Valve
Вид | Private |
---|---|
Дејност | Софтвер Интерактивна забава |
Основано | Kirkland, Washington, САД (1996) |
Основач | Gabe Newell Mike Harrington |
Седиште | , |
Клучни личности | Gabe Newell (Директор) |
Производи | Half-Life series Counter-Strike series Day of Defeat series Team Fortress series Left 4 Dead series Portal series Source Steam Valve Anti-Cheat |
Услуги | Valve Cyber Café Program |
Вк. капитал | US$2,5 billion (2012, estimated)[1] |
Вработени | ~400 (2012) |
Подружници | Valve S.a.r.l. |
Мреж. место | valvesoftware.com |
Valve Corporation (порано позната како Valve Software а и често позната како Valve) — американска компанија, произведувач на видеоигри како и дигитална дистрибуција со седиште во Bellevue, Washington, United States. Основата во 1996 од поранешни вработени на Microsoft Gabe Newell и Mike Harrington, Valve стана позната по своите критички признати Half-Life and Portal серии (првата игра направена во 1998). Исто така е добро позната по својата социјално-дистрибутивна мрежа Steam како и за создавање на нивниот погон за видео игри, кој се користи во секоја нивна игра од самотo негово претставување во 2004 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Valve е основана од страна на вработените во Microsoft - Gabe Newell и Mike Harrington на 24 август 1996 со седиште во Kirkland, Washington. Во април 2003, седиштето на компанија се префрла во Bellevue, Washington, истиот град во кој нивниот оригинален издавач, корпорацијата Sierra On-Line беше сместена.
По обезбедување на лиценцата за Quake погонот преку помош од пријател Michael Abrash од id Software во доцна 1996, Newell и Harrington започнаа со работа на Half-Life. Првично планираната дата за пуштање на играта беше кон крајот на 1997 но сепак Half-Life излезе на 19 ноември 1998. Valve ги придоби TF Software PTY Ltd, творците на Team Fortress mod за Quake, во мај 1998 со намера да се создава самостојна Team Fortress игра. Team Fortress Classic mod, покрај тоа, дел од оригиналниот Team Fortress мод за Quake беше направен и за Half-Life во 1999. Gearbox придонесе многу по објавувањето на Half-Life. Gearbox Software е одговорен за експанзиите на Half-Life, Half-Life: Opposing Force и Half-Life: Blue Shift, како и верзијата за конзола за Sega Dreamcast и Sony PlayStation 2 во која беше вклучена и третата експанзија Half-Life: Decay, што овозможи кооперативна игра таканаречен co-op.
По успехот на Half-Life,тимот работел на модови и продолженија,вклучувајќи ја и Half-Life 2.Сите актуелни игри на Valve се засновани на својот погон, поради кој бројните модови и експанзии успеаа. Компанијата има развиено шест серии на игри: Half-Life, Team Fortress, Portal, Counter-Strike, Left 4 Dead и Day of Defeat. Valve е позната по својата поддршка кон социјалната заедница на своите игри и тоа главно во Counter-Strike, Team Fortress, and Day of Defeat. Valve ја прекина оваа традиција за да продолжи со создавањето на Dota 2 како самостојно продолжение на Warcraft III. Секоја од овие игри произлегла од некој мод кој Valve го купил и го претворил во целосна игра. Тие, исто така, дистрибутираат модови за заедницата Steam.
Откако Valve премина во корпорација, таа се прошири во обем како и во комерцијална вредност. На 10 јануари 2008, Valve корпорацијата најавија купување на Turtle Rock Studios. На 8 април 2010, Valve победи на турнирот на The Escapist Magazine' за најдобар произведувач на игри за 2010 победувајќи ги Zynga во полуфиналето и BioWare во финалето.
Внатрешната мрежа на Valve беше двапати инфилтрирана од страна на хакери, еднаш во 2003 година каде што содржината која уште не беше излезена, односно Half-Life 2 се појави на интернет, и повторно во 2011 каде што мета беше клиентската база на Steam.
