Органон
Дел од темата |
Аристотел |
---|
Портал: Философија |
Органон — името кое Аристотеловите следбеници, перипатетиците ѝ го дале на збирката од шест дела за логиката. Делата се Категории, Аналитика Прва, За толкувањата, Аналитика Втора, За софистичките побивања и Топика.
Составни делови
[уреди | уреди извор]Редот на делата не е хронолошки (кој денеска тешко се одредува), туку намерно избран од перипатетиците за да сочини добро-структуриран систем; така некои делови изгледаат како шеми за предавања по логика. Подредувањето на делата го надгледувал Андроник од Родос околу 40 п.н.е..[1]
Аристотеловата Метафизика има многу заеднички точки на интелектуален пресек со „Органон“, но традиционално не се смета за дел од него; покрај ова има и логички дела, припишани (со варијабилна убедливост) на Аристотел кои не им биле познати на перипатетиците.
- „Категориите“ (лат. Categoriae) нѐ воведуваат во десетслојната класификација на она што постои. Категориите се: супстанција, квантитет, квалитет, однос, место, време, положба, состојба, дејство и трпење.
- „За толкувањата“ (лат. De Interpretatione) нѐ воведува во Аристотеловата замисла за исказ и расудување, и ги обработува нивните спротивности. Ова е неговиот најголем придонес кон филозофијата на јазикот. Тука се зборува и за т.н. проблем на случајноста на иднината.
- „Аналитика Прва“ (лат. Analytica Priora) нѐ воведува во неговиот силогистички метод, кој е обработуван во статијата аристотелова логика, и аргументира за неговата точност, и расправа за индуктивното заклучување.
- „Аналитика Втора“ (лат. Analytica Posteriora) се занимава општо со правилното расудување.
- „Топика (лат. Topica) се занимава со проблематиката на конструирање валидни аргументи, и заклучувањето кое е веројатно, наместо сигурно. Во овој трактат Аристотел ја споменува можноста за предикабилии, која подоцна ја развил филозофот Порфириј и схоластичките логичари.
- „За софистичките побивања“ (лат. De Sophisticis Elenchis) се занимава со логички грешки, и ја дава клучната врска кон Аристотеловиот труд на тема реторика.
Влијание
[уреди | уреди извор]Аристотеловите логички дела се единствените негови значајни дела кои никогаш не биле заборавени во западна Европа; сите останати дела биле запоставени (но зачувани гркофонските земји во Римското Царство) од неговата смрт, па сѐ додека не бил преведени на латински во XI век.
„Органон“ се користел во Аристотеловата школа, Ликејот, и некои делови од делото служеле како шема за предавање. Квалитетот на делата бил толку ценет, што неговите издавачи (на пр. Андроник од Родос во 50 п.н.е.) ги собрале.
Во овие дела ги наоѓаме првите теории за онтолошките категории (важни за негои гранки на модалната логика), првичниот развој на формалната логика, првтото сериозно научно инстражување во теоријата на (формалното и неформално) расудување, основите на модалната логика, и некои претходности на методологијата на науките.
Огранон не бил секогаш популарен за хеленско време. Стоичката логика доминирала, особено делата на Хризип (кои денес не се зачувани).
Во VIII век, схоластиците во неарапска Европа, ја изучувале и дообработувале логиката врз основа на „Органон“. Еден од најголемите схоластици бил доминиканскиот свештеник Албер Велики (1206–1280), учителот на Тома Аквински (1226–1274).
Делата на Аристотел се изучувале во Арапското царство од странана исламски и еверјски академци, во кои спаѓаат рабинот Мајмонид (1135–1204) и кадијата Ибн Рушд (1126-1198) кои живееле во Кордоба, Шпанија. Кордоба тогаш имала 70 библиотеки, од кои една содржела 40,000 книги; двете најголеми библиотеки во неарапскиот свет во тоа време имале само по 2,000 книги секоја.
За време на просветителството постоел обновен интерес во логиката како основа на рационалното размислување, па така низа книги, од кои најуспешно портројалската логика, ја приспособиле аристотеловата поимовна логика за педагошки цели. Додека во ова време логиката се засновала на Аристотел, самиот тој и неговите дела не се изучувале. Ова е поради тенденцијата во тоа време, да се смета дека современата логика е целосна, нешто што спречило секаква иновација на ова поле. Имануел Кант сметал дека по Аристотел немало што друго да се измислува, а славниот историчар на логиката Карл фон Прантл вели дека логичарот кој сака да воведе нови идеи во логиката мора да е: „во забуна, глупав или извитоперен“. Овие примери ја илустрираат моќта на Аристотеловите влијанија.[2]
По логичките октритија и новини во XIX век, особено со октривањето на индиската логика, Буловата алгебарска логика и формулирањето на предикатната логика, Аристотеловата логика се изучува повеќе од историски интерес. Меѓутоа постои, главно педагошки интерес во поимовната логика заради неговата блискост со расудувањето кое се среќава во природниот јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hammond, p. 64, "Andronicus Rhodus"
- ↑ Rutherford, Donald (2006). The Cambridge Companion to Early Modern Philosophy. Cambridge University Press. стр. 170ff. ISBN 9780521822428.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- J. Evans, 'Преглед на „Органон“ Архивирано на 23 февруари 2007 г. — белешки од предавање. (англиски)
- Аристотел — Семрежна енциклопедија на филозофијата (англиски)