[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Историја на автомобилот

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иако возила со сопствен погон постоеле уште од 1769, вистинската автомобилска историја започнува во 1885. Автомобилската историја се дели на доба врз основа на значајните промени во дизајнот и технологијата през последниов век и четврт. Иако меѓу некои доба неможат да се исцртаат прецизни граници, автомобилите хронолошки се делат на:


Автомобилски доба (во децении)
1890 1900 1910 1920 1930 1940 1950 1960 1970 1980 1990 2000
Ветеранско Месингано Старинско Предвоено Повоено Современо
Антиквитети
Класични


Доба на изумителство

[уреди | уреди извор]
1895 Бенц Фело - на пазарот 20 години по првиот патентиран Бенц во 1885

Првото парно возило со сопствен погон било измислено при крајот на 17 век. Фламанскиот свештеник Фердинанд Вербист во 1678 го демонстрирал својот парен автомобил. Овој автомобил бил направен за кинескиот цар. Никола Кињо успешно го демонстирал своето возило во 1769. Кињовото возило не нашло примена во Франција во тоа време, и затоа центарот на иновацијата се префрлил во Велика Британија, каде Ричард Тревитик во 1801 ја демонтрирал првата локомотива. Ваквите возила биле во мода, и през следните декади истите биле подобрувани со рачни кочници, менувачки кутии и подобрена брзина и управување. Некои од нив се користеле за јавен превоз, сè додека не бил донесен законот покрај секое возило да оди човек со труба и црвено знаме. Ова практично го сосекло развојот на таквите возилата во таа земја речиси сè до крајот на 19 век. Законот за црвеното знаме не бил укинат сè до 1896.

1870, Виена, Австроунгарија: првото возило на бензин, т.н. „Прв Маркусов автомобил“

Околу 1870 во Виена, изумителот Зигфрид Маркус вградил внатрешен мотор на течно гориво на едноставна рачна количка и со тоа станал првиот човек кој направил возило на бензин. Денес овој „автомобил“ е познат како „Прв Маркусов автомобил“.

Во 1883 Маркус добил патент за нисковолтажно магнетно палење - во Германија. Овој дизајн бил искористен и во понатамошните мотори, и, се разбира, кај салавниот „Втор Маркусов автомобил“ од 1888/89 год. Овој втор автомобил се сметал за мошне иновативен благодарение на палењето, заедно со „карбураторот со вртлива четка“.

„Втор Маркусов автомобил“ од 1888

Првиот автомобилски патент во САД му бил доделен на Оливер Еванс во 1789. Подоцна, во 1804, Еванс го демонстрирал своето прво возило, кое не бил само првиот автомобил во Америка, туку и првото водоземно возило во светот

Белгиецот Етјен Леноар изработил автомобил со внатрешно согорување во 1860, но истото работело на газија. Неговиот експеримент траел 7 милји (11.26 км), но потребни му биле 3 часа за да ги извози; тоа растојание се проаѓа побрзо пешки. Леноар никогаш повеќе не пробал да експериментира со автомобили. Французите тврдат дека Дебутевил-Деламар бил успешен; затоа тие ја сметаат 1884 за годината на изумувањето на автомобилот.

Општоприфатено е дека првите вистински автомобили користеле бензин како гориво за нивните мотори со внатрешно согорување. Овие први автомобили биле изработени речиси едновремено од страна на неколку германски изработувачи кои работеле самостојно: Карл Бенц го направил својот прв автомобил во 1885 во Манхајм. На 29 јануари 1886 нему му бил доделен патент за возилото, додека веќе во 1888 тој почнува со производство. Накратко потоа, Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах во 1889 година во Штутгарт направиле автомобил сосема од нула, наместо да адаптираат кочии за таа намена. Тие исто така го измислиле првиот мотоцикл во 1886. Многу пред тоа, австриецот Зигфрид Маркус во 1870 во Виена успеал да направи едно примитивно возило со придодавање на мотор на рачна количка, иако не може да се утвди дали ова возило воопшто било кога се има придвижено. Маркус никогаш не ни пробал да го пријави возилото за патентирање. Првите бензински автомобил на четири тркала направени во Британија биле изведени во Бирмингем во 1895 од страна на Фредерик Вилијам Ланкастер кој исто така ги патентирал и првите диск-кочници.

