[go: up one dir, main page]

ITU – T ( ВОВЕД )

уреди

Телекомуникацискиот сектор за стандардизација ( ITU - T ) ги координира стандардите за телекомуникација во име на Интернационалната телекомуникациска унија ( ITU ) основана во Женева, Швајцарија.

Работата со стандардизација на ITU датира од 1865 год со раѓањето на Интернационалната телеграфска унија. Во 1947 год постана специјализирана агенција на Обединетите Нации, и меѓународниот телеграфски и телефонски комитет за консултација ( CCITT ) беше создаден во 1956. Беше преименуван во ITU – T во 1993 година.[1]

ITU беше меѓувладина јавно – приватна партнерска организација се од нејзиниот почеток, а сега има членство од 191 земја и повеќе од 700 јавни и приватни компании, како и регионални и меѓународни телекомуникациски единки познати како Сектор на членови и соработници кои преземаат голем дел на работата од секторот.[2]

ПРИМАРНА ФУНЦИЈА

уреди

Мисијата на ITU – T е да осигура ефикасност и непрестајна продукција на стандарди кои ги покриваат сите области на телекомуникациите на светско ниво, како и дефинирање на тарифни и сметководствени принципи за меѓународните телекомуникациски услуги.[3]

Интернационалните стандарди продуцирани од ITU – T се наведени како „Препораки“ (зборот е обележан со голема буква за да се воочи разликата со значењето на вообичаениот збор „препорака“) и чекаат да станат задолжителни кога ќе се прифатат како дел од националното законодавство.[4]

Откако ITU–T е дел од ITU, која е специјализирана агенција на ООН, неговите стандарди носат повеќе формална интернационална тежина од стандардите создадени од другите организации за развој, кои објавуват техничка спецификација со слична форма.

ИСТОРИЈА

уреди

Иако ITU датира од 1865 год [5] процесите за формална стандардизација се од неодамна.

Две консултантски комисии се создадени од страна на Париската конференција на ITU во 1925 год за да се справат со комплексноста на интернационалните телефонски сервиси (познати како CCIF, според Францускиот акроним) и телеграфијата на долги дистанци (CCIT).[6]

Во поглед на основната сличност на многуте технички проблеми соочени од CCIF и CCIT во 1956 год е донесена одлука тие да се спојат во една меѓународна телеграфска и телефонска консултантска комисија ( CCITT ).[6]

Во 1992 год ополномоштената конференција (најполитички ориентираната конференција на ITU) виде реформа на ITU давајќи и повеќе флексибилност да се адаптира на голема, комплексна, интерактивна и конкурентна средина. Во ова време CCITT беше преименувана во телекомуникациски сектор за стандардизација ( ITU–T), како еден од трите области на унијата заедно со радиокомуникацискиот сектор ( ITU–R) и секторот за развој на телекомуникациите ( ITU–D).[7]

Историски гледано Препораките на CCITT беа презентирани на седница пред четиригодишните собранија за одобрување, а целосниот список со Препораките беше објавувана после секоја седница. Сепак одложувањето на производството на текстови и нивното преведување во други работни јазици не одговараат на брзото темпо на промени во телекомуникациската индустрија.[8]

СТАНДАРДИЗАЦИЈА ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

уреди

Равојот на личните сметачи уште од 1980 год создаваше взаемна пракса меѓу корисниците и бизнисите усвојувајќи ја таканаречената „крвав раб“ технологија на комуницирање иако тоа сè уште не беше стандардизирано. Овие организации за стандардизација мораја да ги туркаат напред стандардите многу побрзо или да се соочат со фактот да се ратификуваат.

