[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Џон Хикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сер Џон Хикс
Неокејнзијанска економија
Џон Хикс
Роден8 април 1904(1904-04-08)
Ворик, Англија
Починал20 мај 1989(1989-05-20) (возр. 85)
Блокли, Англија
НационалностБританец
УстановаЛондонска школа за економија
Манчестерски универзитет
Нуфилд колеџ (Оксфорд)
Алма матерБалиол колеџ (Оксфорд)
Влијанија одФридрих Хајек, Лајонел Робинс, Џон Мајнард Кејнс
Придонесимодел IS-LM
теорија на капитал, теорија на потрошувачка, теорија за општа рамнотежа, теорија за благосостојба, присилна иновација
НаградиНобелова награда за економија (1972)
Информации на IDEAS/RePEc

Сер Џон Ричард Хикс (англиски: John Richard Hicks; 8 април 190420 мај 1989) — англиски економист и еден од најважните и највлијателните економисти на XX век. Најпознато од неговите придонеси на полето на економијата биле неговите тведења за теоријата на потрошувашка во микроекономијата и моделот IS-LM (1937), кои накратко го прикажуваат кејнзијанскиот поглед на макроекономијата. Неговата книга Вредност и капитал (1939) значително ја проширила теоријата за општата рамнотежа и теоријата на вредноста. Опсежната функција на побарувачката е именувана Хиксова функција на побарувачката во негова чест.

Во 1972 година ја добил Нобеловата награда за економија (заедно со Кенет Ароу) за неговите пионерски придонеси кон теоријата за општа рамнотежа и теоријата за благосостојба.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Хикс е роден во 1904 година во Ворик, Англија. Неговиот татко бил новинар во локалниот весник.

Учел во колеџот Клифтон (1917–22) и во колеџот Балиол (1922–26) во Оксфорд преку математички стипендии. При студентските денови и во првата година во Оксфорд, специјализирал во математиката, но исто така имал интереси во книжевноста и историјата. Во 1923 година се префрлил на филозофија, политика и економија, „новата школа“ која започнала на Оксфорд, завршувајќи како втор во генерацијата и како што изјавил со „никаква квалификација за ниедна од струките“.[2]

Кариера, влијанија и почести

[уреди | уреди извор]

Од 1926 до 1935 година, Хикс предавал на Лондонската школа за економија и политички науки.[3] Започнал како трудов економист и правел описи на индустриските врски, но постепено преминувал на аналитичката страна, каде неговото математичко искуство доаѓало во преден план. Влијанијата на Хикс на Лајонел Робинс и соработниците како Фридрих фон Хајек, Рој Ален, Николас Калдор и Аба Лернер — и Урсула Веб, која во 1935 година, станала негова сопруга. За неговата лична промена изјавил: „Можам да ја одредам мојата лична револуција точно помеѓу мај и јуни 1933 година. Беше слично како. Започна... со Хајек“.[4]

Од 1935 до 1938 година предавал на Кембриџ каде бил член на колеџот Гонвил & Кај. Главно бил зафатен со пишување на книгата „Вредност и капитал“ (Value and Capital), која се засновала на работата завршена во Лондон. Од 1938 до 1946 година бил професор на Манчестерскиот универзитет. Таму ја обавил својата работа во врска со теоријата за благосостојба.

Во 1946 година се вратил на Оксфорд, првин како истражувачки член на колеџот Нуфилд (1946–52), потоа како професор по политичка економија на Драмонд (1952–65) и на крај како истражувачки член на колеџот Ол Солс (1965–71) каде продолжил да пишува по пензионирањето. Исто така бил почесен член на колеџот Линакр. Умрел во 1989 година.

Хикс добил статус на витез во 1964 година и бил добитник на Нобеловата награда за економија (со Кенет Ароу) во 1972 година. Ја донирал Нобеловата награда на Лондонската школа за економија во 1973 година.[3]

Придонеси во економската анализа

[уреди | уреди извор]

Првите дела на Хикс како трудов економист довеле до „Теоријата на платите“ (The Theory of Wages; 1932, 2. издание 1963), сè уште стандардно дело во полето. Соработувал со Рој Ален на два труда за теоријата на вредноста издадени во 1934 година.

Негово ремек-дело е „Вредност и капитал“ издадена во 1939 година. Книгата изградена на обичната корисност и правејќи ја денес вообичаената разлика помеѓу ефектот на супституција и ефектот на доход за поединецот во теоријата за побарувачка. Ја воопштува анализата во случајот на едно добро и вкупните добра, што се сите други добра. Ги собира поединеците и претпријатијата преку побарувачката и понудата во економијата. Го предвидел проблемот на агрегација, најголем за капиталните добра. Ја вовел теоријата за општа рамнотежа на англиската публика, ја изменил теоријата за динамична анализа и за првпат се обидел за стабилните услови на општата рамнотежа. При анализата, Хикс ја формализирал споредбената статика. Истата година го развил познатиот критериум за „компензација“ наречен ефикасност Калдор-Хикс за благосостојбата.

