[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Дескати

Координати: 39°55′N 21°48′E / 39.917° СГШ; 21.800° ИГД / 39.917; 21.800
Од Википедија — слободната енциклопедија
Дескати
Δεσκάτη
Дескати is located in Грција
Дескати
Дескати
Местоположба во областа
2011 Dimos Deskatis.png
Координати: 39°55′N 21°48′E / 39.917° СГШ; 21.800° ИГД / 39.917; 21.800
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
Надм. вис.&10000000000000878000000878 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.508
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.51200
Повик. бр.+30 24930

Дескати (грчки: Δεσκάτη) — гратче во Гребенско и административен центар на истоимената општина Дескати во денешната област Западна Македонија, Грција. Според пописот од 2001 г. населението брои 3.508 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено, меѓу планините Хасија и Камбуница, на недалеку од границата помеѓу Македонија и Тесалија. Во физичкогеографска смисла може да се смета за дел од Тесалија, бидејќи принадлежи на сливот на тесалиските реки Титарис и Пенеј. Се наоѓа 60 км источно од градот Гребен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Името „Дескати“ потекнува од влашкиот поим „дисикаре“ што значи разделување, распарчување поради тоа што во доцниот среден век местото се состоело од разни селски маала, кои со време се обединувале под ова заедничко име.

Во турско време

[уреди | уреди извор]

Од 1393 до 1423 г. подрачјето на Дескати постепено паѓа под османлиска власт.[2]

По припојувањето на Тесалија кон Кралството Грција во 1881 г. Дескати останува под власта на осмалиите во рамките на Еласонската каза. ОД 1882 до 1896 г. гратчето било центар на Дескатската епархија.[3]

Според грчка атинска статистика од 1910 г. во Дискати (Δισκάτη) живет 3.113 православни Грци.[4]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во 1912 г. местото го заземаат грчки единици, а по Втората балканска војна во 1913 г. Дескати влегува во состав на Грција.

  • 1913: 3.298 жители[5]
  • 1981: 4.436 жители
  • 1991: 4.483 жители
  • 2001: 4.028 жители
  • 2011: 3.508 жители

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка во Дескати е земјоделството, и тоа одгледувањето на пченица и тутун и сточарството.[6] Општината Дескати во целина има 6.179 хектари обработливо земјиште, 24.363 овци и кози и околу 1.000 говеда.[6] Во помала мера е застапено железарството, обработката на мермер, дрводелството и производството на градежни материјали.[6]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Славата на Дескати е Источен Петок (првиот петок по Велигден). На 21 мај свечено се одбележува празникот на црквата „Св. Константин и Елена“.[7]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Општина Дескати
  3. Σπανός, Βασίλης (2008). Συμβολή στην ιστορία της Αρχιεπισκοπής / Μητρόπολης της Δισκάτης. Mια ανέκδοτη επιστολή των κατοίκων της Δεσκάτης και την περιοχής της, προς τον Mητροπολίτη των Σερβίων (19. 6. 1882), ΚΗ ́ ΠΑΝΕΛΛΗΝΙΟ ΙΣΤΟΡΙΚΟ ΣΥΝΕΔΡΙΟ, 25 - 27 Μαΐου 2007. Πρακτικά (PDF). Θεσσαλονίκη: Ελληνική Ιστορική Εταιρεία. стр. 173–174. Архивирано (PDF) од изворникот 2014-05-03. Посетено на 2014-08-11.
  4. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 114.
  5. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Стопанство“. Општина Дескати. Архивирано од изворникот на 2014-03-29. Посетено на 18 април 2014.
  7. „Πληροφορίες τοπωνυμίου“. Турустички водич низ Грција. Посетено на 2015-01-20.