[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Биопсија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Биопсија на белите дробови во случај на сомневање за рак на белите дробови под контрола на компјутерска томографија.

Биопсијата е медицинска постапка каде што се зема примерок или клетки од телото за испитување на примерокот под микроскоп. Биопсија е значителна по тоа што дозволува точно да се определи причината за болеста, како на пр., вид на рак. Специјалистите користат разновидни методи за земање на примерок. Кој метод ќе се примени зависи од следниве:

  • каде се наоѓа израслината или промената
  • големината на израслината или промената
  • здравствената состојба на пациентот
  • семејната здравствена историја на пациентот

Двата најчесто користени методи на биопсија се постапка со мала игла или биопсија со земање примерок[1].

При постапка со мала игла, специјалистот користи игла за да извлече течност или клетки од делот кој се испитува (на пр., грутка во вратот). Оваа игла е потенка од онаа која обично се користи за вадење крв.

При биопсија со земање примерок, радиологот користи поголема игла за да земи ткиво од местото кое се испитув а. Оваа биопсија секогаш се изведува со локална анестезија. Обично се земаат повеќе примероци од ткивото од едно место. Некогаш се земаат примероци од различни страни. Зависно од процедурата, иглата може да се наведува со ултразвук или рендгенски зраци т.е., мамограм.

Кога клетките или ткивото ќе бидат земени, примероците се испраќаат во лабораторија каде ќе бидат испитувани.

  1. biopsija.com [1], ПЗУ Биопсија.

Поврзано

[уреди | уреди извор]