[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Едвин ван дер Сар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едвин ван дер Сар
Лични податоци
Полно име Едвин ван дер Сар
Роден на 29 октомври 1970(1970-10-29)(54 г.)[1]
Роден во Ворхаут, Холандија[2]
Држава Холандија Холандија
Висина &100000000000001990000001,99 м[3]
Играчки податоци
Позиција голман
Сегашен клуб Ајакс Ајакс (извршен директор)
Повлекување 2016 (46 г.)
Младинска кариера
ВВ Нордвајк
Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1999 Ајакс Ајакс 226 (1)
1999-2001 Јувентус Јувентус 66 (0)
2001-2005 Фулам Фулам 127 (0)
2005-2011 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 186 (1)
2016 ВВ Нордвајк 1 (0)
Репрезентација
1995-2008 Холандија Холандија 130 (0)
* Ажурирано на: 23:19, 22 мај 2011 (UTC)

Едвин ван дер Сар (29 октомври 1970) — поранешен холандски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Тој играл за Ајакс, Јувентус, Фулам, Манчестер Јунајтед и ВВ Нордвајк и се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Во својата неверојатно богата кариера тој освоил 26 титули, вклучувајќи и двапати Лигата на шампионите во сезоната 1994-1995 со Ајакс и 13 години подоцна со Манчестер Јунајтед.

Со 130 настапи за холандската репрезентација, Ван дер Сар е втор по бројот на настапи за Орање; тој долго бил на чело на оваа листа сè до 2017 година кога Весли Снејдер го престигнал. Својата репрезентација тој ја претставувал на три Светски (Светското првенство 1994, Светското првенство 1998, Светското првенство 2006) и четири Европски првенства (1996, 2000, 2004 и 2008).

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој е оженет од 2006 година со Анемари ван Кестерен. Двојката има две деца: Џо, голман на РКЦ Валвајк роден во 1998 година, и Лин, родена во 2000 година.

Тој е амбасадор на фондацијата „Make-A-Wish“, добротворна организација која се грижи за болни деца

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар ја започнал кариерата во ВВ Нордвајк, а на возраст од 19 години, тој го привлекол вниманието на тренерот Луј ван Гал, кој последователно го довел во Ајакс во 1990 година. Во овој клуб тој бранел речиси една деценија до 1999 година, помагајќи им на копјаниците да освојат четири холандски првенства, три титули во Купот на Холандија, три Суперкупа на Холандија, Лигата на шампионите во сезоната 1994-1995, Купот на УЕФА во сезоната 1991-1992, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.

Во 1999 година тој се преселил во италијанскиот Јувентус, за 17 милјарди италијански лири. Тој станал првиот не-италијански голман во историјата на Јувентус. Ван дер Сар бил прв избор на голот на Јувентус и во двете сезони во кои го носел дресот на клубот од Торино, но за жал без поголеми успеси. Во тие две сезони под водство на Карло Анчелоти, Јувентус двапати завршил втор во Серија А иако и во двата случаја имал најдобра одбрана во лигата, за што своеврстен придонес имал и Ван дер Сар. По доаѓањето во Јувентус на Џанлујџи Буфон во летото 2001 година (за рекордна трансфер - сума за голман), Ван дер Сар го загубил своето место во тимот и побарал заминување.

Ван дер Сар играјќи за Манчестер Јунајтед.

На 1 август 2001 година, тој потпишал за новиот член на англиската Премиер лига, Фулам, за 7 милиони фунти. Тој го бранел голот на Фулам од 2001 до 2005 година, од каде што потоа се преселил на Олд Трафорд за да игра за англискиот великан Манчестер Јунајтед за само 2 милиони фунти. За црвените ѓаволи бранел до 2011 година, помагајќи им да освојат четири титули во Премиер лигата, Лига купот, три ФА Комјунити Шилд натпреварувања, Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008 и Светското клупско првенство 2008. Неговиот тогашен менаџер од Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон го нарекол Ван дер Сар најдобриот голман на Јунајтед од Петер Шмајхел.[4]

Во неговата кариера ван дер Сар бил награден со многу поединечни признанија, вклучувајќи го признанието за најдобар голман во Европа во 1995 и 2009 година, како и најдобар голман на УЕФА во 2009 година. Во сезоната 2008-2009, како голман на Манчестер Јунајтед, тој ја сочувал својата мрежа 1,311 минути без примен гол, со што поставил рекорд по бројот на минути без примен гол во Премиер лигата и избил на четврто место на светскиот список на голмани без примен гол. Исто така, тој е најстариот фудбалер во историјата на Премиер лигата со освоена титула, правејќи го тоа на 40 годишна возраст.