Сега ITU–T оперира под повеќе рационализирани процеси. Времето помеѓу почетен предлог на нацртен документ од компанија членка и крајното одобрување на целосна ITU-T Препорака е кратко и се состои од неколку месеци (или помалку во некои случаи). Ова ги прави процесите на стандардизација повеќе флексибилни на потребите од брзиот развој на технологијата отколку како што беше вообичаено да се прави во минатото.<.[9] Новите и обновени Препораки се објавуваат речиси секојдневно, а поголемиот дел од библиотеката над 3270 Препораки е достпна онлајн бесплатно.[10][11][12] (Заедничките спецификации на ITU-T и ISO/IEC не се бесплатни.[13])

ITU–T се обиде да ја олесни соработката помеѓу многуте форуми и организациите за стандардизација (SDOs). Оваа соработка е неопходна за да се избегне дуплирање на работата и како последователниот ризик од конфликтни стандарди на пазарот.[14]

Во полето на стандардизација, ITU-T соработува со други организации за стандардизација, на пример, Интернационалната Организација за Стандардизација (ISO) и Оперативната Групација за Интернет Инженерство (IETF).[15]

РАЗВОЈ НА ПРЕПОРАКИ

уреди

Најголемиот дел од работата на ITU-T се извршува од членовите на секторот и соработниците, додека Бирото за Телекомуникациска Стандарадизација (TSB) е извршната рака на ITU-T и координатор на број работилници и семинари кои помагаат во развојот на постоечките работни области и истражување на нови. Настаните покриваат широка област на теми во полето на информацијата и комуникациските технологии (ICT) и привлекуваат високорангирани експерти како портпароли и посетители од инженери до високо рангирани менаџери од сите индустриски сектори.[16]

Техничката работа, развојот на Препораките, на ITU-T се одвива од страна на Студиски Групи (SGs). Луѓето вклучени во овие групи се експерти за телекомуникации низ целиот свет. Моментално постојат 13 вакви групи. Групите се среќаваат очи во очи според календар издаден од Бирото за Телекомуникациска Стандардизација.[17] Студиските групи се зголемени од Фокус Групи (FGs), помагало создадено од ITU-T, овозможувајќи начин за брза реакција за потребите на ICT Стандардизацијата и дозволувајќи голема флексибилност во однос на членовите и работните методи. Клучната разлика помеѓу Студиските и Фокус групите е тоа што вторите имаат поголема слобода во сопственото организирање и финансирање, и дозволуваат на останати лица кои не се членови да учествуваат. Фокус групите лесно се создаваат, имаат краток век на постоење и можат да си изберат сопствени методи за работа, финансирање, водење и типови на испорака.[18] Скорешни примери вклучуваат работа на Вмрежувањето од Новата Генерација, Телевизија по Интернет Протоколи (IPTV) и управување со дигитален идентитет.[19]

ОДОБРУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИ

уреди

„Процес за споредно одобрување“ (AAP) е процедура за одобрување по брза постапка која беше развиена да дозволи стандардите да бидат објавени на пазарот во временски период што индустријата го побарува.

Овој драматичен ремонт на создавањето стандарди со насочување на процедурите за одобрување беше воведен во 2001 г. и е проценето дека го скратил времето вклучено во овој критичен аспект на процесот на стандардизација од 80 до 90%. Ова значи дека просечен стандард кој одземал околу четири години, да биде одобрен и објавен во средината на деведесеттите, и две години за да биде објавен во 1997 г., сега може да биде одобрен во просек за 2 месеци или уште помалку до 5 недели.

Покрај насочувањето на клучните процедури вклучени во процесот за одобрување, важен придонесувачки фактор за употребата на AAP е справувањето со електронски документи. Штом процесот за одобрување е почнат, остатокот од процесот може да биде довршен електронски, во огромното мнозинство на случаи, без понатамошни физички средби.

Воведот во “ААР” исто така го формализира јавно/приватното партнерство во процесот за одобрување обезбедувајќи еднакви можности и за членовите на секторот и за земјите-членки во одобрувањето на техничките стандарди.

