[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Елгон

Координати: 01°07′06″N 34°31′30″E / 1.11833° СГШ; 34.52500° ИГД / 1.11833; 34.52500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Елгон
Вагаги
Највисока точка
Надм. вис.4321 м [1]
Ranked 17th in Africa
Истакнатост2458 м [1]
Изолираност339 км [2]
Заведена какоUltra
Координати01°07′06″N 34°31′30″E / 1.11833° СГШ; 34.52500° ИГД / 1.11833; 34.52500[1]
Друго имеВагаги
Географија
Елгон на карта

Карта

ТопокартаMount Elgon Map and Guide[3]
Геологија
Старост на карпатаMiocene origin
ВидShield volcano
Последен избувнепознато
Искачување
Прво освојување1911 by Kmunke and Stigler
Најлесен патScramble

Елгон — огромен, древен, кој ерозирал, заспан стратовулкан кој се наоѓа помеѓу Уганда и Кенија, на 100 километри североисточно од езерото Викторија. Елгон е најстара и најголема самостојна вулканска планина во Источна Африка. Основата на вулканот е најобемна во светот, а купата му е еден од најголемите. Елгон е четврта највисока планина во Источна Африка и осма во Африка. Планината е од витално значење за социјалниот и економскиот развој на областа и обезбедува вода за милиони луѓе во Уганда и Кенија. Поради богатството на ендемски растенија и животни, Елгон е исто така важна зона за заштита на видовите. Плодните почви и поволната клима нудат значителен земјоделски потенцијал, што привлекува нови доселеници.

Планината во основа е сместена на површина од приближно 80/40 км. Се издига во рамнина, околу 1200 метри надморска височина. Со своите повеќе од 4000 km2, Елгон има најголема вулканска основа во светот. Иако не е највисока кај вулканите во Источна Африка, таа е помеѓу најголемите според обемот. На врвот завршува со една голема купа со пречник околу 8 километри кој зазима приближна површина над 40 км2 и е опкружена со неколку врвови. На работ на купата се петте највисоки врвови во планината со висина над 4000 м. И покрај висината на планината, просечниот наклон на неговите падини е не повеќе од 4 степени.

Овде можат да се видат прекрасни водопади, огромни пештери, живописни врвови, клисури и топли извори кои имаат температура околу 48° С. На исток и југоисток на околу 1.890 метри релјефот непречено се соединува со висорамнината Uasin Gishu, а на запад и северозапад доминирааат спектакуларни карпи на 1.100 метри надморска височина од страна на рамнините на Источна Уганда. Морените во горната зона обезбедуваат доволно докази за некогашниот заледен регион. На нерамниот под на купата постојат значајни мочуришта кои се исушиле од реките Суам и Туркуел. На падините постојат и голем број помали потоци.

Границата меѓу двете земји поминува низ купата на вулканот, од кои ооколу 2/3 се во Уганда и 1/3 во Кенија. Од страната на Кенија се организирани три еколошки зони - Национален парк Монт Елгон, Национален резерват Чепкитале и Шумски резерват Монт Елгон. На страната на Уганда, планината од 1951 година била прогласена за резерват и од 1992 година е национален парк. Ова создало широк прекуграничен заштитен простор. Во 1993 година местоположбата била картирана и биле спроведени студии за биоразновидноста на планините.

Највисоките врвови на планината, кои се над 4000 метри, се следните:

  • Вагагај - 4321 м - на западниот раб, втор по големина во Уганда
  • Судек - 4302 м - на јужниот раб на Кенија
  • Коитобос - 4222 м - на источниот раб на Кенија
  • Мубиј - 4211 м - на западниот раб на Уганда
  • Масаба - 4161 м - на западниот раб на Уганда

Највисокиот врв Вагагај за првпат бил освоен во 1911 година од Кмунке и Стиглер а вториот по височина Судек - уште во 1890 година од Фредерик Џексон, Ернест Гејџ и Џ. Мартин.

На падините на планината постојат серија пештери кои не се од вулканско потекло. Кениската пештера е најпосетуваното место, каде што слоновите и другите големи животни влегуваат за минерални соли во текот на ноќта. Бидејќи пештерата не е голема, со секое движење внатре во беа, тие придонесуваат за нејзино проширување. Пештерата станала озлогласенаи кога била вклучена во книгата на Ричард Престон „The Hot Zone“, во која се опишани два случаи на марбургска хеморагична треска кај луѓето кои влегувале во неа.

Во внатрешноста на планината од страната на Уганда се наоѓа одморалиште наречено Капквата и Центарот за истражување на шумите Капкваи. Центарот организира четиридневна програма за училишни групи до 30 луѓе, која им овозможува на децата да научат за важноста на заштитата на животната средина. На падините на планината постојат неколку водопади и топли извори. 66 км од градот Мбале во Уганда, на патот кон Истражувачкиот центар за шуми, се наоѓаат импресивните водопади Сипи.

Геологија

[уреди | уреди извор]

Се верува дека првата ерупција на вулканот Елгон се случила пред повеќе од 24 милиони години. Сместен на пенеплен од предкамбриско потекло, тој претставува практично еднаква, на некои места слабо ридско површина, формирана на местото на древни планини. За време на леденото време, планината одржувала бројни ледници кои се спуштале надолу со висина од 3400 метри.

На падините на Елгон можат да се следат неколку застанати лавини текови, претставувајќи еродирани вулкански туфи кои го зафаќаат поголемиот дел од обемот на планината. Лавините се протегаат на површина на околу 3.200 km2 и се состојат претежно од фрагментирани карпи и само мала количина на површна лава.

Некогаш Елгон била највисоката планина во Африка, со висина околу 5.895 метри, додека највисоката точка на континентот денес врв Ухуру во Килиманџаро, кој е висок 5.892 m. Милиони ерозии ја намалиле висината на планината, и го поместиле на осмо место според овој индикатор на континентот.

  1. 1,0 1,1 1,2 Africa Ultra-Prominences Peaklist.org. Retrieved 2012-01-11.
  2. [1] peakbagger.com, retrieved 19 March 2017
  3. Mount Elgon Map and Guide (Map) (1st. изд.). 1:50,000 with mountaineering information. EWP. 1989. ISBN 0-906227-46-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]