[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Веспрем (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Веспрем
Veszprém megye
Грб на округот
Регион Централен прекудунавски регион
Административен центар Веспрем
Површина 4.612,59 км2
Население 361.620 (2008)
Густина на населението 78,4 /км2
Број на населени места 217
Мрежно место www.veszpremcounty.hu

Веспрем (унгарски: Veszprém megye) претставува административен округ (megye) во западна Унгарија. Веспрем е исто така и името на главниот град на округот.

Панорама на Веспрем.

Географија

[уреди | уреди извор]

Веспрем претставува округ во западна Унгарија. Во неговите природни граници тој ги зафаќа Бакони ридовите и северниот брег на езерото Балатон. Неговите граници ги дели со унгарските окрузи: Ваш, Ѓер-Мошон-Шопрон, Комаром-Естергом, Фејер, Шомоѓ и Зала. Главен административен центар на округот е градот со исто име - Веспрем. Реката Маркла тече низ дел од неговата западна граница. Неговата површина изнесува 4613 км2.

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на историјата, границите на округот честопати се менувале. Најголем губиток округот доживеал за време на седумдесеттите години на XX век, кога Кестхењ му припаднал на округот Зала. После 1992 година, во неколку бранови, се додадение некои краеви на округот, на други окрузи, поголем дел од северните делови, како и имало делови кои биле споени со округот Ѓер-Мошон-Шопрон.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]