Ветеранско доба

[уреди | уреди извор]
In My Merry Oldsmobile, песнарка со Олдсмобил Закривена конзола на корицата како и облека за возење од тоа време
Главна статија: Ветерански автомобил

Првиот произведувач на автомобили бил Карл Бенц во 1888 во Германија и под негова лиценца, во Франција, Емил Рожер. Веќе во 1900 масовното производство на автомобили започнува во Франција и САД. Првата компанија основана специјално за призводство на автомобили била Панхар и Левасор во Франција (1889). Две години потоа Пежо доаѓа на пазарот. Во САД, браќата Чарлс и Френк Дурјеа ја основале компанијата Дурјеа Мото Вагон во 1893 и со тоа станале првите американски производители на автомобили. Меѓутоа во оваа доба на автомобилско производство доминантниот произведувач бил Олдсмобил. Веќе во 1902 тие започнале со вистинско масовно производство. Во рок од една година, Кадилак (формирана од компанијата Хенри Форд), Винтон и Форд произведувале илјадници автомобили годишно.

Во рок од неколку години, огромен асотриман на технологии почнале да се произедуваат ширум западниот свет. Парните, електричните и бензинските автомобили се натпреварувале со децении, со финалната победа на бензинските автомобили во 1910-тите. Во овој период се дизајнирале автомобили со двојни, па дури и со четвороструки мотори. Исто така почнале да се призведуваат автомобили со најразлични работни зафатнини, од мали, па сè до мотори со преку 12 литра. Многу современи напредоци како бензинско-електрични хибриди, повеќевентилски мотор, брегаста осовина и погон на четири тркала, биле пробани и отфрлени во ова време.

Иновацијата била брза и бујна, без јасно исцртани стандарди за конструкции на автомобилите, нивните школки, материјали за изработка или начин на управување. На пример, многу ветерански возила користат кормилски лост наместо волан за управување и најголемиот дел од нив возеле само во една брзина. Ланчениот пренос предоминирал над современиот кардан, а затворените возила биле екстремно ретки.

На 5 ноември, 1895, Џорџ Б. Селден го патентирал двотактниот автомобилски мотор (Патент-САД 549160). Овој патент повеќе му наштетил, отколку што му користел на развојот на автомобилот во САД. Селден го лиценцирал својот патент на скоро секој произведувач на автомобили во САД, со заработка од секој произведен автомобил.

Меѓутоа през ветеанското доба, на автомобилите било гледано повеќе како на интересен новитет, отколку како на корисни машини. Расипувањата биле честа појава, горивото не било лесно достапно и брзата иновација значела дека дури и релативно новите автомобиле станувале бескорисни. Берта Бенц во 1888 му покажала на светот дека автомобилот е навистина корисна направа со тоа што пропатувала 106 км од Манхајм до Пфорцхајм. Веќе во 1903 со автомобил пројдени се целите САД.

Месингано доба

[уреди | уреди извор]
Фордовиот урнек за автомобил од Месинганото доба, Форд Т
Бугатиевиот Тип 13, високотехнолошки автомобил од Месинганото доба.
Главна статија: Автомобил од Месинганото доба

Ова доба се нарекува Месингано доба заради широката употреба на месинг во САД, Месинганото или Едвардијанското доба траело од (отрпилика) 1905 до почетокот на Првата светска војна во 1914. 1905 била важна година во развојот на автомобилот бидејќи клиентелата се префрлила од ентузијастите, на обичните купувачи.

За време на деценијата и пол која го карактеризира Месинганото доба, поставени се темелите на многу важни иновации. Иако современиот тјуринг автомобил бил измислен порано, препознатливо стандардизирани модели не се произведувале сè до изумувањето и прифаќањето на Панхард и Левасоровиот Панхардов систем. Овој систем назначува автомобили со мотори со предна позиција и задна влеча, внатрешно согорување и лизгачки пренос. Традиционалните возила во стил на кочија и чезоликите ранабаути престанале да се произведуваат и биле заменети со „тано“ стилот на изработка и други поевтини „тјуринг“ школки.

Овој период се одликува со брз развој на автомобилската технологија, што делумнос е должи на огромниот број (стотици) прроизводители кои меѓусебно се натпреварувале. Тука клучни изуми се електричното палење и електричниот (само)стартер (двете од Чарлс Кетеринг, за Кадилак во 1910-1911), независна амортизација, и кочење на летири тркала. Полуелиптичните амортизери биле широко користени, иако многу други системи сѐ уште биле во употреба. Во овој период челикот го заменува опкованото дрво како материјал за врамување. Почнале да се употребуваат и разни контроли за преносот и кочењето, со тоа дозволувајќи различни брзини, иакотогашните возила имале дискретни брзински параметри во споредба со подоцнежните возила.

