Динара
Динара Dinara | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.913 м [1] |
Истакнатост | 728 м |
Заведена како | државен првенец |
Географија | |
Место | Хрватска / БиХ |
Матичен венец | Динариди |
Динара (хрватски: Dinara) — планина на границата помеѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, по која е наречен целиот венец Динариди. Има два значајни врва: Троглав (1.913 м) и истиомениот врв Динара (1.831 м).[2] Второнаведениот врв е највисок во Хрватска и има облик на камена човечка глава. Топографската истакнатост му изнесува 728 м.[3]
Самото име „Динара“ е од келтско потекло. Има варовнички карстен состев како и целиот венец наречен по неа.
Големина
[уреди | уреди извор]Динара се протега од превојот Дерала (965 м) на северозапад до превојот Привија (1.230 м), кој се наоѓа 20 км на југоисток, кајшто почнува планината Камешница. Широка е до 10 км.
Клима
[уреди | уреди извор]Динара е оддалечена само неколку десетици километри од Јадранското Море, како дел од областа Загора во Далмација, но има многу постудена планинска клима, Со просечна температура од 2 до 4 °C на врвовите, ова е меѓу најстудените места во Хрватска.[4] Има високи просечни врнежи и 1.700-1.900 сончеви часови годишно.[5]
На самата планина нема трајни населби, само бачила на овчарите од блиската долина на реката Цетина.
Туризам
[уреди | уреди извор]За најпривлечен дел од планината се смета југозападниот масив, долг 6 км и висок до 1700 метри. Погледот на долините под планината е живописен, но нема значаен број на планинари. Исклучок е врвот Ошљак (1.706 м).
Фауна
[уреди | уреди извор]На Динара живее загрозениот ендемски подвид на глодач — динарската високопланинска полјанка (Dolomys bogdanovi longipedis).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Динара“ на Ризницата ? |
- ↑ Највисок врв на планината е Троглав во Босна и Херцеговина, но не е највисок во земјата. Истоимениот врв Динара е највисокиот во Хрватска.
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г, стр. 42
- ↑ Динара — Peakbagger (англиски)
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 36
- ↑ Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г., стр. 37
- Острошки, Лилјана, уред. (декември 2013). „Статистички годишник на Република Хрватска за 2013 г.“ (PDF). Статистички годишник на Република Хрватска. Загреб: Државен завод за статистика. 45. ISSN 1334-0638. Посетено на 17 февруари 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Динара — SummitPost (англиски)
|
|