[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Еагар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Еагар (грчки јазик: Οἴαγρος) е личност од старогрчката митологија.

Митологија

[уреди | уреди извор]

Бил тракијски крал, син на Ареј или Хароп.[1] Некои извори како негови родители ги споменуваат Пијер и нимфата Метона.[2] Му се придружил на Дионис на неговиот поход на Индија, но пред сè останал запаметен како татко на Орфеј.[1] Како мајка се споменува музата Калиопа[3] и Полихимнија[4]. Со една од нив,го имал и синот Лин, а му се припишува за син и Марсија, кој го имал со Хијагнида.[1] Бил миленик на музите.[2] Орфејовите сестри некогаш се нарекувале Еагриди, што значело музи.[5] За Еагар пишувале Аполодор, Диодор, Хигин и Нон.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: Dictionary}-; -{Nyctimus to Orthosie}-
  2. 2,0 2,1 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  3. -{theoi.com: Mousa Kalliope}-
  4. -{theoi.com: Mousa Polyhymnia}-
  5. „-{Greek Myth Index: Oeagrus}-“. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 2018-02-24.