Примери:

  • 19081927 Форд Т - Најпроизведуваниот автомобил од тоа време. Користел планетарен пренос и имал педален систем контроли кој би бил збунувачки за денешните возачи.
  • 19101920 Бугати Тип 13 - Значаен спортски модел со највисоката технологија од тоа време. Слични модели биле Типовите 15, 17, 22 и 23.

Првиот автомобил во Македонија

[уреди | уреди извор]
Ford Model T 1908 година во Битола

Токму во ова доба се појавува првиот автомобил во Македонија од марката Ford Model F во Битола во 1905 година.

Често се споменува Ford Model T, но Model T бил претставен дури во 1908 година.

Во 2005 година, за таа чест АМСМ организира настан наречен „100 години автомобилизам во Македонија“. На настанот дефилираа безброј олдтајмери од Македонија.


Старинско доба

[уреди | уреди извор]
Низа од автомобили Форд Модел А
Главна статија: Старински автомобил

Старинското доба траело од крајот на Првата светска војна (1919) до колапсот на берзата на крајот на 1929. За време на овој период, автомобилите со мотор со предна позиција станале доминантни со нивните затворени школки и стандардизирани контроли. Развојот во моторот со внатрешно согорување и понатаму продолжил со голема брзина. Ексклузивните модели имале повеќевентилни мотори со брегасти осовини, а ултра-богатите можеле да купат и автомобили со V8, V12, па дури и V16 мотори.

Примери:

  • 19221939 Остин 7 — Остин Седум бил едно од најимитираните возила на светот, автомобил кој практично ја започнал британската автомобилска индустрија и поставил пример (шаблон) за изработката на автомобили од БМВ до Нисан.
  • 19241929 Бугати Тип 35 — Еден од најуспешните тркачки автомобили на сите времиња со преку 1,000 победи за само 5 години.
  • 19271931 Форд A — ПО долгото производство на моделот „Т“, Форд продолжиле со развој на новиот Модел A 1927. Биле произведени повеќе од 4 милиони возила - автомобилот годржи продажниот рекорд на своето време.
  • 1930 Кадилак V-16 — Овој Кадилак имал V16 мотор и заедно со Бугати Ројал станале најлегендарните ултра-луксузни автомобили во своето време.

Предвоено доба

[уреди | уреди извор]
Бугати од 1938 Тип 57 SC „Атлантик“, урнек за ексклузивен класичен автомобил
Црн Traction Avant
Главна статија: Класичен автомобил

Предвоениот дел од класичното доба започнал со Големата депресија во 1930 и завршил со обновата по Втората светска војна кај 1948 год.

До 1930-тите, речиси целата автомобилска технологија веќе била измислена, иако некои технологии биле подоцна измислувани повторно, заслугата му била доделувана на некој друг. На пример, предниот погон бил повторно воведен од страна на Андре Ситроен со лансирањето на Traction Avant in 1934, иако истиот се појавил неколку години пред тоа кај моделите на марката Алвис и Корд, како и кај тркачките автомобили на Милер (веројатно се појавил веќе во 1897). По 1930, бројот на поризведувачи на автомобили нагло опаднал како што таа гранка на производството се соединувала и зреела.

Примери:

Повоено доба

[уреди | уреди извор]
Морис Минор Серија 2 од 1953
Олдсмобил 88 од 50-тите, со неговиот висококомпресионен „Rocket“ V8 мотор
Јагуар E-тип купе
Главна статија: Автомобил-антиквитет

По Втората светска војна автомобилскиотр дизајн конечно излегол од сенка во 1949, годината во која во САД почнале да се произведуваат V8 мотори со висока компресија и современи школки од страна на Генерал Моторс' Олдсмобил и Кадилак. Форд Конзул со неговата Монококно/коленаста амортизација му се приклучил на Морис Минор (1948) и Ровер P4 (1949) во освојување на британскиот пазар. Во Италија, Енцо Ферари штотуку започнал со неговата серија 250, а истовремено Ланча ја произвеле својата револуционерна Аурелиа со V6 мотор.

През 1950-тите години, моторната мооќ и брзината на автомобилите се зголемила, дизајните станале поинтегрирани и попроникливи, и автомобилите се рашириле низ светот.

Пазарот се променил за време на 1960-тите, кога Детроит почнал да се вознемирува заради конкуренција од странство и европските пазари се привикнале на повисока технологија, и Јапонија станала сериозен производител на автомобили. Генерал Моторс, Крајслер и Форд решиле да почнат со производство на радикално мали возила како A-школките, но за жал не биле успешни. Затоа многу помпании биле купени од поголеми компании. Така, до крајот на таа декада, светот на производство на автомобили станал многу помал.

