Веркор
Изглед
Веркор | |
---|---|
Vercors | |
Поглед на Веркор | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2341 м (Гран Вемон) |
Друго име | Vercors |
Географија | |
Место | Рона-Алпи, Франција |
Матичен венец | Алпи |
Веркор (фр. Vercors) е венец од висорамнини и планини во департманите Изер и Дром во предалпското подрачје на Франција. Венцот се протега западно од Дофинеските Алпи, и се одвојува од нив со реките Драк и Изер. Гребенот на источниот крај гледа кон градот Гренобл. Највисок врв е Гран Вемон со 2.341 m надморска височина.
Во карстни предели на висорамнината се наоѓаат познатите Веркорски пештери, меѓу кои и пештерата Гуфр Берже.
Веркор има неколку центри за скијачко трчање и скијање. Најголемиот скијачки центар е Вилар-де-Лан.
Регионот се прочул во II светска војна кога Веркорските макијци го предводеле Француското движење на отпорот против германските окупатори и во јуни и јули 1944 г. и ја основале т.н. „Слободна Република Веркор“.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Википатување има туристички водич за Vercors. |
„Веркор“ на Ризницата ? |