[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Бојница

Координати: 43°57′25.12″N 22°31′56.68″E / 43.9569778° СГШ; 22.5324111° ИГД / 43.9569778; 22.5324111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојница
Бойница
село
Бојница is located in Бугарија
Бојница
Бојница
Местоположба на Бојница во Бугарија
Координати: 43°57′25.12″N 22°31′56.68″E / 43.9569778° СГШ; 22.5324111° ИГД / 43.9569778; 22.5324111
ЗемјаБугарија
ОбластВидин
ОпштинаБојница
Управа
 • ГрадоначалникАнета Генчева (независен)
Површина
 • Вкупна63,084 км2 (24,357 ми2)
Надм. вис.&10000000000000241000000241 м
Население (2022)
 • Вкупно394
 • Густина6,2/км2 (16/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3840
Повик. бр.+359 09333
Мреж. местоobshtina-boinica.com

Бојница (бугарски: Бойница) — село во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Бојница во Видинската Област. Има население од околу 394 жители (2022).[1]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 35 километри западно од регионалниот центар Видин и 250 километри северозападно од главниот град Софија, во непосредна близина на српската граница.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век во селото се населиле доселеници од Тетевенско и до ден денес дијалектот во едно од неговите маала е под силно влијание на централнобалканскиот говор, спротивно на околниот преоден и северозападен говор.[2] Црквата „Света Троица“ во селото, која датира од 1871 година, е живописана од дебарски мајстори.

На почетокот на Балканската војна, две лица од Бојница доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[3]

За време на колективизацијата, во селото било формирано Трудово кооперативно земјоделско стопанство „Георги Димитров“, која била именувана во чест на комунистичкиот диктатор Георги Димитров. Во летото на 1950 година, 151 лица направиле неуспешни обиди да го напуштат. Тодор Филипов, водачот на најпознатата горјанска група во Кулско, бил родум од Бојница. За време на масовниот егзодус на политички несигурни лица од Видинско на 3 август истата година, покуќнината на иселените од селото била однесена во клубот на Бугарската комунистичка партија, по што била ограбена. Во тоа време и по Кулските настани во наредната година, 44 семејства (163 лица) од селото биле насилно иселени од страна на комунистичкиот режим. Овде се случи најмасовното бегство од комунистичка Бугарија, кое ги шокираше локалните претставници на режимот - за една ноќ 122 лица, цели семејства со својот добиток, коли и имот, преминале во Југославија.[4]

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Заяков, Нинко (1995). „Исторически причини за формиране на влашкото население във Видинско“. Българска етнология (5): 28–51. Архивирано од изворникот на 2018-07-21. Посетено на 2023-07-10.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 830.
  4. Груев, Михаил (2009). Преорани слогове. Колективизация и социална промяна в Българския северозапад 40-те – 50-те години на XX век. София: Сиела. стр. 123, 142, 169, 205, 225–226, 230. ISBN 978-954-28-0450-5.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]