Билишта
Билишта Bilisht | ||
---|---|---|
општина | ||
Главната улица во Билишта | ||
Координати: 40°37′39″N 20°59′24″E / 40.62750° СГШ; 20.99000° ИГД | ||
Земја | Албанија | |
Област | Горица | |
Општина | Билишта | |
Управа | ||
• Градоначалник | Валтер Миза | |
Надм. вис. | 922 м | |
Население (2011) | ||
• Вкупно | 6.250 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Пошт. бр. | 7006 | |
Повик. бр. | 0811 | |
Рег. таб. | DV | |
Мреж. место | bashkiabilisht.com |
Билишта (албански: Bilisht) — град со околу 6,250 луѓе во округот Девол во југоисточна Албанија. Градот има континентална клима со топли лета и ладни зими. Градот е во близина на македонската и грчката граница.
Географија
[уреди | уреди извор]Билишта се наоѓа во областа Девол на околу 30 километри источно од Корча и на неколку километри западно од албанско-грчката граница во подножјето на најзападните делови од планината Корбец над реката Девол.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XVII век турскиот писател Хаџи Калфа во својот опис на Румелија и Босна, за овој град пишува:
„Билишта е кадилак, кој се наоѓа на 12 дена од Цариград. Наоколу се наоѓаат: Кесрие, Горица, Преспа, Хорпиште. Жителите се Македонци и Арнаути.“
Согласно Санстефанскиот мировен договор од 1878 година, Билишта заедно со целата област Девол требало да влезе во границите на Бугарија, но Берлинскиот конгрес го враќа на Отоманското Царство.
Во текот на Илинденското востание, костурските востаници го напаѓаат Билишта, но не успеваат да го заземат.[1]
Кон крајот на XIX век Билишта е мешано албанско-македонско гратче, во кое има и училиште. Според грчката статистика во Билишта живееја 1.000 муслимани и 275 христијани патријаршисти. Според податоците од Бугарската егзархија, во почетокот на XX век во Билишта имало 20 македонски куќи со 106 жители. Пред Балканската војна голем дел од трговијата е во рацете на Македонците, кои во градот имале околу 40 македонски дуќани.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- "Град Билища (исторически бележки)" , поп Трпо Поповски за град Билишта, в. "Вести", Цариград, 1912 година,
- Девол (округ)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Христо Силянов „Освободителнитѣ борби на Македония“, "Наука и Изкуство", София, 1983, I, 304 стр.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на Билишта Архивирано на 7 март 2016 г. (албански)
|
|