Достигнува старост 600-700 години.[2]
Кората на стеблото во младоста е жолтеникава, тенка и мазна, а кај постарите стебла е белузлаво сива, избраздена, испукана по надолжни бразди и лушпеста. Потенка е и поплитко испукана во однос на кората на стежерот.[2][3][4]
Пупките се кафеави, голи, конусно зашилени. Листовите се доста симетрични, долги 8-12 см, широки 6-7 см, елиптични до обратно јајчести. По ободот се шпицести, со 4-8 шпицови чии врежувања се поостри и посиметрични во однос на стежерот. Младите лисје се малку влакнести, подоцна крути, кожести и голи. Петелката на листот е долга 15-40 мм.[2] Лицето на листот е сјајно зелено, опачината посветло. Листовите кои се развиваат во сенка се помалку крути од оние изложени на сонце.[3]
Плодот е желад, доста варијабилен, но пократок и подебел од желадот на дабот стежер (долг 1,5-4 см, широк 1-2,5 см), на кратка дршка или седечки (без дршка). Растат во група од 2 до 5. Купулата е со рамен обод, лушпите збиени, поиспупчени и повлакнести во однос на стежерот. Во купулата желадот е до 1/3 од должината, јајчесто елипсест, без темни пруги. Разлистува и цути во средината на пролетта, нешто подоцна од стежерот.[2]
-
Кора
-
Пупки
-
Листови
-
Желад
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Горунот расте на ридски терени. Горната граница на распространетост оди до 1360 м надморска висина во јужен Тирол. Во допирните подрачја со буката, обично расте на топлите, претежно јужни експозиции.[2]
Во поглед на барањата за тло, далеку е поскромен од стежерот. Најмногу успева на свежи земјишта, но не поднесува влажни. Слабо расте на варовничка подлога, но успева на плитки и скелетни, ,[5] како и на кисели земјишта.[2] Хелиофилна Одговара му влажан ваздух. Не подноси касне мразеве.[3]
Болести на горунот
[уреди | уреди извор]Првите записи за пропаѓање и сушење на разни видови дабови датираат од почетокот на 19 век. Од 80-тите години на 20 век почнало интензивно сушење на шуми во Европа (т.н. „нов тип на сушење“), и тоа прво на четинарите, а потоа и на листопадните. Меѓу дабовите посебно осетлив се покажал горунот чие сушење во послаб или појак интензитет е забележено во сите европски земји и покажува тенденција на понатамошно ширење. Поголемиот број стручњаци и научници се сложува дека не постои само еден причинител, туку дека на процесот на сушење влијаат повеќе фактори од абиотична и биотична природа. Меѓу овие фактори посебно значење им се припишува на паразитните габи (пепелници и габи кои се развиваат во спроводните садови трахеомиокози), штетните инсекти (особено дефолијаторите), на директните или индиректните влијанија на аерозагадувањето, глобалната промена на климата (глобално загревање, остри и ладни зими и сушни лета), кои сите влијаат и доведуваат до постојани промени во шумските екосистеми.
Употреба
[уреди | уреди извор]Дрвото на горунот е квалитетно и ценето. Беликата е жолтеникаво бела боја, тесна, широка 1 до 3 см, а срцевината светложолтеникава кафеава. Дрвото е фино, некогаш со неправилна текстура. Прстените на прираст се маркантни. Правилното менување на светлото и темното дрво на пресекот на стеблото овозможува совршена реконструкција на хронологијата на годовите, а со тоа и климатските услови во поедини периоди од животот на дрвото. Се употребува, меѓу другото, за изработка на греди, подни облоги, мебел, опремување на ентериери и во бродоградбата.[3]
Во 19 век во Србија се применувал екстензивен начин на товење свињи со т.н. „желадење на свињите“ во дабовите и буковите шуми.[6] Денес овој начин на исхрана е особено популарна во органското земјоделство.