Штом текст од нацрт на Препорака , подготвен од експерти на студиските групи, се смета за зрел, се доставува на состаноците на студиските групи за преглед. Ако се одобри на состанокот, му се доделува документ за согласност. Ова значи дека студиската група дала согласност дека текстот е доволно зрел за да предизвика процес на краен преглед кој ќе води до одобрување на нацрт Препораката.[20]

Откако оваа согласност се достигнала, Бирото објавува старт на “AAP” процедурата со објавување на нацрт текстот на мрежната страница на ITU-T, барајќи коментари. Тоа им дава можност на сите членови да го прегледаат текстот. Оваа фаза наречена „Последен Повик“ е четиринеделен период во кој коментарите можат да бидат доставувани од страна на членовите на секторот и земјите членки.

Ако освен редакциски поправки, други коментари не се примени, Препораката се смета за одобрена бидејќи не се пронајдени проблеми кои побаруваат дополнителна работа. Иако постојат коментари, претседателот на студиската група во консултација со Бирото поставуваат процес на резолуција на коментари од засегнатите експерти. Прегледаниот текст потоа е поставен на страна за дополнителен преглед во период од три недели.

Слично на фазата „Последен Повик“, во дополнителниот преглед , Препораката се смета за одобрена ако дополнителни коментари не се примени. Ако коментари се примени, тоа покажува дека постојат проблеми кои сè уште побаруваат работа па нацрт текстот и сите коментари се праќаат на следниот состанок на студиската група за понатамошна дискусија со можност за одобрување.

Тие Препораки се смета дека имаат политика или регулаторни импликации се одобрени според тоа што е познато како „Процес на Традиционално Одобрување“ (ТАР), кој овозможува подолг период за рефлексија и коментирање од земјите-членки. ТАР Препораките се исто така преведени во шест работни јазици на ITU (Арапски, Кинески, Руски, Англиски, Шпрански, Француски).[21]

СЕРИИ И ПРЕПОРАКИ

уреди

ITU-T Препораките се имињата дадени на телекомуникациите и документите за спецификација на компјутерските протоколи објавени од ITU-T.

Многу од Препораките кои дефинираат OSI се и ISO стандарди.

Стандарди за интернет протоколи вообичаено се развиваат од IETF, и стандардите за системите на мобилните телефони се развиваат од ETSI и други форуми.

СЕРИИ ОД ITU ПРЕПОРАКИ

уреди

ITU-T објавува Препораки со имиња како X.500, каде што X е серијата а 500 е идентификацискиот број. Кога Препораката е обновена, (најчесто) ќе го зачува истиот број т.ш. годината на издавање може да биде потребна за да се идентификува специфична верзија на Препораката. Поимот „Х.500“ е користен за да ја означи Х.500 Препораката, и за целата фамилија на Препораки под името Х.5хх каде што специфични форми на Х.500 Препораки се претставени и прегледани во табелата.

Серии Опис
A Организација на работата на ITU-T
B Значење на изразувањето: дефиниции, симболи, класификации
C Генерални телекомуникациски статистики
D Генерални тарифни принципи
E Севкупни мрежни операциии, телефонски сервиси, операциски услуги и човечки фактори
F Нетелефонски телекомуникациски услуги
G Системи за пренос и медиа, дигитални системи и мрежи
H Аудиовизуелни и мултимедијални системи
I Интегрирани сервиси за дигитални мрежи
J Кабловски мрежи и трансмисија на телевизија, музичка програма и други мултимедијални сигнали
K Заштита од преклопување
L Конструкција, инсталација и заштита на кабли и други елементи од надворешни поставувања
M Телекомуникациски менаџмент вклучувајќи TMN и одржување на мрежата
N Одржување: интернационална музичка програма и телевизиски кругови на трансмисија
O Спецификации на мерни инструменти
P Квалитет на телефонска трансмисија, телефонска инсталација и локални мрежи
Q Прииклучување и сигнализирање
R Телеграфска трансмисија
S Телеграфски сервиси и терминална опрема
T Tерминали за телематски сервиси
U Телеграфско префрлање
V Комуникација на податоци врз телефонска мрежа
X Податочни мрежи, отворени системи за комуникација и безбедност
Y Глобална информациска инфраструктура, аспекти на интернет протокол и следна генерација на мрежи
Z Јазици и аспекти за глобален софтвер на телекомуникациски системи