Неговиот последен натпревар во кариерата било финалето на Лигата на шампионите, одиграно на 28 мај против Барселона, во кое неговиот Манчестер Јунајтед бил поразен со 3-1.

Својата кариера ја завршил во 2011 година. Сепак, на 12 март 2016 година, ван дер Сар направил кратко враќање во фудбалот за да одигра еден натпревар за неговиот некогашен младински клуб ВВ Ноордвајк. Тој одиграл еден натпревар во аматерското петто ниво на Холандија, во кој одбранил пенал и примил еден гол во ремито 1-1 против Јодан Бојс.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар бил дел од составот на Холандија на Светското првенство 1994 во САД, но не настапил на ниту еден натпревар.

Своето деби за холандската репрезентација го имал на 7 јуни 1995 година во квалификациски натпревар за Европското првенство 1996 против Белорусија. Тој бил на голот на репрезентацијата во три последователни елиминации од големите натпреварувања по изведување на пенали: Европското првенство 1996, Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000, од кои на последното Холандија била домаќин. Во квалификациите за Светското првенство 2002, Холандија не успеала да се квалификува откако завршиле како трети во квалификациската група, зад Португалија и Ирска.

Светско првенство 1998

[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар бранел на сите натпревари на Холандија за време на Светското првенство 1998, каде што тие биле елиминирани од Бразил со 4-2 на пенали по ремито 1-1. Во натпреварот за третото место, Холандија загубила од Хрватска (1-2) и останала без медал.

Во четвртфиналето против Аргентина, Ван дер Сар имал жестока расправија со Ариел Ортега, откако Ортега се обидел да симулира пенал во шеснаесетникот на Холандија за што добил жолт картон; Аргентинецот потоа го удрил Ван дер Сар со глава за што добил уште еден жолт картон и бил исклучен. Набргу по црвениот картон на Ортега, Денис Бергкамп го постигнал победничкиот гол за Холандија во победата со 2-1.

Европско првенство 2000

[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар ги започнал првите два натпревари на Холандија од групната фаза на Европското првенство 2000, но потоа претрпел повреда во завршната фаза од натпреварот против Данска, кој Холандија го добила со 3-0. Поради таа причина тој бил заменет од Сандер Вестервелд за последниот натпревар од групата против Франција.

Ван дер Сар се вратил во натпреварот од четвртфиналето, против СР Југославија но повторно беше заменет од Вестервелд во 65-тата минута, кога Холандија имала предност од 4-0. Ван дер Сар забележал уште една сува мрежа во полуфиналето против Италија, во ремито без голови, откако Франк де Бур и Патрик Клајверт двајцата не успеале да постигнат гол од пенал регуларното време од натпреварот. Така натпреварот отишол во изведување на пенали, каде иако Ван дер Сар го сопрел ударот на противничкиот капитен Паоло Малдини, Холандија постигнала само еден гол од нивните четири удари и загубила со 3-1.[5]

Ван дер Сар го завршил турнирот без да прими ниту еден гол, но бил изоставен од УЕФА „Тимот на турнирот“ во полза на французинот Фабиен Бартез и на италијанецот Франческо Толдо.[6]

Европско првенство 2004

[уреди | уреди извор]

Во натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство 2004 против Шведска кое било решено по изведување на пенали, Ван дер Сар му го одбранил ударот на Олоф Мелберг, со што Холандија победила со 5-4 и се пласирала во полуфиналето,[7] каде што биле поразени од Португалија.[8]

Светско првенство 2006

[уреди | уреди извор]
Ван дер Сар на Евро 2008.

Пред натпреварот од групната фаза на Светското првенство 2006 против Брегот на Слоновата Коска, Ван дер Сар немал примено гол во девет последователни репрезентативни натпревари. Како капитен на Холандија на овој турнир, тој го соборил рекордот по бројот на настапи за својата земја - кој бил во сопственост на Франк де Бур - во осминафиналето против Португалија каде уште еднаш португалците биле подобри од Орање затворајќи ја за холанѓаните вратата кон четвртфиналето.[9][10]

Европско првенство 2008

[уреди | уреди извор]
Едвин ван дер Сар на тренинг со Холандија пред Евро 2008.