Дабовиот желад се употребувал и во човечката исхрана од дамнина. Било утврдено дека желадите од стежерот и горунот се користеле во исхраната уште од неолитот. Желадите од многу видови дабови, па така и од горунот, се богати со скроб, шеќер, белковини, масти, Смола и танин. Јадливоста на желадите зависи токму од содржината на танин во нив. Големата содржина на танин резултира со горок вкус на плодовите и ја ограничува нивната природа во човечката исхрана. Горунот спаѓа во видовите чиј желад има мала содржина танин, а доста скроб. Желадите и денес се користат во исхраната на поборниците на природна исхрана, а може да се користат печени како питомите костени, како пире, сомелени во брашно како додаток на лебот или пржен и мелен како замена за кафе. Во Германија и денес е познат изразот "желадово кафе" (Eichelkaffe).[7]
Кората на горунот и стежерот (Cortex Quercus) служи во медицината како средство за стегање, плакнење и запирање на крвавењето.[8] По потреба може да се употреби и како антидот при труење со тешки метали. Се собира во рана пролет, пред разлистување, или во есен, по паѓањето на лисјата и тоа само сосема мазна кора од млади стебла или гранки.[9]
Дабовите шуми се живеалиште на кои најдобро успеваат тартуфи, што често може да има големо економско значење. Тартуфите најдобро растат во симбиоза со корењата на дабовите горун и стежер.[10]
Значење во озеленувањето
[уреди | уреди извор]• Со оглед на големината на возрасните единки, горунот е вид кој главно се сади на големи зелени површини. Забележени се повеќе варијанти и форми. Меѓу најчесто одгледуваните укрсни форми се:
- Quercus petraea 'Columna' - хабитус валчест, листовите тесни, сивкаво зелени, слабо и неправилно шпицести;
- Quercus petraea 'Laciniata' - листовите длабоко врежани;
- Quercus petraea 'Mespilifolia' – листовите на гранките од првиот ред темнозелени, сјајни, скоро цел обод, зашилени на врвот;
- Quercus petraea 'Purpurea' - младите листови мрко пурпурни, подоцна црвеникаво сиво зелени со црвени нерви.[2]
-
Quercus petraea 'Laciniata' - лист
-
Quercus petraea 'Mespilifolia' - лист
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Горун“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Вукићевић, Емилија (2005). Декоративна дендрологија. 781 (2. изд.). Београд: Привредно финансијски водич. стр. 272–304.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Lanzara, Paola (1982). Drveće. Zagreb: Mladinska knjiga.
- ↑ Hrast kitnjak (Quercus petraea agg. Ehrendorfer 1967) u Srbiji. Beograd: Udruženje šumarskih inženjera i tehničara Srbije : Šumarski fakultet Univerziteta. 2007. ISBN 978-86-7299-134-5.
- ↑ Цвјетићанин, Раде; Кошанин, Оливера; Крстић, Милун; Перовић, Марко; Новаковић-Вуковић, Маријана (2013). „ФИТОЦЕНОЛОШКЕ И ЕДАФСКЕ КАРАКТЕРИСТИКЕ ШУМА ХРАСТА КИТЊАКА НА МИРОЧУ У СЕВЕРОИСТОЧНОЈ СРБИЈИ“. Гласник Шумарског Факултета. 107: 27–56.
- ↑ Dušanović Pasello, Đorđo. „Žir kao dopunsko hranivo za životinje“. GAUS Agencija. Архивирано од изворникот на 2020-09-16. Посетено на 2018-10-14.
- ↑ Grlić, Ljubiša (1986). Enciklopedija samoniklog jestivog bilja. Zagreb: August Cesarec. стр. 83–85.
- ↑ „Hrast“. Hrvatska enciklopedija. Leksikografski zavod Miroslav Krleža.
- ↑ Туцаков, Јован (1984). Лечење биљем : фитотерапија. Београд: Рад. стр. 664–665.
- ↑ „Tartufi“.
Литература
[уреди | уреди извор]- Вукићевић, Емилија (2005). Декоративна дендрологија. 781 (2. изд.). Београд: Привредно финансијски водич. стр. 272–304.
- Lanzara, Paola (1982). Drveće. Zagreb: Mladinska kwiga.
Надворшни врски
[уреди | уреди извор]„Горун“ на Ризницата ? |
„Quercus petraea“ на Викивидовите ? |
|