G серии на Препораки

уреди

Системи за трансмисија и медиа, дигитални системи и мрежи

уреди
Спецификациски опсег Тип на спецификација
G.100 - G.199 Интернационални телефонски врски и кола
G.200 - G.299 Главни заеднички одлики на сите аналогни методи на трансмисионитесистеми
G.300 - G.399 Поединечни одлики на интернационалните методи на телефонски системи на метални линии
G.400 - G.449 Главни одлики на интернационалните методи на телефонски системи на радио пренос или сателитски линков и внатрешно поврзување со метални линии
G.450 - G.499 Координација на радио телефонските врски и телефонските линии
G.600 - G.699 Медиа трансмисија и одлики на оптичките системи
G.700 - G.799 Опрема за дигитален терминал
G.800 - G.899 Дигитални мрежи
G.900 - G.999 Дигитални оддели и дигитално линеарни системи
G.1000 - G.1999 Квалитет на услугата и изведбата - генерички аспекти и аспекти поврзани со корисникот
G.6000 - G.6999 Одлики на медиа преносот
G.7000 - G.7999 Податоците над транспортот - генерички аспекти
G.8000 - G.8999 Пакетите над транспортните аспекти
G.8000 - G.8099 Етернетот над транспортнине аспекти
G.8100 - G.8199 MPLS над транспортнине аспекти
G.8200 - G.8299 Квалитет и достапни цели
G.8600 - G.8699 Сервис менаџмент
G.9000 - G.9999 Мрежи за достап

Y серии на Препораки

уреди

Глобална инфраструктура на информации, аспекти на интернет протокол и следната генерација на мрежи

уреди
Спецификациски опсег Тип на спецификација
ГЛОБАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА НА ИНФОРМАЦИЈАТА
Y.100–Y.199 Општа
Y.200–Y.299 Услуги, апликации и врска на луѓето и нивните апликации
Y.300–Y.399 Мрежни аспекти
Y.400–Y.499 Интерфејси и протоколи
Y.500–Y.599 Подредување, адресирање и именување
Y.600–Y.699 Операции, управување и одржување
Y.700–Y.799 Безбедност
Y.800–Y.899 Изведби
АСПЕКТИ НА ИНТЕРНЕТ ПРОТОКОЛ
Y.1000–Y.1099 Општа
Y.1100–Y.1199 Услуги и апликации
Y.1200–Y.1299 Архитектура, достап, можности на мрежата и менаџмент на ресурси
Y.1300–Y.1399 Транспорт
Y.1400–Y.1499 Внатрешно работење
Y.1500–Y.1599 Квалитет на сервисите и мрежна изведба
Y.1600–Y.1699 Сигнализирање
Y.1700–Y.1799 Операции, администрација и одржување
Y.1800–Y.1899 Полнење
СЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА НА МРЕЖИ
Y.2000–Y.2099 Рамки и функционални модели на архитектури
Y.2100–Y.2199 Квалитет на услугите и нивна изведба
Y.2200–Y.2249 Услужни аспекти: Можности и архитектура на услугите
Y.2250–Y.2299 Услужни аспекти: Својство на заедничка работа на услугите на мрежите во NGN
Y.2300–Y.2399 Подредување, именување и адресирање
Y.2400–Y.2499 Менаџмент на мрежите
Y.2500–Y.2599 Контрола на мрежните архитектури и протоколи
Y.2700–Y.2799 Безбедност
Y.2800–Y.2899 Генерализирана подвижност