За време на својот 37-ми роденден, Ван дер Сар бил интервјуиран од страна на холандското Радио 538 и изјавил дека има намера да се пензионира од репрезентативниот фудбал по Европското првенство 2008.[11] Пред почетокот на турнирот, тој имал клучна улога во решавањето на долгогодишниот спор помеѓу напаѓачот Руд ван Нистелрој и селекторот Марко ван Бастен.[12] Тој ја сочувал својата мрежа сува во првиот натпревар на Орање на турнирот, импресивната победа од 3-0 над Италија на 9 јуни 2008 година. На 13 јуни тој имал важен придонес и во победата со 4-1 над Франција со која бил обезбеден пласманот во нокаут-фазата. Сепак одличниот впечаток кој репрезентацијата го оставила во групата бил тотално расипан на 21 јуни, кога Холандија била елиминирана од Русија во четвртфиналето со резултат 3-1.[13] Тоа бил 16-тиот настап за Ван дер Сар во натпреварите од Европските првенства, со кој го израмнил рекордот на Лилијан Тирам од само неколку дена претходно. Заедно со 22 други играчи Ван дер Сар бил избран во УЕФА „Тимот на турнирот“.[14] По ова првенство, Ван дер Сар станал човекот со најмногу изиграни минути на Европските фудбалски првенства.[15]

Квалификации за Светско првенство 2010

[уреди | уреди извор]

