[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Сојка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сојка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Врани
Род: Сојки
Вид: Сојка
Научен назив
Garrulus glandarius
(Linneaus, 1758)
Подвидови

33 (во 8 групи)

Сојката (науч. Garrulus glandarius) е вид птица која е распространета на огромен регион од западна Европа и северозападна Африка до Индија и понатаму до источниот брег на Азија и долу во југоисточна Азија. Во тој голем опсег има неколку форми (раси) кои еволуирале и се многу различни едни од други, особено ако се споредуваат птици од едниот до другиот крај на распространетоста. Сојката ја има и во Македонија.

Таксономија и систематизација

[уреди | уреди извор]
Типичен примерок од групата atricapillus во Израел

Сојката е еден од многуте видови опишани најпрво од Карл Лине во неговото дело од 18 век, Systema Naturae. Тој ја смести во семејството Corvidae, нарекувајќи ја Corvus glandarius.[2]

Осумте расни групи (33 подвида вкупно) се дефинирани од Маџ & Брн (1994):[3]

Garrulus glandarius brandtii
  • номинираната група (9 европски раси), со цуцулеста круна;
  • групата cervicalis (3 раси во Северна Африка), со грива кај тилот, сива мантија, многу светли страни на главата и цуцулеста или црна круна;
  • групата atricapillus (4 раси на Блискиот Исток, Крим и Турција), со споена мантија и тил, црна круна и многу светло лица;
  • hyrcanus расата во Иран, мали, со црна круна напред и широко назабена назад;
  • групата brandtii (4 раси во Сибир и северна Јапонија), со набраздена круна, црвеникава глава, темни очи и сива наметка;
  • групата leucotis (2 раси во југоисточна Азија), без бело на крилјата, со бело на предниот дел од круната, а црно на задниот и многу побела на страните од главата;
  • групата bispecularis (6 раси во регионот на Хималаите), без нацуцулена круна и без бело на крилјата;
  • групата japonicus (4 раси во јужните јапонски острови), со голема бела дамка на крилјата, црно лице и скалеста круна.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Сојките живеат во мешани шуми, особено сакаат дабови послани со многу желади. Последните години, сојките почнаа да се селат во урбаните средини, веројатно заради уништувањето на нивните природни средини.

Поведение

[уреди | уреди извор]
Звуци од сојка

Вообичаеното огласување на сојката е тревожен, груб, рапав крик кој го користи кога ќе забележи разни грабливи животни. Но, таа е позната по нејзината мимикрија и може да звучи како различни видови птици толку добро, што не може да се направи разлика. Ги имитира звуците дури и на грабливите птици што неа ја напаѓаат како планинската улулајка. Сојката ја ловат разни грабливки, како што се: бувот, ноќе и јастребот кокошкар и сивиот сокол во текот на денот.

Сојката се храни и на дрвјата и на земја. Конзумира широк спектар безрбетници, вклучувајќи и многу инсекти штетници, потоа желади (семето од даб, кое го закопува и чува за зима)[4], разни други семиња и плодови, но и пилиња од други птици, јајца и мали глодачи.

Размножување

[уреди | уреди извор]
Garrulus glandarius

Гнезди на дрвјата или во големи грмушки и несе 4–6 јајца кои се испилуваат по 16–19 дена, а се осамостојуваат по 21–23 дена. Двата родитела се грижат и ги хранат младенчињата.

  1. BirdLife International (2012). Garrulus glandarius. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 824.
  3. Madge, Steve and Hilary Burn Crows and Jays Helm Identification Guides ISBN 0-7136-3999-7 (although the text accompanying plate 11 states "some 35 races", the species account on page 95 states that 33 are recognised, and the sum of the numbers of races listed for each group is 33, indicating that the figure accompanying the plate is an error)
  4. Burton and Burton 2002, p. 2457.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]