Преработка од 03:30, 25 февруари 2021; направена од Bjankuloski06(разговор | придонеси)(→top: Замена со тековно име на предлошка, replaced: Infobox settlement AL → Инфокутија Место во Албанија)
Запод или Запот (албански: Zapod) — село и поранешна општина во Кукуш, североисточна Албанија, во традиционалната област Гора. Со реформата за самоуправа од 2015 година, Запод станал дел од општината Кукуш (Кукс).[1] Населението брои 2 217 жители Горанци, од кои според пописот од 2011 г. 79 % се изјасниле како Албанци, а 12 % како Македонци.[2] Меѓутоа, со оглед на тоа дека пописот не дозволуваше изјаснување на етничка припадност различна од онаа напишана во изводите за раѓање, се претпоставува дека бројката на Македонци е многу поголема.