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ РЕГУЛАТИВИ

уреди

Во прилог на ITU-T Препораките, кои немаат статус за мандат сè додека не се усвојат во некој од националните закони, ITU е исто така и чувар на меѓународниот обврзувачки договор на Интернационалните Телекомуникациски Регулативи.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ПРОПИСИ (ITRs)

уреди

Во продолжение со ITU-T Препораките, оние кои имаат незадолжителен статус сè додека не се присвојат кон националните закони, ITU-T е и заштитник на задолжителниот интернационален договор, Интернационалните Телекомуникациски Прописи. Прописите датираат од раните денови на ITU кога имало две одделни договори, однесувајќи се на телеграф и телефон. Прописите беа присвоени , како единствен договор, на Светската Административна Телеграфска и Телефонска Конференција одржана во Мелбурн во 1988 (WATCC-88).[22] Во сооднос со сегашниот Пропис и Конвенција на ITU, прописите можат да бидат изменети на Светска Конференција на Интернационални Телекомуникации (WCIT), а следната е закажана за 2012 година. Пред тоа процесот за преглед од страна на Интернационалните Телекомуникациски Прописи, кој започна во 1998, ќе продолжи.[23] Интернационалните Телекомуникациски Прописи вклучуваат десет членови кои се однесуваат, меѓудруго, на дефинирањето на меѓународните телекомуникациски сервиси, соработка помеѓу држави и национални администрации, безбедност на животот и предност на телекомуникациите и таксирање и книговотство на начела. Усвојувањето на Интернационалните Телекомуникациски Прописи во 1988 година е често земено како почеток на процесот на широка либерализација на интернационалните телекомуникации, иако некои држави меѓу кои САД и Обенинетото Кралство, направиле чекори за либерализација на нивните пазари пред 1988 година.[24]

КЛУЧНИ СТАНДАРДИ ОБЈАВЕНИ ОД ITU

уреди
  • ASN.1 (Абстрактна Синтаксна Нотација еден)
  • Кодирање на аудио G.711 и G.72x серии
  • Кодирање на фотографии JPEG T.80 и JPEG 2000 T.800 серии
  • Кодирање на видео H.262/MPEG2-Video и H.264/MPEG-4 AVC
  • Конструкција, инсталација и заштита на кабли и други елементи од надворешно поставување, L-серии
  • Податочна комуникација преку телефонска мрежа, V-серии
  • Факс стандарди T.2 – T.4, T.30, T.37, T.38
  • G.hn (Следна генерација на мрежно поврзување преку далноводи, телефонски линии и коаксијални кабли)
  • H.323 фамилија на стандарди за мултимедија и VoIP
  • Стапка на усгласување за интерврска, D-серии
  • Меѓународна предност на итна шема E.106
  • IMSI кодови користени во сим картичките E.212
  • ISDN и PSTN/3G ситеми за видео конференција, H.320 и H.324
  • ISDN (Интегрирани сервиси за дигитална мрежа) Q.931
  • Отворена системска интерврска
  • Оптичка Транспорна Мрежа (OTN) G.709, G.798
  • Пасивни Оптички Мрежи (PON) G.983, G.984, G.987
  • Јавен инфраструктурен клуч (PKI) X.509
  • Јавен набројувачки телекомуникациски план, E.164
  • Сигурносна рамка X.805
  • Сигнализирачки Системи 7 Q.7xx series
  • Стандарди поврзани до Квалитетот на Сервисот (QoS)
  • Спецификации и јазик за дообјанување
  • Синхрона Дигитална Хиерархија(SDH) G.707 – G.803
  • Браново должинска поделба - мултиплексирање(WDM)
  • X.25
  • (x)DSL (Дигитално Описна Линија) серија од стандарди за широкопојасни телекомуникации

