Извор (Берско)
Извор Λευκόπετρα | |
---|---|
Координати: 40°27′N 22°13′E / 40.450° СГШ; 22.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 290 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 59 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Извор (грчки: Λευκόπετρα, Левкопетра; до 1953 година Ίσβορος, Изворос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е оддалечено 10 километри јужно од градот Негуш, од источната страна на патот што води кон Кожани, на надморска височина од 290 метри, а во непосредна близина на левиот ракав на реката Бистрица.[3] Сместено е на јужните падини на планината Каракамен.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото е доста старо, но било уништено за време на Негушкото востание во 1822 година. Било обновено во триесеттите години во XX век, кога биле сместени дваесетина бегалски семејства. Како такво, првпат е регистрирано во пописот од 1940 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Дел од атарот на селото се наводнува од водите на реката Бистрица, поради што има услови за земјоделство. Главно во селото се произведува овошје (најчесто јаболка), пченица и други земјоделски производи, а населението сосема делумно се занимава и со сточарство.
Население
[уреди | уреди извор]По повторното населување на селото, овој пат со грчки бегалски семејства, селото за првпат се појавува во пописот од 1940 година, кога било забележано со 72 жители. Во пописот од 1951 година има 127 жители, во 1961 година има 124 жители, во 1971 година 71, во 1981 година 50, а во 1991 година 72 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 51 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 59 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 72 | 127 | 124 | 71 | 50 | 72 | 51 | 59 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Топљани, во кој покрај селото Извор се наоѓа и селото Топљани.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσβορος -- Λευκόπετρα
- ↑ Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11–12.
|