[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Википедија:ВикиПроект Географија

Од Википедија — слободната енциклопедија
географија: (портал, проект)  

ВикиПроектот Географија е создаден со цел создавање на нови статии поврзани со географија, одржување на постоечките и нивно категоризирање од страна на корисниците на Википедија кои се организирани во овој ВикиПроект за таа намена.

Ако сте заинтересирани да станете член во овој ВикиПроект слободно додадете го Вашето име во списокот на учесници, а доколку имате нешто да предложите или изјавите слободно користете ја страницата за разговор.

Работата на членовите на ВикиПроектот Географија се фокусира на:

  • создавање на нови квалитетни статии;
    • создавање на статии поврзани со сите географски поими:
      • држави;
      • градови;
      • села;
      • реки;
      • мориња;
      • езера;
      • планини;
      • котлини;
      • низини и др.
  • редизајнирање, разгледување и дополнување на постоечките страница;
  • категоризирање на статиите поврзани со географија, по различни критериуми;
  • создавање на статии поврзан и со познати географи, демографија, етнографија и статистика.
  • создавање на статии поврзани со останатите географски поими:
    • релјеф;
    • клима;
    • хидрографија;
    • екологија;
    • урбанизација и др.
  • одржување на постоечките географски портали и создавање на нови (Видете:ВикиПроект Портали).

Потребни статии

[уреди извор]

Сè со цел да се подобри квалитетот, а и квантитетот на географските статии на македонската Википедија, ВикиПрокет Географија има своја список на потребни статии. Во таа список се наведени статии кои ги нема на нашата Википедија, а би требало да ги има. Покрај ова, видете и статии кои треба да се прошират. За подетален преглед видете:

Учесници

[уреди извор]

Ако сакате да се приклучите на проектот, слободно додадете го вашето име на списокот на учесници!

Исто така, учесниците и другите википедијанци кои сакаат да покажат поддршка за овој проект, можат слободно да ја додадат предлошката {{Корисник ВикиПроект Географија}} на нивните кориснички страници.

Работа

[уреди извор]

Организациојата на овој ВикиПроект им овзможува на неговите членови да се насочат на остварување на:

Примарната работа во која најмногу треба да се обрнува внимание на:

  • создавање на статии поврзани за најопширните географски поими и одржување на постоечките;
  • следење на промените кои настануваат и ја променуваат статистиката во однос на бројот на населението, густината на населеност и др.;
  • овозможување на полесен пристап кон конкретни податоци за читателот по пат на создавање на нови портали, создавање на нови категории и сл.
  • создавање на нови и одржување на постоечките статии поврзани со географијата на Македонија.

Секундарната работа во која вниманието е насочено на:

  • создавање на географски статии кои не се подложени на временски промени;
  • насочување кон можностите за искористување на сознанијата од картографијата;
  • подигнување на нови квалитетни и атрактивни слики.

Предлошки

[уреди извор]

  • {{Портал}} — Оваа предлошка се користи за поврзување на статија со географскиот портал. Се става на крајот на статијата во делот „Поврзано“. Се користи со следниов код: {{Портал|Географија|Nuvola apps browser.png}}
  • {{ВикиПроект Географија статија}} — ознака дека статијата е дел од проектот Географија - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{ВикиПроект Географија хипер навигација}} — предлошка за брза навигација кон порталот и прокетот за географија, се поставува во статии, категории, страници за разговор. Се појавува во грониот десен агол од екранот.
  • {{Корисник ВикиПроект Географија}} — предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.

Никулци

[уреди извор]