Александриска библиотека
Изглед
Александриска библиотека или Кралската библиотека на Александрија се наоѓала во Александрија, Египет, и била една од најголемите библиотеки на древниот свет.
Општо се смета дека билбиотеката била оформена на почетокот на III век п.н.е., и дека е отворена за време на владеењето на Птоломеј I Сотир, или за време на неговиот син македонскиот крал на Египет Птоломеј II. Плутарх (46-120 година наша ера) запишал дека Цезар случајно ја запалил библиотеката за време на неговата посета на Александрија, во 48 година п.н.е. Како и да е, оваа верзија не е потврдена. Се смета дека библиотеката или некои нејзини делови се уништувани неколкупати, но до денешен ден деталите за овие уништувања ги немаме или пак се контроверзни..
Наводи
[уреди | уреди извор]
|