Евгени Хачериди
Евгени Хачериди | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 јули 1987 | ||
Роден во | Мелитопол, Украина | ||
Висина | м | 1,98||
Позиција | центарлен одбранбен и десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Динамо Киев | ||
Број | 34 | ||
Младинска кариера | |||
ФК Динамо Киев-2 | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006- | Олком | 25 | (1) |
2006–2008 | → Волин (позајмен) | 24 | (2) |
2008- | Динамо Киев | 76 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2009- | Украина | 28 | (3) |
* Ажурирано на: 14 февруари 2013 ** Ажурирано на: 14 февруари 2013 |
Евгени Григорович Хачериди (роден на 28 јули 1987) — украински фудбалер, дефанзивец на Динамо Киев и Украинската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Тој започнал да игра фудбал во Мелитопољскиот клуб Олком. Во сезоната 2006-2007 бил на заем во екипата на Волин во Втората лига на Украина. Клубот од Лутск бил заинтересиран за талентираниот играч и во летото 2007 година, го откупил неговиот договор.
Во јануари 2008, Евгени се преселил во Динамо Киев, за кој дебитирал на 1 март 2008 во натпреварот против Днипро (1:3 за Динамо). Сумата на трансферот изнесувала 700.000 евра.
Своето деби за сениорскиот тим го имал на 13 септември 2008 во натпревар од Купот на Украина својот прв клуб Олком (победа со 5-0), влегувајќи како замена по 56 минути, на местото на Флорин Чернат.
Дебито во Премиер лигата Хачериди го имал на 18 јули 2009, во натпревар против Чорноморец. Натпреварот завршил 5-0 за Динамо, а Евгени ги одиграл сите 90 минути.
Првиот гол за Динамо Евгени го постигнал на 16 август 2009, во рамките од 1/16 на Украинскиот куп против Арсенал Киев. Голот дошол по корнерот кој го извел Олег Гусев, за Хачериди со глава да ја погоди мрежата на противникот и да му помогне на својот тим да дојде до победа од 2-1 која ги води во следната рунда од натпреварувањето.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Тој го направил своето репрезентативно деби за селекцијата на Украина против Англија во победата со 1-0, на Днипро Арената на 10 октомври 2009 година, играјќи го целиот натпревар во одбраната заедно со Олександр Кучер и Јарослав Ракитски[1] Тој, исто така играл во последниот натпревар од групната фаза против Андора во Андора Ла Велја, што завршил со победа од 6-0 на Украина. Бидејќи Украина завршила како втора во групата, зад Англија, тие требало да играат плеј-оф натпревар за пласман на Светското првенство 2010 против земјата од која потекнуваат родителите на Хачериди - Грција. Првиот натпревар во Атина завршил без голови 0-0. Сепак, Украина не успеала да избори место на првенството, бидејќи во реваншот, кој се одиграл на Донбас Арената, тие загубиле со 1-0 а стрелец на единствениот погодок бил Димитрис Салпингидис. Тој исто така бил во составот на својата репрезентација и за Европското првенство 2012 на кое украинците бил ко-организатори заедно со Полска. Украина испаднала од турнирот веќе после првата фаза, откако завршиле со една победа и два порази во групата D.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ WCQ Player Ratings: Украина 1–0 Англија Архивирано на 6 јуни 2012 г. – goal.com 10 October 2009