Најпознат придонес на Хикс во макроекономијата бил моделот IS–LM,[5] кој ја формализирал интерпретацијата на теоријата на Џон Мајнард Кејнс. Моделот ја опишува економијата како рамнотежа помеѓу три добра: пари, потрошувачка и инвестиции. Самиот Хикс не ја вклучил теоријата како што ја прикажал; и, во труд издаден во 1980 годија, Хикс потврдил дека пропуштил некои клучни делови на претпоставките на Кејнс, особено оние поврзани со непознатото.[6]

Избрани публикации

[уреди | уреди извор]
  • 1932, 2. издание, 1963. The Theory of Wages. Лондон, Macmillan.
  • 1934. „A Reconsideration of the Theory of Value,“ со Рој Ален, Economica.
  • 1937. „Mr Keynes and the Classics: A Suggested Interpretation,“ Econometrica.
  • 1939. „The Foundations of Welfare Economics“, Economic Journal.
  • 1939, 2. издание, 1946. Value and Capital. Oxford: Clarendon.
  • 1940. „The Valuation of Social Income,“ Economica, 7:105–24.
  • 1941. „The Rehabilitation of Consumers' Surplus,“ Review of Economic Studies.
  • 1942. The Social Framework: An Introduction to Economics.
  • 1950. A Contribution to the Theory of the Trade Cycle, Oxford: Clarendon.
  • 1956. A Revision of Demand Theory, Oxford: Clarendon.
  • 1958. „The Measurement of Real Income,“ Oxford Economic Papers.
  • 1959. Essays in World Economics, Oxford: Clarendon.
  • 1961. „Measurement of Capital in Relation to the Measurement of Other Economic Aggregates“, Lutz and Hague, Theory of Capital.
  • 1965. Capital and Growth. Oxford: Clarendon.
  • 1969. A Theory of Economic History. Oxford: Clarendon. Преглед на книгата тука
  • 1970. „Review of Friedman“, Economic Journal.
  • 1973. „The Mainspring of Economic Growth“ Архивирано на 25 април 2006 г., Nobel Lectures, Economics 1969–1980, Editor Assar Lindbeck, World Scientific Publishing Co., Singapore, 1992.
  • 1973. Автобиографија за Нобеловата награда
  • 1974. „Capital Controversies: Ancient and Modern“, American Economic Review.
  • 1975. „What Is Wrong with Monetarism“, Lloyds Bank Review.
  • 1976. Economic Perspectives. Oxford: Clarendon
  • 1979, „The Formation of an Economist.“ Banca Nazionale del Lavoro Quarterly Review, no. 130 (септември 1979): 195–204.
  • 1980. „IS-LM: An Explanation,“ Journal of Post Keynesian Economics.
  • 1981. Wealth and Welfare: Vol I. of Collected Essays in Economic Theory. Oxford: Basil Blackwell.
  • 1982. Money, Interest and Wages: Vol. II of Collected Essays in Economic Theory. Oxford: Basil Blackwell.
  • 1983. Classics and Moderns: Vol. III of Collected Essays in Economic Theory. Oxford: Basil Blackwell.
  • 1989. A Market Theory of Money. Oxford University Press.
  1. Нобелова награда за економија 1972. Nobelprize.org. 28 јули 2013.
  2. Џон Р. Хикс - Биографија. Nobelprize.org (1989-05-20). 28 јули 2013.
  3. 3,0 3,1 „Сер Џон Хикс“. Лондонска школа за економија. 13 март 2009. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 8 јули 2012.
  4. Ransom, Greg. (2009-10-10) There Shouldn’t Be A Nobel Prize in Economics – F. A. Hayek’s Nobel Banquet Speech « Taking Hayek Seriously Архивирано на 26 септември 2015 г.. Hayekcenter.org. 28 јули 2013.
  5. Hicks, J. R. (1937). „Mr. Keynes and the 'Classics', A Suggested Interpretation“. Econometrica. 5 (2): 147–159. JSTOR 1907242.
  6. Hicks, J. R. (1980). „'IS-LM': An Explanation“. Journal of Post Keynesian Economics. 3 (2): 139–154. JSTOR 4537583.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Christopher Bliss, [1987] 2008. "Hicks, John Richard (1904–1989)", The New Palgrave: A Dictionary of Economics. Апстракт

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  • John R. Hicks (1904–1989). The Concise Encyclopedia of Economics. Library of Economics and Liberty (2.. изд.). Liberty Fund. 2008.