На 3 октомври 2008 година, на барање на новиот селектор Берт ван Марвајк, Ван дер Сар се согласил да се врати привремено на голот на Холандија, иако веќе го објавил своето повлекување од репрезентацијата. Сепак, поради повредите на првите двајца голмани Мартен Стекеленбурк и Хенк Тимер, тој бил повикан повторно во репрезентацијата за натпреварите против Исланд и Норвешка.[16] Ван дер Сар ја сочувал својата мрежата сува и во двата натпревари, кои Орање ги доби со 2-0 и 1-0. Својот последен репрезентативен натпревар, го имал на 15 октомври 2008 во победата со 1-0 над Норвешка во Осло. Тоа бил неговиот 130 настап, рекорд за некој холандскиот фудбалер, а со тоа влегол и во првите четириесет фудбалери со најмногу настапи за својата репрезентација на сите времиња.[17] Тој бил водач по бројот на настапи за Холандија до 2017 година, кога бил престигнат од Весли Снејдер.[18]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Холандија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-6-1995 Минск Белорусија Белорусија 1 – 0 Холандија Холандија Квал. за Евро 1996 -1
6-9-1995 Ротердам Холандија Холандија 1 – 0 Белгија Белгија Квал. за Евро 1996 -
11-10-1995 Та Кали Малта Малта 0 – 4 Холандија Холандија Квал. за Евро 1996 -
15-11-1995 Ротердам Холандија Холандија 3 – 0 Норвешка Норвешка Квал. за Евро 1996 -
13-12-1995 Ливерпул Холандија Холандија 2 – 0 Ирска Ирска Квал. за Евро 1996 -
24-4-1996 Ротердам Холандија Холандија 0 – 1 Германија Германија Пријателска -1
4-6-1996 Ротердам Холандија Холандија 3 – 1 Ирска Ирска Пријателска -1
10-6-1996 Бирмингем Холандија Холандија 0 – 0 Шкотска Шкотска Евро 1996 - Прва фаза -
13-6-1996 Бирмингем Швајцарија Швајцарија 0 – 2 Холандија Холандија Евро 1996 - Прва фаза -
18-6-1996 Лондон Холандија Холандија 1 – 4 Англија Англија Евро 1996 - Прва фаза -4
22-6-1996 Ливерпул Франција Франција 0 – 0 прод.
(5 – 4 пен.)
Холандија Холандија Евро 1996 - Четвртфинале -
31-8-1996 Амстердам Холандија Холандија 2 – 2 Бразил Бразил Пријателска -2
5-10-1996 Кардиф Велс Велс 1 – 3 Холандија Холандија Квал. за СП 1998 -1
9-11-1996 Ајндховен Холандија Холандија 7 – 1 Велс Велс Квал. за СП 1998 -1
14-12-1996 Брисел Белгија Белгија 0 – 3 Холандија Холандија Квал. за СП 1998 -
26-2-1997 Сен Дени Франција Франција 2 – 1 Холандија Холандија Пријателска -2
29-3-1997 Амстердам Холандија Холандија 4 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за СП 1998 -
2-4-1997 Бурса Турција Турција 1 – 0 Холандија Холандија Квал. за СП 1998 -1
30-4-1997 Серавале Сан Марино Сан Марино 0 – 6 Холандија Холандија Квал. за СП 1998 -
6-9-1997 Ротердам Холандија Холандија 3 – 1 Белгија Белгија Квал. за СП 1998 -1
11-10-1997 Амстердам Холандија Холандија 0 – 0 Турција Турција Квал. за СП 1998 -
21-2-1998 Мајами Гарденс САД САД 0 – 2 Холандија Холандија Пријателска -
27-5-1998 Арнем Холандија Холандија 0 – 0 Камерун Камерун Пријателска -
1-6-1998 Ајндховен Холандија Холандија 5 – 1 Парагвај Парагвај Пријателска -1
5-6-1998 Амстердам Холандија Холандија 5 – 1 Нигерија Нигерија Пријателска -1
13-6-1998 Сен Дени Холандија Холандија 0 – 0 Белгија Белгија СП 1998 - Прва фаза -
20-6-1998 Марсеј Холандија Холандија 5 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја СП 1998 - Прва фаза -
25-6-1998 Сен Дени Холандија Холандија 2 – 2 Мексико Мексико СП 1998 - Прва фаза -2
29-6-1998 Тулуза Холандија Холандија 2 – 1 СР Југославија СР Југославија СП 1998 - Осминафинале -1
4-7-1998 Марсеј Холандија Холандија 2 – 1 Аргентина Аргентина СП 1998 - Четвртфинале -1
7-7-1998 Марсеј Бразил Бразил 1 – 1 прод.
(4 – 2 пен.)
Холандија Холандија СП 1998 - Полуфинале -1
11-7-1998 Париз Холандија Холандија 1 – 2 Хрватска Хрватска СП 1998 - Натпрвар за 3. место -2
10-10-1998 Ајндховен Холандија Холандија 2 – 0 Перу Перу Пријателска -
13-10-1998 Арнем Холандија Холандија 0 – 0 Гана Гана Пријателска -
18-11-1998 Гелзенкирхен Германија Германија 1 – 1 Холандија Холандија Пријателска -1
10-2-1999 Париз Португалија Португалија 0 – 0 Холандија Холандија Пријателска -
