[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

ГПС

Од Википедија — слободната енциклопедија
Концептуална слика на ГПС-сателит во орбитата
ГПС-приемник на цивилен брод.

Глобален позиционен систем или ГПС (англиски: Global Positioning System или GPS) е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем (GNSS). Користејќи група од најмалку 24 сателити што пренесуваат прецизни микробранови сигнали, системот овозможува ГПС-приемниците да ја пресметаат нивната местоположба, брзина, правец и време. Други слични системи се рускиот ГЛОНАСС, најавениот европски Галилео, предложениот COMPASS на Кина и ИРНСС на Индија.

ГПС-системот е развиен од Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави и е официјално именуван NAVSTAR GPS (NAVSTAR не е акроним, туку е име дадено од Џон Волш, клучен донесувач на одлуки кога се работело за буџетот за ГПС-програмата).[1] Групата од сателити е управувана од 50-тиот Space Wing на Американското воено воздухопловство. Цената на одржувањето на системот е приближно 750 милиони американски долари годишно, вклучувајќи ја замената на стари сателити и истражување и развивање.[2]

Поедноставен метод на функционирање

[уреди | уреди извор]

Типичниот ГПС-приемник ја пресметува неговата позиција користејќи сигнали од четири или повеќе ГПС-сателити. Четири сателити се потребни бидејќи на процесот му е потребно многу прецизно месно време, повеќе точно од тоа што може да обезбеди било кој нормален часовник, па приемникот внатрешно го пресметува времето како и позицијата. Со други зборови, приемникот користи четири мерења за да се пресметаат четири променливи - x, y, z, и t. Овие вредности се претвораат во повеќе разбирливи форми, како што е географска ширина/должина или локација на мапа, и потоа презентирани на корисникот.

Секој ГПС-сателит има атомски часовник и непрекинато праќа пораки кои го содржат тековното време на почеток на пораката, параметри за пресметување на локацијата на сателитот (ефемеридата), and и општата состојба на системот (the almanac). Сигналите патуваат со позната брзина - брзина на светлината низ просторот. Приемникот го користи времето на пристигнување за да го пресмета растојанието до секој сателит, од каде што ја детерминира позицијата на приемникот користејки геометрија и тригонометрија (вид. трилатерација[3]).

Иако четири сателити се потребни за нормално фукционирање, во некои посебни случаи може да се потребни и помалку. На пример, ако една променлива е веќе позната (на пример, брод на море знае дека неговата надморска височина е 0), радиоприемникот ја пресметува неговата позиција користејќи само три сателити. Приемниците користат и други податоци (доплеров ефект на сателитските сигнали, последната позната позиција, навигација на проценка, инерцијална навигација, итн.) за да дадат поверодостојни одговори кога помалку од 4 сателити се видливи.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Фирми кои нудат GPS услуги во Македонија

[уреди | уреди извор]
  1. Parkinson, B.W. (1996), Global Positioning System: Theory and Applications, chap. 1: Introduction and Heritage of NAVSTAR, the Global Positioning System. pp. 3-28, American Institute of Aeronautics and Astronautics, Washington, D.C.
  2. GPS Overview from the NAVSTAR Joint Program Office Архивирано на 28 септември 2006 г.. Accessed December 15, 2006.
  3. HowStuffWorks: How GPS Receivers Work Accessed 14 мај 2006