БИТНИ ТЕМИ

уреди
  • ITU-T е посветена на "премостување на јазот стандардизација" - разлики во способноста на земјите во развој во однос на оние поврзаните за пристап, имплементација, придонес за влијание врз интернационалните ИКТ стандарди.
  • ИКТ стандардната сигурносна карта е развиена за да помага во развитокот на сигурносните стандарди со донесување на заедничка информација за постоечката работа на стандардите во организациите за развој на клучните стандарди.
  • Концептот на следната генерација на мрежи ја зема предвид новата реалност во телекомуникациската индустрија окарактеризирана со фактори како што се: потребата за претворање и оптимизација на оперативните мрежи и извонредната ескпанзија на дигитален сообраќај(односно, зголeмување на побарувачката на мултимедијални сервиси, подвижност итн.)

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име За ITU.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ITU.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ITU-T and TSB General Information.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име http://www.apdip.net/publications/iespprimers/eprimer-igov.pdf.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Нешто повеќе за ITU.
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име a b http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf.
  8. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CCITT - 50 YEARS OF EXCELLENCE - 1956-2006.
  9. http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p16)
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ITU-T Standards now freely available online.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Telecom Standards Newsletter, September 1 2007, Free access for all to ITU-T standards.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Free access for all to ITU-T standards.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ITU-T Recommendations overview.
  14. http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p17)
  15. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s10)
  16. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s13-16), http://www.itu.int/ITU-T/info/tsb/info.html
  17. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s16), http://www.itu.int/ITU-T/studygroups/index.html
  18. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s23-24), http://www.itu.int/ITU-T/focusgroups/index.html
  19. ITU Telecommunication Standardization Sector (ITU-T) - Focus Groups
  20. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s28-29), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
  21. http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s27), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
  22. http://www.itu.int/ITU-T/itr/files/ITR-e.doc
  23. ITU-T - Review of the International Telecommunication Regulations (ITRs)
  24. http://www.itu.int/osg/spu/stratpol/ITRs/auth/itr-03.doc
  1. ^ За ITU Архивирано на 12 јануари 2010 г.
  2. ^ ITU Архивирано на 15 јули 2009 г.
  3. ^ ITU-T and TSB General Information
  4. ^ http://www.apdip.net/publications/iespprimers/eprimer-igov.pdf (p13)
  5. ^ Нешто за ITU Архивирано на 6 февруари 2010 г.
  6. ^ a b http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p8)
  7. ^ http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p14)
  8. ^ CCITT - 50 YEARS OF EXCELLENCE - 1956-2006
  9. ^http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p16)
  10. ^ ITU-T Standards now freely available online Архивирано на 17 мај 2009 г.
  11. ^ Telecom Standards Newsletter, September 1 2007, Free access for all to ITU-T standards Архивирано на 4 ноември 2012 г.
  12. ^ Free access for all to ITU-T standards Архивирано на 13 септември 2010 г.
  13. ^ ITU-T Recommendations overview
  14. ^ http://www.itu.int/ITU-T/50/docs/ITU-T_50.pdf (p17)
  15. ^ http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s10)
  16. ^ http://www.itu.int/dms_pub/ihttp://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0tu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf[мртва врска] (s13-16), http://www.itu.int/ITU-T/info/tsb/info.html
  17. ^ http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s16), http://www.itu.int/ITU-T/studygroups/index.html
  18. ^ http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s23-24), http://www.itu.int/ITU-T/focusgroups/index.html
  19. ^ ITU Telecommunication Standardization Sector (ITU-T) - Focus Groups
  20. ^ http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s28-29), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
  21. ^ http://www.itu.int/dms_pub/itu-t/oth/0A/0F/T0A0F0000090001PDFE.pdf (s27), http://www.itu.int/ITU-T/e-flash/022-jan06.html
  22. ^ http://www.itu.int/ITU-T/itr/files/ITR-e.doc
  23. ^ ITU-T - Review of the International Telecommunication Regulations (ITRs)
  24. ^ http://www.itu.int/osg/spu/stratpol/ITRs/auth/itr-03.doc