31-3-1999 Амстердам Холандија Холандија 1 – 1 Аргентина Аргентина Пријателска -1
28-4-1999 Арнем Холандија Холандија 1 – 2 Мароко Мароко Пријателска -2
5-6-1999 Салвадор Бразил Бразил 2 – 2 Холандија Холандија Пријателска -2
18-8-1999 Копенхаген Данска Данска 0 – 0 Холандија Холандија Пријателска -
4-9-1999 Ротердам Холандија Холандија 5 – 5 Белгија Белгија Пријателска -5
9-10-1999 Амстердам Холандија Холандија 2 – 2 Бразил Бразил Пријателска -2
13-11-1999 Ајндховен Холандија Холандија 1 – 1 Чешка Чешка Пријателска -
23-2-2000 Амстердам Холандија Холандија 2 – 1 Германија Германија Пријателска -1
26-4-2000 Арнем Холандија Холандија 0 – 0 Шкотска Шкотска Пријателска -
27-5-2000 Амстердам Холандија Холандија 2 – 1 Романија Романија Пријателска -1
4-6-2000 Лозана Полска Полска 1 – 3 Холандија Холандија Пријателска -1
11-6-2000 Амстердам Холандија Холандија 1 – 0 Чешка Чешка Евро 2000 - Прва фаза - дет.
16-6-2000 Ротердам Данска Данска 0 – 3 Холандија Холандија Евро 2000 - Прва фаза - дет.
25-6-2000 Ротердам Холандија Холандија 6 – 1 СР Југославија СР Југославија Евро 2000 - Четвртфинале -1 заменет 65' дет.
29-6-2000 Амстердам Италија Италија 0 – 0 прод.
(3 – 1 пен.)
Холандија Холандија Евро 2000 - Полуфинале - дет.
2-9-2000 Амстердам Холандија Холандија 2 – 2 Ирска Ирска Квал. за СП 2002 -2
7-10-2000 Строволос Кипар Кипар 0 – 4 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Ротердам Холандија Холандија 0 – 2 Португалија Португалија Квал. за СП 2002 -2
15-11-2000 Севиља Шпанија Шпанија 1 – 2 Холандија Холандија Пријателска -1
28-2-2001 Амстердам Холандија Холандија 0 – 0 Турција Турција Пријателска -
24-3-2001 Барселона Андора Андора 0 – 5 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -
28-3-2001 Порто Португалија Португалија 2 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -2
25-4-2001 Ајндховен Холандија Холандија 4 – 0 Кипар Кипар Квал. за СП 2002 -
2-6-2001 Талин Естонија Естонија 2 – 4 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -2
15-8-2001 Лондон Англија Англија 0 – 2 Холандија Холандија Пријателска -
1-9-2001 Даблин Ирска Ирска 1 – 0 Холандија Холандија Квал. за СП 2002 -1
5-9-2001 Ајндховен Холандија Холандија 5 – 0 Естонија Естонија Квал. за СП 2002 -
6-10-2001 Арнем Холандија Холандија 4 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2002 -
13-2-2002 Ротердам Холандија Холандија 1 – 1 Англија Англија Пријателска -1
27-3-2002 Ротердам Холандија Холандија 1 – 0 Шпанија Шпанија Пријателска -
21-8-2002 Осло Норвешка Норвешка 0 – 1 Холандија Холандија Пријателска -
7-9-2002 Ајндховен Холандија Холандија 3 – 0 Белорусија Белорусија Квал. за Евро 2004 -
16-10-2002 Виена Австрија Австрија 0 – 3 Холандија Холандија Квал. за Евро 2004 -
20-11-2002 Гелзенкирхен Германија Германија 1 – 3 Холандија Холандија Пријателска -1
30-4-2003 Ајндховен Холандија Холандија 1 – 1 Португалија Португалија Пријателска -1
7-6-2003 Минск Белорусија Белорусија 0 – 2 Холандија Холандија Квал. за Евро 2004 -
20-8-2003 Брисел Белгија Белгија 1 – 1 Холандија Холандија Пријателска -1
6-9-2003 Ротердам Холандија Холандија 3 – 1 Австрија Австрија Квал. за Евро 2004 -1
10-9-2003 Прага Чешка Чешка 3 – 1 Холандија Холандија Квал. за Евро 2004 -3
11-10-2003 Ајндховен Холандија Холандија 5 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за Евро 2004 -
15-11-2003 Единбург Шкотска Шкотска 1 – 0 Холандија Холандија Квал. за Евро 2004 -1
19-11-2003 Амстердам Холандија Холандија 6 – 0 Шкотска Шкотска Квал. за Евро 2004 -
18-2-2004 Амстердам Холандија Холандија 1 – 0 САД САД Пријателска -
31-3-2004 Ротердам Холандија Холандија 0 – 0 Франција Франција Пријателска -
28-4-2004 Ајндховен Холандија Холандија 4 – 0 Грција Грција Пријателска -
29-5-2004 Ајндховен Холандија Холандија 0 – 1 Белгија Белгија Пријателска -1
1-6-2004 Лозана Холандија Холандија 3 – 0 Фарски Острови Фарски Острови Пријателска -
5-6-2004 Амстердам Холандија Холандија 0 – 1 Ирска Ирска Пријателска -1
