[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Винланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Населбата Ланс-о-Медоуз, основана од Викинзите на островот Њуфаундленд

Винланд (исландски: Vínland) — име дадено на Северна Америка од скандинавските народи во почетокот на XI век. Се верува дека Винланд се наоѓал во денешна Канада, веројатно во Њуфаундленд или други делови на североисточниот брег на Северна Америка. Викинзите што патувале до Винланд биле предводени од човек по име Лејф Ериксон, кој бил смел истражувач.[1] Се вели дека Лејф Ериксон и неговата група стигнале до Винланд околу 1000 г. од нашата ера, што ги прави меѓу првите Европејци што стапнале во Северна Америка. Таму основале населба, иако за точната местоположба на оваа населба сѐ уште расправаат историчарите.[2]

Викинзите не останале долго во Винланд, а причините за нивното заминување не се сосема јасни. Некои приказни укажуваат на судири со домородните народи со кои се сретнале, додека други споменуваат предизвици со климата или тешкотии во одржувањето на населбата. И покрај нивниот краток престој, викиншките патувања до Винланд се значајни бидејќи го покажуваат раното европско истражување на Северна Америка, долго пред патувањата на Кристофер Колумбо.[3]

Денес, Винланд е запаметен како важно поглавје во историјата на истражување и контакт меѓу различни култури. Археолошките докази, како што е откривањето на нордиски артефакти во Северна Америка, ја поддржуваат идејата дека викиншките саги за Винланд можат да имаат некаква основа во стварноста. Винланд останува зачудувачки дел од нордиската и северноамериканската историја, вдахнувајќи ја љубопитноста и истражувањата за раните заемодејства меѓу Европејците и домородните народи во Новиот Свет.

Историски документи

[уреди | уреди извор]
Главна статија: Винландски саги

Првото спомнување на Винланд доаѓа од книгата на Адам Бременски, „Descriptio insularum Aquilonis“, напишана околу 1075 г. Пред да го напише делото, разговарал со данскиот крал Свен II Естридсон, кој знаел за северните земји.

Главните подробности за патувањата на викинзите во Северна Америка доаѓаат од две исландски саги: Сагата за Ерик Црвениот и Сагата за Гренланѓаните. Напишани околу 250 години по населувањето на Гренланд, овие саги ни кажуваат дека имало неколку обиди да се создаде заедница во Винланд, вклучително и една од Торфин Карлсефни. Арно ама, ниту една од овие населби не траела повеќе од две години. Причините за нивно напуштање можат да вклучуваат спорови меѓу доселениците, особено за неколкуте жени на патувањата, и судири со месното население, наречени „Скрелинзи“ од викинзите.

  1. Ingstad, Helge; Ingstad, Anne Stine (2001). The Viking Discovery of America: The Excavation of a Norse Settlement in L'Anse Aux Meadows, Newfoundland. Checkmark Books. ISBN 0-8160-4716-2.
  2. „Is L'Anse aux Meadows Vinland?“. L'Anse aux Meadows National Historic Site of Canada. Parks Canada. 2003. Архивирано од изворникот на 2007-05-22. Посетено на 20 април 2010. Занемарен непознатиот параметар |архив_дата= (help); Занемарен непознатиот параметар |архив_уеб_адрес= (help)
  3. Jones, Gwyn (1986). The Norse Atlantic Saga: Being the Norse Voyages of Discovery and Settlement to Iceland, Greenland, and North America. Oxford University Press. ISBN 0-19-285160-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]