Евдикоти
Евдикоти Период: рана креда - денес | |
---|---|
Градинарска јаглика (Primula hortensis) - пример за евдикот | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
Кладови | |
|
Евдикотите (евдикотиледони) се монофилетска група на цветни растенија. Поимот го смислиле биолозите Дојл и Хотон во 1991 г. како замена за поимите „триколпати“ и „немагннолиидни дикотиледони“ што се користеле дотогаш. Зборот е од грчко потекло и буквално значи „вистински дикотиледони“. Тука спаѓаат највеќето растенија што некогаш се сметале за дикотиледони и имаат типични дикотиледонски особини. Ова е еден од двата најголеми клада на скриеносеменици (опфаќа >70% сите скриеносеменици). Другиот клад се нарекува монокотиледони. Останатите дикотиледони се нарекуваат палеодикоти но овој поим не е насекаде прифатен и не се однесува на монофилетска група.
Голем дел од општопознатите растенија се евдикоти. Некои од нив се незаборавката, зелката, јаболкото, глуварчето, лутичето, јаворот и макадамијата.
Евдикотите се нарекуваат и триколпати. Ова име се однесува на составот на поленот. Триколпатните полени имаат три или повеќе пори сместени во браздички наречени колпи. За разлика од ова, највеќето други семени растенија (т.е. голосемениците, монокотиледоните и палеодикотиледоните) даваат моносулкатни полени, со по една пора сместена во поинаку ориентирана бразда наречена сулк. Некоои ботаничари го претпочитаат поимот „триколпати“ за да избегнат забуна со дикотиледони, кои се немоногилетична група[1].
Името евдикоти се користи во системот APG од 1998 и системот APG II од 2003 г. за класификација на скриеносемениците. Се применува на клад, a монофилетска група, каде припаѓаат највеќето (поранешни) дикотиледони.
Поделба
[уреди | уреди извор]Евдикотите можат да се поделат на две групи: базални и јадрени евдикоти.[2] Базалните евдикоти се неформален поим за парафилетска група. Јадрените евдикоти се монофилетска група.[3]
Според наодите од друго изучување, евдикотите можат да се поделат на два клада - Pentapetalae (каде влегуваат сите евдикоти освен Gunnerales) и Gunnerales.[4]
Pentapetalae понатаму се делат на три клада:
- (i) „надрозидни“ кладови составени од Rosidae, Vitaceae и Saxifragales (Каменоломковидните)
- (ii) „надастеридни“ кладови составени од Berberidopsidales, Santalales, Caryophyllales и Asteridae
- (iii) Dilleniaceae - дилении
Во рамките на јадрените евдикоти, најголеми групи се „розидите“ (јадрена група со претставката „ев−“) и „астеридите“ (јадрена група со претставката „ев−“).
- евдикоти :
- јадрени евдикоти :
Во секој клад има некои несместени фамилии и редови (несместените родови не се споменуваат):
- клад евдикоти
- фамилија Buxaceae - зеленики [+ фамилијата Didymelaceae]
- фамилија Sabiaceae - сабии
- фамилија Trochodendraceae - троходендрони [+ фамилија Tetracentraceae - четиримамузи]
- ред Ranunculales - лутиковидни
- ред Proteales - сребрениковидни
- клад јадрени евдикоти
- фамилија Aextoxicaceae - екстоксики
- фамилија Berberidopsidaceae - берберидопсиди
- фамилија Dilleniaceae - дилении
- ред Gunnerales - гунеровидни
- ред Caryophyllales - каранфиловидни
- ред Saxifragales - каменоломковидни
- ред Santalales - сандаловидни
- клад розиди
- фамилија Aphloiaceae - афлои
- фамилија Geissolomataceae - гејсоломи
- фамилија Ixerbaceae - иксерби
- фамилија Picramniaceae - пикрамнии
- фамилија Strassburgeriaceae - стразбургерии
- фамилија Vitaceae - лози
- ред Crossosomatales - крососомовидни
- ред Geraniales - здравцовидни
- ред Myrtales - миртовидни
- клад еврозиди I
- фамилија Zygophyllaceae [+ фамилија Krameriaceae]
- фамилија Huaceae - хуи
- ред Celastrales - куриковидни
- ред Malpighiales - малпигиовидни
- ред Oxalidales - киселовидни
- ред Fabales - пеперуговидни
- ред Rosales - розовидни
- ред Cucurbitales - тиквовидни
- ред Fagales - буковидни
- клад еврозиди II
- фамилија Tapisciaceae
- ред Brassicales - зелковидни
- ред Malvales - слезовидни
- ред Sapindales - сапуновидни
- клад астериди
- клад евастериди I
- фамилија Boraginaceae - лисичинки
- фамилија Icacinaceae - икацини
- фамилија Oncothecaceae - онкотеки
- фамилија Vahliaceae - валии
- ред Garryales - гариовидни
- ред Solanales - зрновидни
- ред Gentianales - линцуровидни
- ред Lamiales - мртвокопривовидни
- клад евастериди II
- фамилија Bruniaceae - брунии
- фамилија Columelliaceae - столпчести [+ фамилија Desfontainiaceae - дефонтении]
- фамилија Eremosynaceae - еремосини
- фамилија Escalloniaceae - ескалонии
- фамилија Paracryphiaceae - паракрифии
- фамилија Polyosmaceae - многумирисн
- фамилија Sphenostemonacae - клинопрашници
- фамилија Tribelaceae - трибели
- ред Aquifoliales - божиковиновидни
- ред Apiales - штитовидни
- ред Dipsacales - чешленковидни
- ред Asterales - астеровидни
Белешка : „ + ....“ = незадолжително, како сегрегат од претходната фамилија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (Judd & Olmstead 2004)
- ↑ Worberg A, Quandt D, Barniske A-M, Löhne C, Hilu KW, Borsch T (2007) Phylogeny of basal eudicots: insights from non-coding and rapidly evolving DNA. Organisms, Diversity and Evolution 7 (1), 55-77.
- ↑ Douglas E. Soltis, Pamela S. Soltis, Peter K. Endress, and Mark W. Chase. Phylogeny and Evolution of Angiosperms. Sinauer Associates: Sunderland, MA, USA. (2005).
- ↑ Moore MJ, Soltis PS, Bell CD, Burleigh JG, Soltis DE (2010) Phylogenetic analysis of 83 plastid genes further resolves the early diversification of eudicots. Proc Natl Acad Sci USA
- Doyle, J. A. & Hotton, C. L. Diversification of early angiosperm pollen in a cladistic context. стр. 169-195 in Pollen and Spores. Patterns of Diversification (eds Blackmore, S. & Barnes, S. H.) (Clarendon, Oxford, 1991).
- Walter S. Judd and Richard G. Olmstead (2004). „A survey of tricolpate (eudicot) phylogenetic relationships“. American Journal of Botany. 91: 1627–1644. doi:10.3732/ajb.91.10.1627. (полн текст Архивирано на 8 август 2009 г. )
- Евдикоти во Стивенс, П. Ф. (2001-). Филогенија на скриеносемениците. Верзија 7, мај 2006 (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Евдикоти“ на Ризницата ? |
- Евдикоти Архивирано на 24 јуни 2013 г. - проект „Дрво на животот“ (англиски)
- Дикотиледони Архивирано на 24 февруари 2015 г. - „Облици на растителен живот“ (англиски)