Игри
[уреди | уреди извор]Име | Година | Жанр | Платформа |
---|---|---|---|
Half-Life | 1998 | First-person shooter (FPS) | Windows, PlayStation 2, OS X, Linux |
Team Fortress Classic | 1999 | First-person shooter | Windows |
Half-Life: Opposing Force | 1999 | FPS Експанзија | Windows |
Deathmatch Classic | 2000 | First-person shooter | Windows |
Ricochet | 2000 | Акција (игри) | Windows |
Counter-Strike | 2000 | First-person shooter | Windows, Xbox, OS X, Linux |
Half-Life: Blue Shift | 2001 | FPS експанзија | Windows |
Half-Life: Decay | 2001 | FPS експанзија | PlayStation 2 |
Day of Defeat | 2003 | First-person shooter | Windows |
Counter-Strike: Condition Zero | 2004 | First-person shooter | Windows, Xbox, OS X, Linux |
Half-Life: Source | 2004 | First-person shooter | Windows |
Counter-Strike: Source | 2004 | First-person shooter | Windows, OS X, Linux |
Half-Life 2 | 2004 | First-person shooter | Windows, Xbox, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Half-Life 2: Deathmatch | 2004 | First-person shooter | Windows, OS X |
Half-Life Deathmatch: Source | 2005 | First-person shooter | Windows |
Day of Defeat: Source | 2005 | First-person shooter | Windows, OS X |
Half-Life 2: Lost Coast | 2005 | First-person shooter | Windows |
Half-Life 2: Episode One | 2006 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Half-Life 2: Episode Two | 2007 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Portal | 2007 | FPS загатки | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Team Fortress 2 | 2007 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X, Linux |
Left 4 Dead | 2008 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, OS X |
Left 4 Dead 2 | 2009 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, OS X |
Alien Swarm | 2010 | Птичја преспектива акција | Windows |
Portal 2 | 2011 | FPS загатка | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Counter-Strike: Global Offensive | 2012 | First-person shooter | Windows, Xbox 360, PlayStation 3, OS X |
Dota 2 | 2013 | Кооперативна игра | Windows, OS X |
Прекинати игри
[уреди | уреди извор]- The Crossing (преземена од страна на Arkane Studios)
- Prospero
- Return to Ravenholm (a.k.a. Half-Life 2: Episode Four)" (преземена од страна на Arkane Studios)
- Stars of Blood
- Fairy
Стим (Steam)
[уреди | уреди извор]Valve ја објави својата платформа за игри позната како Steam во 2002. Во тоа време платформата не се сметаше за голема конкуренција во семрежните игри, но подоцна се покажа како голема замена за тогаш големата платформа за игри World Opponent Network.
Valve покажа поддршка за некои од своите игри. На пример,Valve понуди значителни надградби за Team Fortress 2 вклучувајќи нови мапи, модови, дополнителни оружја, нови достигнувања, нова механика во играта но додавајќи и продавница во која се продаваат предмети во играта. Сите овие надградби, со исклучок на претходно споменатите предмети за во играта, се задолжителни и бесплатни.
Постојат повеќе од 1400 игри достапни на Steam, а во октомври Valve објави дека ја надминале бројката од 30 милиони активни кориснички сметки.
Steam конзола
[уреди | уреди извор]Valve работи со компјутерска компанија Xi3 со цел создавање на хардверски уред посветен на видео игрите наречен Piston, кој ќе биде во можност да се поврзе директно на телевизорите..
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјалната страна на Valve Корпорацијата
- Официјално мрежно место на Стим (Steam Publishers page)
- Официјалната Valve заедница
- ↑ Nick, Wingfield (September 8, 2012). „Game Maker Without a Rule Book“. The New York Times. Посетено на September 9, 2012.