Од технолошки аспект, најголеми напредоци од тоа време биле користењето на независна амотризација, поголема примена на директно вбризгување и сè поголем фокус на безбедноста. Најинтересните технологии во 1960-тите биле Ванкеловиот мотор на НСУ, гасната турбина и турбополначот. Од овие, само последната технологија, популаризирана од страна на БМВ и Сааб, се нашла во широка употреба. Малата Мазда била многу успешна со нивниот вртежен мотор, но истите биле многу погодени од големите критика заради загадувањето. Други мотори по Ванкелов патент како Мерцедес-Бенц и Генерал Моторс никогаш не почнале со производство на нивните дизајни. Ровер и Крајслер произведувале експериментални турбински автомобили без посебен ефект.

Примери:

  • 19481971 Морис Минор – Популарен повоен автомобил извезуван ширум светот.
  • 19491968 Олдсмобил 88 — Овој модел бил првиот висококомпресионен V8 автомобил достапен на масите, со тоа што ја приготвил трасата за добата на мусулните автомобили.
  • 1958-1967 Шевролет Импала- еден од најуспешните американски автомобили во своето време. Секој нов модел бил подеднакво успешен.
  • 19592006 Мини — Ова е урнек за малиот автомобил кој траел четири декади и е еден од најпопуларните автомобили на сите времиња.
  • 19611975 Јагуар E-тип — овој автомобил го поставил стандардот на фирмата во 1960-тите.
  • 19621977 БМЦ ADO16 — исклучително популарен, но плагијаторски автомобил во Британија.
  • 19621964 Ферари 250 GTO — Првиот суперавтомобил. Ги доминирал тркачките патеки во 1960-тите.
  • 1966-1972 Доџ Чарџер еден од најсилните најпосакуваните мускулни автомобили на сите времиња.
  • 19641970 Форд Мустанг — еден од најколекционерските автомобили на сите времиња.
  • 19641974 Понтијак GTO — Архетипен мускулен автомобил.
  • 1969-1980 Понтијак Транс Ам- популарен моќен автомобил без голема потрошувачка.
  • 1969 Датсун 240Z — Еден од првите јапонски спортски автомобили кои биле хит во САД. Овој модел бил приуштив, квалитетен, добро продаван и наградуван на патеките.
  • 19751976 Кадилак Серија 70 — Еден од најголемите автомобили во историјата, со најголемиот и најмалку ефикасен мотор на совремието; Пример за проблемите на американската автоиндустрија во 1970-тите.

Современо доба

[уреди | уреди извор]
1986 ФВ Голф Mk.2
1993 Форд Ескорт караван
ZJ Џип Гранд Чероки

Современото доба се смета за 25-те години кои и претходат на моменталната година. Меѓутоа, постојат разни технички и дизајнерски аспекти кои го диференцираат современиот автомобил од антиквитетот. Без да ја сметаме иднната на автомобилот, современото сдоба се одликува со сè поголема стандардизација, делење на платформи и компјутеризиран дизајн.

Некои особено значлителни напредоци во ова доба се широката употреба на предна влеча и погон на четири тркала, прифаќањето на V6-моторската конфигурација и сеприсутноста на директното вбризгување. ДОдека сите овие напредоци најпрвин биле пробани во претходните доба, денес се многу чести и лесно е да се пропушти нивното значење. Речиси сите современи патнички возила се монококни дизајни со преден погон со попречно поставени мотори, но овој дизајн се сметал за радикален само 20 години пред тоа.

Во современото доба стилот на школките се има сменето исто така. Три типа се предоминантни на денешниот пазар: хечбек, комбе и теренско возило и сите се релативно нови дизајни. Постојат и други кои некогаш постоеле во еден облик, но денес мутирале во друг; теренски автомобил и спортски караван. Надоаѓањето на пикапите во САД and и на теренските возила низ светот јо има променето ликот на автомобилите.

Современото доба исто така се одликува и со акцент на горивна ефикасност и моторни перформански. Одкога загадувањето било згрижено во 1970-тите со компјутерски системи за мотори, моќта на автомобилите нагло се наголемила. Ако во 1980-тите, моќен спортски автомобил имал 200 кс (150 kW)—само по 20 години, просечни патнички возила имаат така моќни мотори, а некои спортски модели имаат и трипати по толку сила.

Примери: