[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Елад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елад
Округ Централен
Управа Град (од 2008)
хебрејски אלעד
Население 48,763 (2019)
Површина 2,756 dunams (2.756 km2; 1.064 ми)
Основан 1998
Мреж. место http://www.elad.muni.il
Поглед кон Елад

Елад (хебрејски: אלעד) е град во Израел. Градот е нов и се наоѓа во Централниот округ. Елад е изграден на местото на пораеншното арапско село Ал Музајрија.[1] Градот се наоѓа на 25 километри источно од Тел Авив и има население од 48.763 жители според податоците од 2019 година. Елад е единствено место во Израел кое е определено како „верска заедница“.

Елад на хебрејски јазик значи „Засекогаш Бог“. Сепак, името е исто така дадено по член од племето на Ефрем (еден од 12 основачи, односно потомци на Израил), кој пак живеел во тој регион.[2]

Карта на Елад од 2018 врз карта на Ал Музерија од 1941 (горе) и Карта на Ал Музерија од 1941 (долу).

Изградбата на Елад започнала во доцните 1990-ти, откако владата во 1990 година донела одлука да се изградат серија на населби покрај Западниот Брег.[3] Се планирало да се направат живеалишта за околу 50.000 жители.[4] Градот бил изграден од ново како планирана заедница. За разлика од околните планирани населби во Израел, Елад бил планирал за ултраортодоксни и ортофоксни Евреи. Така, градот е направен според нивните верски потреби, особено во однос на просторот за живеење и многудетни семејства.

Веќе во 1998 година Елад се стекнал со статус локален совет, а во 2008 со статус на град.[5]

Население

[уреди | уреди извор]

Елад е еден од најбрзо растечките градови во Израел со годишен природен прираст од 6 до 7 проценти. Густината на населението е 13.1 жител на километар квадратен.[6]

  1. Kadman, Noga (7 September 2015). Erased from Space and Consciousness: Israel and the Depopulated Palestinian Villages of 1948. Indiana University Press. стр. 22–. ISBN 978-0-253-01682-9. The urban community of El'ad, set up in 1998, has expanded over the site of the village of Al-Muzayri'a
  2. Bitan, Hanna: 1948-1998: Fifty Years of 'Hityashvut': Atlas of Names of Settlements in Israel, Jerusalem 1999, Carta, p.6, ISBN 965-220-423-4 (Hebrew)
  3. Shefer, Shlomi (2002-08-05). „A star settlement is born. In these hard economic times, Elad seems to be the only place that's booming as the ultra-Orthodox are flocking to its green spaces and relatively low house prices“. Haaretz.
  4. Greenberg, Harry (19–26 September 2002). „City Development in Israel“ (PDF).
  5. Fendel, Hillel (2008-02-06). „Ten-Year-Old Hareidi-Religious Community of Elad Named a City“. Arutz Sheva.
  6. „Population and Density per Sq.Km in Localities Numbering 5,000 Residents and more on 31 XII 2009“. Israel CBS. 2009-12-31. Архивирано од изворникот на 2011-09-21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]