15-6-2004 Порто Германија Германија 1 – 1 Холандија Холандија Евро 2004 - Прва фаза -1
19-6-2004 Авеиро Холандија Холандија 2 – 3 Чешка Чешка Евро 2004 - Прва фаза -3
23-6-2004 Брага Холандија Холандија 3 – 0 Латвија Латвија Евро 2004 - Прва фаза -
26-6-2004 Фаро Шведска Шведска 0 – 0 прод.
(4 – 5 пен.)
Холандија Холандија Евро 2004 - Четвртфинале -
30-6-2004 Лисабон Португалија Португалија 2 – 1 Холандија Холандија Евро 2004 - Полуфинале -2
18-8-2004 Солун Шведска Шведска 2 – 2 Холандија Холандија Пријателска -2
3-9-2004 Утрехт Холандија Холандија 3 – 0 Лихтенштајн Лихтенштајн Пријателска -
8-9-2004 Амстердам Холандија Холандија 2 – 0 Чешка Чешка Квал. за СП 2006 -
9-10-2004 Скопје Македонија Македонија 2 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 -2
13-10-2004 Амстердам Холандија Холандија 3 – 1 Финска Финска Квал. за СП 2006 -1
17-11-2004 Барселона Андора Андора 0 – 3 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 -
9-2-2005 Бирмингем Англија Англија 0 – 0 Холандија Холандија Пријателска -
26-3-2005 Букурешт Романија Романија 0 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 -
30-3-2005 Ајндховен Холандија Холандија 2 – 0 Ерменија Ерменија Квал. за СП 2006 -
4-6-2005 Ротердам Холандија Холандија 2 – 0 Романија Романија Квал. за СП 2006 -
8-6-2005 Хелсинки Финска Финска 0 – 4 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 - 100,
17-8-2005 Ротердам Холандија Холандија 2 – 2 Германија Германија Пријателска -2
3-9-2005 Ереван Ерменија Ерменија 0 – 1 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 -
7-9-2005 Ајндховен Холандија Холандија 4 – 0 Андора Андора Квал. за СП 2006 -
8-10-2005 Прага Чешка Чешка 0 – 2 Холандија Холандија Квал. за СП 2006 -
12-10-2005 Амстердам Холандија Холандија 0 – 0 Македонија Македонија Квал. за СП 2006 -
12-11-2005 Амстердам Холандија Холандија 1 – 3 Италија Италија Пријателска -3
1-3-2006 Амстердам Холандија Холандија 1 – 0 Еквадор Еквадор Пријателска -
27-5-2006 Ротердам Холандија Холандија 1 – 0 Камерун Камерун Пријателска -
4-6-2006 Ротердам Холандија Холандија 1 – 1 Австралија Австралија Пријателска -1
11-6-2006 Лајпциг Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора 0 – 1 Холандија Холандија СП 2006 - Прва фаза -
16-6-2006 Штутгарт Холандија Холандија 2 – 1 Брег на Слоновата Коска Брег на Слоновата Коска СП 2006 - Прва фаза -1
21-6-2006 Франкфурт на Мајна Холандија Холандија 0 – 0 Аргентина Аргентина СП 2006 - Прва фаза -
25-6-2006 Нирнберг Португалија Португалија 1 – 0 Холандија Холандија СП 2006 - Осминафинале -1
16-8-2006 Даблин Ирска Ирска 0 – 4 Холандија Холандија Пријателска -
2-9-2006 Луксембург Луксембург Луксембург 0 – 1 Холандија Холандија Квал. за Евро 2008 -
6-9-2006 Ајндховен Холандија Холандија 3 – 0 Белорусија Белорусија Квал. за Евро 2008 -
7-10-2006 Софија Бугарија Бугарија 1 – 1 Холандија Холандија Квал. за Евро 2008 -1
11-10-2006 Амстердам Холандија Холандија 2 – 1 Албанија Албанија Квал. за Евро 2008 -1
28-3-2007 Цеље Словенија Словенија 0 – 1 Холандија Холандија Квал. за Евро 2008 -
8-9-2007 Амстердам Холандија Холандија 2 – 0 Бугарија Бугарија Квал. за Евро 2008 -
12-9-2007 Тирана Албанија Албанија 0 – 1 Холандија Холандија Квал. за Евро 2008 -
17-11-2007 Ротердам Холандија Холандија 1 – 0 Луксембург Луксембург Квал. за Евро 2008 -
6-2-2008 Сплит Хрватска Хрватска 0 – 3 Холандија Холандија Пријателска -
29-5-2008 Ајндховен Холандија Холандија 1 – 1 Данска Данска Пријателска -1
1-6-2008 Ротердам Холандија Холандија 2 – 0 Велс Велс Пријателска -
9-6-2008 Берн Холандија Холандија 3 – 0 Италија Италија Евро 2008 - Прва фаза -
13-6-2008 Берн Холандија Холандија 4 – 1 Франција Франција Евро 2008 - Прва фаза -1
21-6-2008 Базел Холандија Холандија 1 – 3 прод. Русија Русија Евро 2008 - Четвртфинале -3
11-10-2008 Ротердам Холандија Холандија 2 – 0 Исланд Исланд Квал. за СП 2010 -
15-10-2008 Осло Норвешка Норвешка 0 – 1 Холандија Холандија Квал. за СП 2010 -
Вкупно Настапи (2. место) 130 Голови -89

