Зенде
Зенде
Sehnde | |
Поглед на Градското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 15 |
Градоначалник | Олаф Крузе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 103,44 км2 |
Надм. височина | 53 м |
Население | 24.157 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 234 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31319 |
Повик. бр. | 0 51 38 0 51 32 (Илтен) |
Портал | www.sehnde.de |
Местоположба на градот Зенде во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°18′58″N 9°57′51″E / 52.31611° СГШ; 9.96417° ИГД |
Зенде (германски: Sehnde) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри југоисточно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија
[уреди | уреди извор]Зенде се граничи (почнувајќи југозападно, надесно) со Лацен, Хановер и Лерте, како и со Хоенхамелн (округ Пајне) и Алгермисен (округ Хилдесхајм).
Историја
[уреди | уреди извор]Целата област со векови била земјоделска, додека не биле откриени големи количини на сол и поташ кон крајот на XIX век. Неколку рудници биле ископани, првиот кај Густавсхал во Хоенфелс во 1896 година. Во текот на XX век, Зенде и Илтен биле главни корисници за рудниците, додека не бил затворен и последниот во 1995 година. Од 1950-тите години, поголемиот дел од областа се претворил во зона за домување поради близината на Хановер.
Зенде бил создаден во 1974 година со спојување на поранешните 15 општини: Билм, Болцум, Долген, Еверн, Гретенберг, Хајмар, Хефер, Илен, Клајн Лобке, Милинген, Ретмар, Зенде, Васел, Веминген и Виринген. Зенде ги добил градските права во 1997 година.
Политика
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 33 членови. Алтернатива за Германија на општите избори во 2016 година освоиле четири места, но имала само три кандидати поради што 34. место во советот останало празно. Градоначалникот е исто така член на советот, но не припаѓа на ниедна партија.
Советот е составен од следниве членови:
CDU | SPD | AfD | Зелени | Левица | FDP | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
13 места | 12 места | 3 места | 3 места | 1 место | 1 место | 33 места |
Култура
[уреди | уреди извор]Поранешниот рудник за поташ Хоенфелс во Веминген е дом на германскиот музеј за трамвај.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Средиштето на градот
-
Евангелистичката црква
-
Средногерманскиот Канал кај Зенде
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Зенде на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|