Ентаза
Кај архитектурата, ентаза е техника на дизајнирање која се користи за созбивање на извесна оптичка мамка. Кога еден столб или друг елемент се гради со паралелни страни, тие страни изгледаат како да се малку закривени. Ентаза е примената на мала крива која се витка нанадвор, правејќи ги страните непаралелни за да се созбие овој оптички ефект. Освен во храмот, подот под него има закривеност. Целта, малку парадоксно, е да се даде изглед на прави линии со употреба на криви и оптичка мамка.
Веројатно првата примена на ентазата била при изградбата на египетските пирамиди, но исто така може да се види и кај грчките дизајни на столбови од класичното доба, како на пример кај храмовите од Дорски ред во Сегеста, Селин, Агриенто и Пестум. Истава техника се употребувала исклучително ретко кај хеленистичката и римската архитектура. Храмовите од овие периоди биле повисоки од грчките, со подолги и повитки столбови. Славни архитекти како Ренесансниот мајстор Андреја Паладио исто така ја применувале оваа техника на нивните згради.
Во последно време, автомобилскиот производител Ролс-Ројс ја користи оваа техника за решетките на ладилниците на своите автомобили.
Литература
[уреди | уреди извор]- Thomä, Walter: Die Schwellung der Säule (Entasis) bei den Architekturtheoretikern bis in das XVIII. Jahrhundert. Dresden 1915.