Гинтер Грас
Гинтер Грас Günter Grass | |
---|---|
Грас во 2006 година | |
Роден/а | Гинтер Вилхелм Грас 16 октомври 1927 Данциг, Слободен Град Данциг |
Починат/а | 13 април 2015 Либек, Германија | (возр. 87)
Занимање | романописец, поет, текстописец, вајар, графички дизајнер |
Националност | Германец |
Период | 1956–2015 |
Книжевно движење | „соочување со минатото“ |
Значајни дела | Лимениот барабан Мачка и глушец Кучешки години Патот на ракот „Што мора да се каже“ |
Значајни награди | Награда Георг Бихнер 1965 Почесен член на Кралството книжевно друштво 1993 Нобелова награда за литература 1999 Награда на принцот од Астурија 1999 |
Потпис |
Гинтер Вилхелм Грас (германски: Günter Wilhelm Grass; 16 октомври 1927 во Гдањск — 13 април 2015 во Либек) — германски писател, интелектуалец, уметник и борец за човекови права, добитник на Нобеловата награда за литература во 1999 година. Тој бил писател кој повеќе од било кој успеал да ја објасни историјата на дваесеттиот век, покажувајќи дека можеби не сме успеале да ја видиме нејзината позадина со доволно изострен поглед, се велело во образложението на Шведската академија.
Грас бил четвртиот германски писател - добитник на Нобеловата награда за литература. Пред него добитници биле - Томас Ман (1929), Нели Закс (1966) и Хајнрих Бел (1972).„Веста дека ја добив Нобеловата награда не ме шокира, туку ме израдува и се почувствував горд. Во оваа прилика сакам да ги повикам моите непријатели да не ги грицкаат ноктите, туку да ми се приклучат во големата работа“, била првата реакција на Грас.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од полско-германски родители. Образованието го започнал во Народното училиште во Данцинг, каде што завршил гимназија. Во 1930 година ѝ се приклучил на младината на Хитлер и на 16-годишна возраст заминал во војска. Во 1945 година бил ранет, а потоа бил заробен од сојузничката војска. Во 1946 година работел во фирмите и рудниците за калај. Сликарство и вајарство на Академијата во Диселдорф почнал да студира во 1948 година, а од 1953 до 1955 година студиите ги продолжил во Западен Берлин на Државната академија за фини уметности. Во 1954 година се оженил со Ана Маргарета Шварц, во 1978 година со неа се развел, а во 1979 година се оженил со Уте Грунерт. Грас работел и живеел во повеќе места - во Париз, во Берлин, во Индија, а од 1986 година живеел во Белендорф, мало село во околината на Либек. Во подоцнежните години Грас се вклучил во политичкиот живот на Германија. Бил близок соработник на поранешниот канцелар Вили Брант. Во 1982 година станал и формално член на Социјалдемократската партија на Германија. Книжевното дело на Грас ја обележало повоената епоха на Германија. Тој важел за една од најконтроверзните личности на повоената германска историја, но се сметал и за еден од најжестоките критичари на германското општество. Бил претседател на Академијата за уметност во Западен Берлин, почесен доктор на универзитетите во Харвард, Позан и Гдањск.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Грас имал напишано повеќе од 50 книги: романи, збирки, поезија, драми, есеи и либрета за балет. Покрај Нобеловата награда за литература тој бил добитник и на бројни германски и меѓународни награди.[1]
Дела
[уреди | уреди извор]Меѓу првите негови дела спаѓала збирката песни „Илјадници“. Во неговото книжевно творештво најголем акцент е дадено на првиот роман „Лимениот барабан“ (1959). Потоа следувале романот - новела „Мачка и глушец“ (1961), романот „Кучешки години“ (1963), романот „Плебејците се обидуваат да скренат востание“ (1966). Во поновите остварувања се вбројуваат - „Широко поле“ (1992) и личната хронологија наречена „Мојот век“ (1999). Во издание на Книгоиздателството „Детска радост“, во 2000 година бил објавен на македонски јазик (во превод на Димитар Гацов) романот „Мојот век“.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гинтер Грас на Ризницата ?
- Дела од или за Гинтер Грас во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Гинтер Грас на gdansk-life.com (англиски)
- Гинтер Грас Архивирано на 4 март 2016 г. на The Ledge
- Портрет на rosenthalusa.com
|
- Родени во 1927 година
- Луѓе од Гдањск
- Починати во 2015 година
- Починати во Либек
- Германски писатели
- Германски драматурзи
- Германски есеисти
- Германски нобеловци
- Германски романописци
- Кашуби
- Германски поети
- Германски вајари
- Германски социјалисти
- Добитници на Нобеловата награда за литература
- Членови на Кралското книжевно друштво
- Членови на Берлинската академија на уметностите
- Германски мемоаристи
- Германски автобиографи