Спортска улога

[уреди | уреди извор]

Ван дер Сар ја презел улогата на маркетинг директор во Ајакс на 19 ноември 2012 година.[19] Во 2016 година во тој бил промовиран во улогата на извршен директор.[20]

1993-1994, 1994-1995, 1995-1996, 1997-1998
1992-1993, 1997-1998, 1998-1999
1993, 1994, 1995
1994-1995
1991-1992
1995
1995

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
1999
2002

Англија Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]
2006-2007, 2007-2008, 2008-2009, 2010-2011
2005-2006
2007, 2008, 2010
2007-2008
2008

Поединечни

[уреди | уреди извор]
1994, 1995, 1996, 1997
1995, 2009[21]
1995–1996, 2008–2009
1998[22]
1998
2006–2007,[23] 2008–2009,[24] 2010–2011[25]
2008
2008–2009[26]

  1. „Edwin Van der Sar ESPN“. Soccernet.espn.go.com. ESPN Soccernet. 3 February 2011. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 3 February 2011.
  2. „Edwin van der Sar Manchester United“. ManUtd.com. Manchester United. 3 February 2011. Посетено на 3 February 2011.
  3. White, Jim (2008). Manchester United: The Biography. London: Sphere. стр. 425. ISBN 978-1-84744-088-4.
  4. „Van der Sar pens new one-year deal at United“. ESPNsoccernet. ESPN. 15 December 2006. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 20 July 2007.
  5. Giancarlo Mola (29 June 2000). „Italia, finale da leggenda Olanda spreca e va fuori“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 18 May 2015.
  6. „UEFA Euro 2008 Information“ (PDF). UEFA. стр. 88. Посетено на 30 June 2008.
  7. „Holland end Swede dream“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 26 June 2004. Посетено на 13 August 2008.
  8. „Portugal 2–1 Holland“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 20 June 2004. Посетено на 13 August 2008.
  9. „Van Der Sar Tight-Lipped on Future“. Yahoo! Sport UK. 20 October 2007. Архивирано од изворникот на 22 October 2007. Посетено на 13 August 2008.
  10. „RSSSF International Career for Edwin van der Sar“.
  11. Scurr, Andrew (29 October 2007). „Van der Sar to quit Holland“. Sky Sports. Посетено на 29 January 2009.
  12. „Van der Sar happy to be Dutch daddy“. fifa.com. 12 June 2008. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2017-05-08.
  13. Ruizenaar, Theo (22 June 2008). „Van der Sar ends Dutch career with painful defeat“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2009-01-11. Посетено на 29 January 2009.
  14. „Manchester United close to signing keeper – David Gill“. BBC Sport. 15 May 2011. Посетено на 15 May 2011.
  15. „Edwin van der Sar most minutes played at European Championship“. TopFootball.net. 21 June 2008. Посетено на 29 January 2009.
  16. „Van der Sar makes Dutch comeback for World Cup qualifiers“. Reuters. 3 October 2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-08. Посетено на 28 October 2008.
  17. „Strikers put in the shade“. FIFA. 15 October 2008. Архивирано од изворникот на 2009-02-01. Посетено на 28 October 2008.
  18. „Wesley Sneijder breaks Netherlands caps record“. UEFA.com. 9 јуни 2017. Посетено на 4 јануари 2018.
  19. „Edwin van der Sar back at Ajax as marketing director“. 19 November 2012.
  20. „Man United icon Van der Sar bids to win Europa League final with Ajax“.
  21. „Man Utd's Edwin van der Sar to retire at end of season“. BBC Sport. 27 January 2011. Посетено на 13 September 2016.
  22. „FIFA Technical Study Group designates MasterCard All-Star Team“. FIFA.com. 10 July 1998. Архивирано од изворникот на 2014-11-29. Посетено на 17 January 2015.
  23. „Ronaldo secures PFA awards double“. BBC Sport. 22 April 2007. Посетено на 18 April 2018.
  24. „Giggs earns prestigious PFA award“. BBC Sport. 26 April 2009. Посетено на 18 April 2018.
  25. „Spurs' Gareth Bale wins PFA player of the year award“. BBC Sport. 17 April 2011. Посетено на 18 April 2018.
  26. Matt S (26 May 2009). „Van Der Sar Claims Barclays Golden Glove“. Посетено на 24 April 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Спортски позиции
Претходник
Едгар Давидс
Капитен на Холандија
2004-2008
Наследник
Џовани ван Бронхорст