Јист
Јист | ||
Воздушен поглед на Јист од исток | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Месни единици | 2 | |
Градоначалник | Тјарк Гергес | |
Основни податоци | ||
Површина | 16,43 км2 | |
Надм. височина | 3 м | |
Население | 1.552 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 94 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR | |
Пошт. бр. | 26557–26571 | |
Повик. бр. | 04935 | |
Портал | juist.de | |
Местоположба на Јист во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°40′43″N 6°59′51″E / 53.67861° СГШ; 6.99750° ИГД |
Јист (германски: Juist; долногермански: Juist) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Боркум (запад), Мемерт (југозапад) и Нордернај (исток).
Островот е долг 17 километри, а широк од 500 до 1000 метри, во зависност од водостојот на плимата. На островот постојат две села: главното село Јист и Лог. Островот е одвоен од Норденај со морскиот премин Нордернај („гат“).
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Јист е германски остров во јужниот дел на Северното Море, кој припаѓа на островската група Источнофризиски Острови и на Источна Фризија. Јист има површина од 16,43 км2. Најголемата оддалеченост од копното е околу осум километри. На запад од Јист се наоѓа островот Боркум, додека на југозапад е островот Мемерт. На исток, одвоен со морските премини („гат“) Шлухт, Шпаниер и Нордернај, се наоѓа островот Нордернај. Помеѓу Борким и Јист се протега Кахелотплате, кој се развива од песочен брег во остров, додека западно од него тече источниот ракав на Емс. Делови од островот и Ваденското Море припаѓаат на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Дините на островот достигнуваат височина од околу 22 метри. Највисока дина е онаа каде се наоѓа Водокулата Јист со височина од 22,1 метар.[2]
Клима
[уреди | уреди извор]Климата на островот Јист е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.
Клима на Јист | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 4 | 5 | 7 | 11 | 14 | 17 | 20 | 20 | 17 | 13 | 8 | 5 | 11,8 |
Просечна температура (°C) | 2,5 | 3,5 | 5,0 | 9,5 | 12,0 | 15,0 | 17,5 | 18,0 | 15,0 | 11,0 | 6,5 | 3,5 | 9,9 |
Просечна минимална (°C) | 1 | 2 | 3 | 6 | 10 | 13 | 15 | 16 | 13 | 9 | 5 | 2 | 7,9 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 55 | 51 | 68 | 41 | 42 | 53 | 87 | 96 | 76 | 83 | 72 | 69 | 793 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 20 | 18 | 18 | 14 | 14 | 16 | 17 | 18 | 18 | 19 | 21 | 20 | 213 |
Влага (%) | 91 | 87 | 85 | 80 | 78 | 79 | 80 | 78 | 82 | 85 | 88 | 93 | 83,8 |
Сончеви часови (дневно) | 1,7 | 2,5 | 4,1 | 6,3 | 7,4 | 7,4 | 6,9 | 6,1 | 5,1 | 3,4 | 2,0 | 1,3 | 4,5 |
Извор: Klimatabelle auf wetter24.de, Klimatabelle auf tourlogger.de |
Придвижување на исток на островот
[уреди | уреди извор]Плажата и дините на Јист во западните дел се измивани од морето. Ова се случува поради промена на струите и нестабилниот песочен брег. Песокот на плажите на сите Источнофризиски Острови се движи од запад кон исток. Во делови, каде поголемиот дел од песокот е одвеан или одмиен од морето, плажата станува потесна и пониска, што може да доведе до рушење на дините. Овој ефект придонесува за источно придвижување на Источнофризиските Острови. Сите острови, освен Јист и Лангеог, се бранат со бетонски брани. На Јист бил подигнат заштитен ѕид во 1920 година, кој денес е покриен со песок.
Во некои делови на Јист, особено на исток и кај Калфамер, има повеќе песок донесено ветрот отколку однесено, поради што има широка плажа со зголемување на дините кон исток.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XVII и XVIII век, Јист бил поделен на два дела од неколку плимни бури (како Светипетрова поплава). Околу 1770 година, луѓето започнале на јужната страна да создаваат брана со дини долга два километри. Во 1928 година, северната страна била обновена. Во тоа време, водата во езерото Хамерзе станала од солена во слатка вода. На 9 септември 2001 година, граѓаните на Јист гласале за нивниот градоначалник по првпат.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Туризмот е главен извор на приходи за стопанството на островот. Скоро сите градби на островот поседуваат соби за издавање, а воедно постојат неколку хотели и младински хостел. Постои островско партнерство помеѓу Јист и островот Хидензе во Балтичкото Море.
Значајни луѓе
[уреди | уреди извор]- Мартин Лузерке (1880-1968) — прогресивен педагог
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Бањата во Јист
-
Поглед на пристаништето
-
Поглед на селото
-
Хотел во Јист
-
Водокулата
-
Светилник на Јист
-
Старите бањи
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Der Wasserturm von Juist“. Gemeinde- und Kurverwaltung Juist. Архивирано од изворникот на 2022-02-17. Посетено на 2019-09-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јист на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
|
|
|