DOM
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Модел на документ објектот (Document Object Model (DOM)) е претставување на HTML или XML документ во хиерархиска структура на дрво. DOM им овозможува на објект ориентираните апликациски програмски интерфејси да извршат парсирање на HTML или XML преку една добро дефинирана хиерархиска структура на дрво, како и оперирање со нивната содржина.
На почетокот биле имплементирани различни интерфејси на страната на web пребарувачите за манипулација со елементите во HTML документот со помош на JavaScript. Ова било сигнал за W3C (World Wide Web конзорциумот) да излезе со серија на стандардни спецификации кои го дефинираат W3C DOM објектот. W3C спецификациите се независни од платформата и јазикот.
Ваквата имплементација бара целата содржина на документот да биде парсирана и сместена во меморија. DOM е најдобро да се користи во апликации каде до елементите од документот треба да биде пристапено и/или со истите да биде манипулирано на непредвидлив начин во повеќе наврати. Ако апликацијата вклучува последователно или само едно читање на документот, DOM не е неопходен. Последователниот SAX модел има предности во ваквии случаи во смисла на брзината и помалите мемориски барања.
Levels (Нивоа)
W3C DOM спецификациите се поделени на нивоа, секое ниво се состои од неопходни и произволни модули. За да се тврди дека една апликација подржува одредено ниво, потребно е да бидат имплементирани неопходните модули од соодветното ниво и сите пониски нивоа. Апликацијата може да ги подржува и специфичните екстензии на некои производители доколку не се во конфликт со W3C стандардите. Од 2005, Ниво 1 и Ниво 2, како и некои модули од Ниво 3 стануваат W3C Препораки што значи дека тие го достигнале нивната крајна форма.
- Level 0
- Апликацијата подржува DOM, кој постоел пред креирањето на DOM Ниво 1. Тука се вклучени DHTML модел на објект како и Netscape DOM. Нивото 0 не е некоја формална спецификација дефинирана од страна на W3C ами го означува она што постоело пред да започне процесот на стандардизација.
- Level 1
- Навигација низ DOM (HTML и XML) документот (хиерархиска структура на дрво) и манипулација со содржината (што вклучува и додавање на елементи). Специфичните HTML елементи се исто така вклучени.
- Level 2
- Подржано е XML именувањето, филтрирани погледи и настани.
- Level 3
- Нивото 3 се состои од 6 различни спецификации:
- DOM Level 3 Основа;
- DOM Level 3 Load и Save;
- DOM Level 3 XPath;
- DOM Level 3 Погледи и Форматирање;
- DOM level 3 Барања; и
- DOM Level 3 Валидација, која понатаму го проширува DOM
Користење во веб пребарувачи
Бидејќи секој веб пребарувач ексклузивно си поддржува свој DOM, интероперабилните проблеми се огромни. Со цел да бидат cross-browser компатибилни, што значи, да се поддржуваат сите (или повеќето) пребарувачи, огромни делови од Dynamic HTML кодот треба да се препишува за секој пребарувач да биде поддржан.
Обичниот пак, едноставен DOM дава можност за огромно поедноставување на изработката на комплексни веб апликации. W3C DOM Level 1 сеуште е препорака од 1 Октомври, 1998. Стандардизациските напори не носат моментален напредок и промени, затоа што пребарувачите кои не можеа да ги пратат овие стандарди, како Internet Explorer 4.x и Netscape 4.x сеуште се користеа во 2000-та година. Од 2005-та големи делови од W3C DOM се солидно поддржани од основните JavaScript-оспособени веб пребарувачи, вклучувајќи ги Microsoft Internet Explorer (верзија 5 (1999) и верзија 6 (2001)), Gecko пребарувачи (како Mozilla и Firefox), Opera, Konqueror, и Safari. Веб девелоперите почнаа се повеќе или исклучиво да се потпираат на W3C DOM, бидејќи дозволува компатибилност помеѓу пребарувачите кои најмногу се користат.
Спецификации
- Document Object Model (DOM) Level 1 Спецификација
- Level 2 Препораки:
- Document Object Model (DOM) Level 2 Core Спецификација
- Document Object Model (DOM) Level 2 Views Спецификација
- Document Object Model (DOM) Level 2 Events Спецификација
- Document Object Model (DOM) Level 2 Style Спецификација
- Document Object Model (DOM) Level 2 Traversal and Range Спецификација
- Document Object Model (DOM) Level 2 HTML Спецификација
- Level 3 Препораки:
- Level 3: